Organisation pour la sécurité et la coopération en Europe (OSCE) · book

Book of legal issues from the practice of the Basic Criminal Court Skopje (2013-2019)

OSCE
Voir le document original

Le texte intégral est hébergé par l’organisation qui le publie. lawenc.com indexe les métadonnées et renvoie vers la source officielle.

Texte intégral

ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

2013 - 2019

дополнети со практиката на Европскиот суд за човекови права

мај, 2020 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Редакциски одбор: д-р Мирјана Лазарова Трајковска – судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права Илија Трпков – судија на Основниот кривичен суд Скопје Фанка Јанчулева Михаиловска– судија на Основниот кривичен суд Скопје

Уредник: Ана Новакова Жикова – Национален офицер за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Тираж: 150 примерока

Печати: Полиестердеј, Скопје

Поддржано од:

Содржината на ова издание не секогаш ги одразува погледите или ставовите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

2| ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Содржина: Користени кратенки: . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .| 4

Наместо вовед . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .| 5

1. Начела и законски изрази . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .| 7

2. Субјекти . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 15

3. Процесни дејствија . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 24

4.Процесни мерки и дејствија за обезбедување на лица и докази. . | 35

5. Претходна постапка и обвинување . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 40

6. Главна расправа и пресуда . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .| 41

7. Правни лекови . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 60

8. Забрзани постапки . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 62

9. Посебни постапки . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 64

Анекс 1 . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . | 70

|3 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Користени кратенки:

ОКС Скопје - Основен кривичен суд Скопје АС Скопје - Апелационен суд Скопје ВСРСМ - Врховен суд на Република Северна Македонија ЕКЧП - Европска конвенција за човековите права ЕСЧП - Европски суд за човековите права ЈО - јавен обвинител ОЈО Скопје - Основно јавно обвинителство Скопје МВР - Министерство за внатрешни работи ЗКП - Закон за кривичната постапка КЗ - Кривичен законик

4| ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Наместо Вовед Правната сигурност како едно од основните начела на нашиот правен систем, својата практична реализација ја има во воедначеното постапување на судовите при примената на позитивните законски прописи. Судската практика не претставува формален извор на правото, но со силината на аргументите и авторитетот на судовите кои ги изразуваат своите правни сфаќања при толкувањето на правните норми, е прифатена од страна на судовите и на тој начин станува неформален извор на правото кој се применува во практиката.1 Во 2019 година на иницијатива на Основниот кривичен суд Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поддржа реализацијата на низа проектни активности насочени кон воедначена примена на Законот за кривичната постапка. Во блиска соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судиите, Основниот кривичен суд Скопје оддржа неколку дебати од кои произлегоа практични заклучоци и препораки за различни процесни аспекти на кривичната постапка. Воочувајќи ја потребата од дополнителни алатки кои би им помогнале на судиите во нивното секојдневно постапување, редакцискиот одбор на публикацијата која ја имате пред Вас, направи скромен избор на актуелни правни прашања од кривично процесната материја. Важно е да се напомене дека публикацијата е прва во смисла на збирно прикажување на практиката на еден основен суд. Од тој аспект, истата треба да се гледа како еден иницијален чекор и доколку најде позитивна примена во работата на судиите, во иднина може да се надградува и збогатува како збирка на судски одлуки. Публикацијата се однесува на потврдени, укинати или преиначени одлуки само на Основниот кривичен суд Скопје2 донесени во периодот од 2013 до 2019 година, односно од отпочнувањето со примена на Законот за кривичната постапка од 2010 година.3

1 Primjena pravnih nacela u odlukama Vrhovnog suda Republike Hrvatske, Dr.sc. Jadranko Jug, 2014 2 За потребите на публикацијата секаде се користи новото име – Основен кривичен суд Скопје, освен во дел од оргинално цитираните одлуки каде е оставен стариот назив - Основен суд Скопје 1 – Скопје. 3 Закон за кривичната постапка, Службен весник бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018

|5 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Концепт, методолошка поставеност и цел на публикацијата: Во насока на следење на текот на кривичната постапка, концепциски сентенците се систематизирани во 10 поглавја, следејќи ги Одделите и Третиот дел од ЗКП. Водејќи се од потребата за согледување на правните прашања во целина, редакцискиот одбор користеше комплементарен методолошки пристап вклучувајќи: y Издвојување на правното прашање, референтниот(те) член(ови) од ЗКП и конкретната сентенца; y Извадок од аргументацијата дадена во одлуката на Основниот кривичен суд Скопје; y Извадок од аргументацијата дадена во одлуката на Апелациониот суд Скопје со која се потврдува одлуката на Основниот кривичен суд Скопје; y Референтна практика на Европскиот суд за човекови права во однос на конкретно правно прашање; и y Обработка на укинати и преиначени одлуки на Основниот кривичен суд Скопје со вклучена аргументација од обжалената одлука и од соодветната одлука на Апелациониот суд Скопје. При изборот на судските одлуки редакцискиот одбор се обиде да рефлектира најмалку по еден пример за секое поглавје. Во некои поглавја е вклучена и јуриспруденцијата на ЕСЧП и делот со укинати и преиначени одлуки, а во други во зависност од достапниот материјал за обработка некои од овие аспекти беа исклучени. Во секој случај примарниот фокус беше насочен кон извлекување на сентенци кои се актуелни и на некој начин се издвојуваат по својата специфичност. Публикацијата содржи и краток Анекс 1 кој се однесува на недоследната судска практика на Основниот кривичен суд Скопје и Апелациониот суд Скопје по неколку правни прашања. Целта на публикацијата не е да понуди сеопфатна, класична збирка на судски одлуки, туку преку еден поширок пристап кој го вклучува и правното гледиште на второстепениот суд и јуриспруденцијата на ЕСЧП да се осврне на некои правни прашања кои се актуелни во секојдневното постапување на судиите на Основниот кривичен суд Скопје. Се разбира овој труд ни оддалеку не го исцрпува опусот на правни дилеми со кои практичарите се сретнуваат, но е важна почетна точка за идно развивање на слични алатки чија единствена цел би била да помогнат во воедначувањето на примената на законите од страна на судовите.

6| ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

1. НАЧЕЛА И ЗАКОНСКИ ИЗРАЗИ

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1300/19 од 4.11.2019г. ПРАВО НА ОБВИНЕТИОТ ДА ПРЕДЛАГА ДОКАЗИ член 5 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.19/20 од 19.2.2020 г.

ƒ Сентенца: Не е доволно и релевантно тврдењето на обвинетиот дека доказите на јавниот обвинител се незаконити и лажни, доколку истиот не предложи и спротистави свои докази.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1300/19 од 4.11.2019г.: „Основниот кривичен суд донел Пресуда К.бр.1300/19 од 04.11.2019 година, со која осудениот Ј. П. го огласил за виновен за кривично дело – Напад врз службено лице и при тоа му изрекол алтернативна мерка условна осуда - така што му утврдува казна затвор во траење од 1-една година и истовремено определува дека вака утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 2-две години сметано од денот на правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. (...) Што се однесува до правата на одбраната, судот забележува дека на обвинетиот му беше дадена можност и истиот ја искористи можноста да го оспори допуштањето на предметните вербални и материјални докази на судењето, предложени од страна на јавното обвинителство. Од ова следува дека правата на одбраната во целост беа испочитувани во секоја смисла. Судот го нотира фактот дека обвинетиот тврдеше дека сите изведени докази во постапката биле лажни, што му дава право на обвинетиот да не се инкриминира себе си во судскиот процес против него, за што не достави релевантни докази за да ги поткрепи ваквите наводи и да ги спротистави со доказите на обвинителството. Наведеното упатува на заклучок дека обвинителството ги докажа своите аргументи против обвинетиот, без да прибегнува кон докази прибавени со методи на принуда или малтретирање, спротивни на неговата волја. Ова неспорно упатува на заклучок дека пресудата против обвинетиот се заснова на законити докази изведени во една контрадикторна постапка во која обвинетиот согласно одредбите на Законот за кривична постапка беше во можност да ги побие и да ги поткрепи со свои докази. Судот заклучува дека правото на обвинетиот да не се инкриминира себеси, односно да ја избегне кривичната одговорност за кривичното дело кое што му се става на товар беше испочитувано во целост во текот на постапката. Делумното признание на обвинетиот дека критичниот ден на оштетената В.С. и удрил само шамар, судот смета дека претставува одбранбена стратегија, во надеж дека ќе добие поблага казна или квалификација, но, ваквата одбрана не најде поткрепа во изведените докази. Не се докажа дека обвинетиот во афект го сторил

|7 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

предметното кривично дело, бидејќи од изведените докази односно исказот на оштетената В.С и сведокот Н., поткрепени со останатите материјални докази, упатуваат на заклучок дека обвинетиот со ништо не бил предизвикан од страна на оштетената, за да го стори предметното кривично дело во афект во ситуација кога обвинетиот Ј.П прв и се приближил на оштетената В. и започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал додека истата вршела службени дејстивија. Делумното признание на обвинетиот дека единствено на оштетената В. критичниот ден и удрил шамар не претставува неопходен елемент за докажување на предметното кривично дело, со оглед дека од страна на обвинителството беа доставени доволно докази како поткрепа на наводите во обвинението. Со оглед на наведеното судот следуваше да одлучи како во диспозитивот на Пресудата.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.19/20 од 19.2.2020г.: „(…) Врз основа на утврдената фактичка состојба во предметот, првостепениот суд правилно го применил материјалното право – Кривичниот законик кога обвинетиот Ј.П. го огласил виновен за кривичното дело што му се става на товар, а со оглед дека во дејствијата на истиот прецизно опишани во изреката на обжалената пресуда, се содржани законските елементи на кривичното дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 в.в ст.1 од Кривичниот законик.“

¾ Практика на ЕСЧП: Прашањето кое мора да се одговори е дали постапката како целина, вклучително и начинот на кој биле прибавени доказите, била правична. (види Lisica против Република Хрватска, по жалба бр.20100/06, § 47, пресуда од 25 февруари 2010 година; Gorgievski против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.18002/02, § 47, пресуда од 16 јули 2009 година; Ziberi против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.27866/02, § 30, пресуда од 5 јули 2007 година). Не е задача на ЕСЧП да утврди, како прашање на принцип, дали определени видови на докази можат да бидат допуштени или пак не, или пак дали жалителот е виновен или не. При утврдувањето на тоа дали постапката како целина била правична, треба да се земе предвид и тоа дали биле почитувани правата на одбраната. Покрај тоа, правото на повикување на сведоци не е апсолутно и може да се ограничи за целите на правилно правораздавање, односно соодветно администрирање на правдата. Жалителот кој тврди дека било повредено неговото право да обезбеди присутво, односно повикување и сослушување на сведок на одбраната треба да покаже дека сослушувањето на тој сведок било неопходно за утврдување на вистината и дека одбивањето да се повика тој сведок било штетно за правата на одбраната. Иако е нормално националните судови да ги ценат доказите изведени пред нив, како и релевантноста на доказите чие изведување го бара одбраната, можно е да постојат исклучителни околности кои може да го наведат ЕСЧП на заклучок дека пропустот одредено

8| ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

лице да биде сослушано како сведок е некомпатибилен со правото на правично судење. Принципот на еднаквост на оружјата е дел од поширокиот концепт на правичното судење и тој налага „правичен и фер баланс“ помеѓу странките: на секоја странка мора да и биде дадена разумна можност да го презентира својот случај по кој се постапува на начин кој нема да ја стави во понеповолна положба vis-à-vis нејзиниот противник или противници. Судот нагласува дека сите докази нормално мора да бидат изведени на јавна расправа, во присуство на обвинетиот, со можност и со цел да се спротивстават аргументи. Постојат исклучоци од овој принцип, но тие не смеат да ги нарушуваат правата на одбраната; како општо правило, во член 6, 1 и 3 (г) се бара на обвинетиот да му се даде соодветна можност да го оспори и да го сослуша сведокот против него, или кога ги дава своите изјави или во подоцнежна фаза. Во предметот на Полетан и Азировиќ, жалителите се жалеле на различни аспекти на правото на правично судење, а особено за начинот како биле изведени доказите во постапката пред судовите. Предметот се однесува на кривичната постапка против жалителите поради сомнение дека биле вмешани во неовластена трговија со голема количина на кокаин. Основниот суд донел пресуда со која жалителите ги огласил за виновни за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и им изрекол казна затвор во траење од 14 години и шест месеци. Апелациониот суд ја потврдил првостепената пресуда. Врховниот суд по поднесено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, посебно во врска со вештачењето и сослушувањето на сведоци, го одбил ова барање. Потпирајќи се на член 6 став 1, став 2 и став 3 точки б и г од ЕКЧП, жалителите се жалеле пред ЕСЧП на различни аспекти врзани за правичноста на постапката. ЕСЧП во оваа пресуда го истакна принципот на супсидијарност и примарната улога на државата во оценката на веродостојноста на доказите и не најде причина да отстапи од заклучокот до кој дошле домашните судови во однос на тоа дека возачот на камионот бил свесен дека пренесува дрога. ЕСЧП утврди дека, иако двајцата сведоци кои се наоѓале во Црна Гора не биле во можност да присуствуваат на рочиштето во Скопје, нивните усни искази дадени пред истражниот судија во Црна Гора биле прочитани на рочиштето, а жалителите и нивните застапници не се спротивставиле на одлуката да се изведат овие докази и не побарале да им поставуваат прашања на сведоците, со што жалителите се откажале од нивното право да ги испрашуваат сведоците. Дополнително, нивните искази не претставувале ниту единствен, ниту одлучувачки доказ врз кој домашните судови ја засновале нивната одлука. (види Poletan и Azirovik против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.26711/07, 32786/10 и 34278/10, пресуда од 12 мај 2016 година, § 81; види и пресуди Khodorkovskiy и Lebedev против Русија, по жалби бр.11082/06 и 13772/05, § 707, пресуда од 25 јули 2013 година; Schatschaschwili против Германија [GC], по жалба бр.9154/10, §111-131; Seton против Обединетото Кралство, по жалба бр.55287/10, § 58 и 59, пресуда од 31 март 2016 година; Al-Khawaja и Tahery против Обединетото Кралство, по жалби бр.26766/05 и 22228/06, пресуда на Големиот судски совет од 15 декември 2011 година [GC]). |9 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Укинати и преиначени одлуки на ОКС Скопје

ЗЛОУПОТРЕБА НА ПРАВАТА НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПОСТАПКАТА член 6 став 3 од ЗКП

ƒ Сентенца: Одлагањата на главната расправа два пати едно по друго, од кои еднаш поради болест на мајката на обвинетиот, а вторпат бидејќи судот не му доставил обвинителен предлог на обвинетиот, не претставуваат злоупотреба на правата кои припаѓаат на учесниците во постапката, па поради тоа не може да претставуваат основ за казнување на бранителот на обвинетиот

ƒ Од Решенијата на ОКС Скопје К.бр.775/15 од 10.12.2015г. и АС Скопје КЖ.бр.1034/16 од 28.12.2016г.: Основниот суд Скопје I Скопје донел решение К.бр.775/15 од 10.12.2015година, со кое бранителот на обвинетиот З. С., адвокат С. Ф. од С., е казнет со парична казна во износ од 700 евра во денарска противвредност заради злоупотреба на правата на лицата кои учествуваат во постапката. Апелациониот суд со решение КЖ.бр.1034/16 од 28.12.2016 година, ја укинал горенаведената пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје, наведувајќи дека процесните дејствија кои биле преземени од страна на бранителот, не даваат основ за заклучок дека бранителот ги злоупотребил правата кои им припаѓаат на учесниците во постапката и неоправдано ја одложил постапката, како што тоа го заклучил првостепениот суд повикувајќи се на чл.6 ст.1, 2 и 3 од ЗКП. Имено, видно од записникот за главна расправа од 10.12.2015 година, кога бил присутен обвинетиот З. С., заедно со бранителот С. Ф., адвокат од С., истиот на прашање на судот изјавил дека не му бил доставен обвинителен предлог, што не може да се припише како вина на бранителот на обвинетиот, бидејќи судот пропуштил претходно на обвинетиот, согласно чл.476 ст.2 од ЗКП, со поканата да му достави и обвинителен предлог. Од друга страна, неприсуството на обвинетиот на претходно закажаната главна расправа од 24.11.2015 година поради болест на неговата мајка, исто така не може да се припише како вина на бранителот на обвинетиот, бидејќи судот доколку сметал дека обвинетиот очигледно одбегнува да присуствува на главната расправа, како што наведува на записникот за главна расправа од 24.11.2015 година, имал на располагање други мерки за обезбедување на неговото присуство.

10 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ЗАКОНИТОСТ НА ДОКАЗИТЕ член 12 од ЗКП

ƒ Сентенца: Аудио снимки од телефонски разговори за кои нема одобрение од надлежен орган претставуваат доказ прибавен на законит начин кога се во заштита на јавниот интерес, а се прибавени по барање на надлежен орган.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје, КОК-ООА бр.21/17 од 2.10.2017г.: „Советот за оцена на обвинителниот акт на Основен суд Скопје 1-Скопје, Специјализираното одделение за судење на кривични дела од областа на организиран криминал и корупција, (...) постапувајќи во постапка за оценка на обвинителниот акт (...), одлучувајќи по предлогот за издвојување незаконски прибавен доказ од списите на предметот, поднесен во приговорот против обвинителниот акт, (...) донесе Решение. Се издвојува од списите на предметот доказот предложен во листата на докази во прилог на обвинителниот акт (...), во кое се содржани две аудио снимки од телефонски разговори, кое е во прилог на Извештај за преснимување на аудио материјал (...), како доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот (...), закони и меѓународни договори, кој не може да се користи и врз него не може да се заснова судска одлука. (...) Со оглед на околноста што двете предметни аудио снимки од телефонски разговори се снимени на 28.03.2013 година, судот треба да утврди дали овие телефонски разговори се прибавени во рамките на процедура која почива на однапред пропишани стандарди, односно дали се прибавени во законска процедура, поточно врз основа на Законот за кривична постапка и Законот за следење на комуникациите, кои го регулираат следењето на телефонските комуникации, а кои закони важеле во време на снимањето на овие телефонски разговори. (...) Следењето на телефонските комуникации е извршено без јавниот обвинител да достави образложено барање до истражниот судија и без да биде издадена писмена наредба од судот за следење на комуникациите, односно за определување на посебна истражна мерка – следење на комуникации и влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавање на услови за следење на комуникации, под услов и постапка утврдени со закон. Наредба за определување на оваа посебна истражна мерка, како заштитен механизам од злоупотреба, треба да содржи податоци за: органот на чие барање се наредува следење на комуникациите, идентитетот на физичкото лице чии комуникации ќе бидат предмет на следење, основите на сомневање за кривичното дело, правната квалификација на кривичното дело, причините поради кои податоците и доказите на друг начин не може да се обезбедат или нивното обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии, видот на комуникациите што ќе бидат предмет на следење, времето за кое се дозволува следењето на комуникациите. Врз основа на законските одредби од ЗКП и Законот за следење на комуникациите, за спроведување на посебната

| 11 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

истражна мерка се изготвува и посебен извештај во кој се наведува бројот на издадената наредба за следење на комуникациите, времето на почеток и завршување на мерката, податоци во врска со комуникациите што се следени, (бројот на телефонската линија, имињата на лицата помеѓу кои се одвивала комуникацијата што се следела, датум и час на секоја комуникација што е следена), а на крајот посебниот извештај се доставува до истражниот судија. Во конкретниот случај не постои писмена наредба за следење на комуникации и не е изготвен посебен извештај од кој би се утврдило кога започнала и кога завршила следената и снимена телефонска комуникација, кој телефонски број бил предмет на следење и снимање, како и идентитетот на лицата чија телефонска комуникација била следена и снимена. Од наведените причини произлегува дека следената комуникација, односно доказот ДВД-1 со назнака (...), на кое се содржани две аудио снимки од телефонски разговори од следена и снимана телефонска комуникација е прибавен незаконски. Во оваа смисла, врз основа на чл. 149 ст.4 од ЗКП, бидејќи посебната истражна мерка е преземена без наредба на истражен судија, податоците прибавени на овој начин, со следење на телефонската комуникација, не можат да се употребат во кривичната постапка.“

ƒ Од Решението на АС Скопје, КСЖ.бр.573-/17 од 21.11.2017г.: „Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (...) донесе Решение жалбата на Јавното обвинителство (...) се уважува. Решението на Советот за оценка на обвинителниот акт на Основниот суд Скопје 1 Скопје- Специјализирано судско одделение за организиран криминал и корупција КОК-ООА.бр.21/17 од 02.10.2017 година се преиначува и гласи: Предлогот на обвинетите (...), содржан во приговорот поднесен против обвинителниот акт (...) да се издвои од списите на предметот доказот предложен во листата на докази во прилог на обвинението – ДВД-1 со назнака (...), во кое се содржани две аудио снимки од телефонски разговори, кое е во прилог на Извештај за преснимување на аудио материјал (...), како доказ прибавен на незаконит начин, се одбива како неоснован. (...) Согласно чл.12 ст.2 од Законот за кривичната постапка, доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот (...), законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз не може да се заснова судската одлука. Ставот 2, го регулира начинот на прибавивање на доказите, а не начинот на нивното создавање или на нивната содржина, што значи ако доказите се прибавени на законит начин, тие се веродостојни докази во кривичната постапка (...). Со чл.287 од Законот за кривичната постапка, се регулира обврската за доставување на барани податоци до јавниот обвинител, па согласно истиот државните органи, органите на единиците на локална самоуправа, организации, правни и физички лица што вршат јавни овластувања или други правни лица ќе му ги достават податоците кои од нив ги барал јавниот обвинител. (...) Согласно претходно цитираните одредби, ставот на овој совет е дека без оглед како во

12 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

конкретниот случај предметниот аудио-запис од телефонскиот контакт е создаден, истиот е прибавен на законит начин – предаден на обвинителството на начин предвиден во Законот за кривичната постапка со чл.287, во постапка на прибирање на докази, па доказот предложен во листата на докази во прилог на обвинението – ДВД-1 со назнака (...), во кое се содржани две аудио снимки од телефонски разговори кое е во прилог на Извештајот за преснимување на аудио материјал (...), не е доказ прибавен на незаконит начин или со кршење на човековите права и слободи и може да се користи како доказ со репродуцирање на рочиште на на главната расправа и доказ врз кој може да се заснова судска пресуда во корелација со останатите докази. Првостепениот суд и странките во својата аргументација за истакнатите ставови се повикуваат на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, по прашањето дали предметниот доказ може да се користи во заведената кривична постапка. Советот на овој суд смета дека кога се штити јавниот интерес не може да има предност пред тој интерес одредено право на поединецот, па за сторено сериозно кривично дело, за кое во конкретниот случај се обвинети обвинетите, може да се користи предметниот доказ во заведената кривична постапка, поради што не може да се прифати тврдењето на одбраната дека на таков начин се повредуваат слободите и правата утврдени во Уставот (...), како и чл.8 од наведената конвенција, туку напротив, со афирмирањето на јавниот интерес се зајакнува демократскиот дух во државата, како гарант на функционирање на владеење на правото, кој принцип претставува темелна вредност на уставниот поредок (...).“

¾ Практика на ЕСЧП: Пред обвинетиот да може да биде осуден, сите докази против него вообичаено треба да бидат изнесени во негово присуство на јавен претрес имајќи ги на увид спротивставените аргументи. (види Al-Khawaja and Tahiery против Обединетото кралство, по жалба бр.26766/05, 22228/06, пресуда на Големиот судски совет од 15.11.2011 година). ЕСЧП ја нагласува важноста на предистражната и на истражната постапка со оглед дека доказите добиени во текот на овие етапи ја одредуваат рамката во која делото за кое е обвинето лицето ќе биде разгледано во текот на судењето. Примарната цел на ЕКЧП, што се однесува до кривичните постапки, е да се обезбеди правично судење од „суд“ надлежен да го утврди „секое кривично обвинение“, и при тоа правичното постапување ги опфаќа и предистражните постапки. Затоа, членот 6, особено ставот 3, може да биде релевантен пред еден случај да биде испратен на судење доколку, што се однесува до правичноста на судењето, е веројатно на самиот почеток на постапката да биде сериозно наштетено на обвинетиот заради непридржување кон овие одредби. По правило, овие права бараат обвинетиот да добие соодветна и вистинска можност да го оспори и испраша сведокот на спротивната страна – кога сведокот ги дава своите изјави или во подоцнежна фаза од постапките. Прашањето на допуштеноста на доказите или начинот на кои тие треба да бидат оценети се примарно прашања

| 13 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

кои треба да бидат регулирани со националното законодавство и од страна на националните судови. Не е задача на ЕСЧП да утврди дали определени видови на докази, како на пример, оние прибавени на незаконит начин, можат да бидат допуштени или не. Особено мора да се испита дали на жалителот му била дадена можност да ја оспори автентичноста на доказите, можност да се спротистави на нивната допуштеност, како и квалитетот на доказите, вклучително и тоа дали околностите во кои овие докази биле прибавени создаваат сомнеж во однос на нивната веродостојност или точност. Во предметот на Khan против Обединетото Кралство, разговорот во текот на кој жалителот признал дека е учесник во увоз на дрога е снимен од полицијата. Полицијата инсталирала уред за прислушување во куќата на Б., и не било очекувано жалителот да го посети Б., кој бил под надзор. Жалителот се изјаснил за невин, иако признал дека неговиот глас е еден од снимените. Обвинителството признало дека инсталацијата на уредот за слушање имала незаконитост во однос на приватноста на жалителот и прифатило дека нема случај без снимениот разговор бидејќи тоа бил единствен и одлучувачки доказ во постапката против жалителот. ЕСЧП утврдил дека оспорениот снимен материјал во конкретниот случај бил единствениот доказ против жалителот, чијашто вина е утврдена дури откако судијата пресудил дека доказите се прифатливи. Во околности, кога снимката се сметала дека е цврст и неспорен доказ и со ништо не постои ризик да биде несигурен, потребата за дополнителни докази ослабела и до крај на постапката пред националните судови тоа бил единствениот и одлучувачки доказ. Од клучно значење е дека жалителот имал неспорна можност да ја спори автентичноста и користењето на снимката во постапката. Покрај тоа, на секое ниво на надлежност, судовите го ценеле ефектот на прифаќање на доказите за правичноста на судењето и при тоа го ценеле приватниот наспроти јавниот интерес. ЕСЧП прифатил дека доколку националните судови ценеле дека допуштеноста на овој доказ би довела до суштинска неправичност, тие имале право да не го допуштат и оцениле дека бидејки јавниот интерес превладал над правото на приватност, употребата на снимката како доказ не било спротивно со барањата за правично судењето. (види Khan против Обединетото Кралство, по жалба бр.35394/97, пресуда од 12 мај 2000 година; види и Imbrioscia против Швајцарија, пресуда од 24 ноември 1993 година, § 36, Series A no. 275; A.G. против Шведска (одлука), по жалба бр.315/09, одлучено на 10 јануари 2012 година; Trampevski против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.4570/07, § 44, пресуда од 10 јули 2012 година).

14 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

2. СУБЈЕКТИ

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1043/18 од 13.5.2018г. ОШТЕТЕН ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА член 21 став 1 точка 5 од ЗКП Потврдено со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.682/19 од 21.1.2020г.

ƒ Сентенца: Кога кривичното дело е сторено преку интернет, а постот е упатен кон припадници на група со заеднички интерес, секој од припадниците на групата може да претставува потенцијален оштетен во кривичната постапка иако во постот не се споменува името на оштетениот.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје К.бр.1043/18 од 13.5.2018г: „ (...) обвинетиот Н.П е огласен за виновен и му е изречена алтернативна мерка условна осуда за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи од чл.394-г ст.1 од КЗ, затоа што (...) преку компјутерски систем во јавноста шири кснефобичен пишан материјал и слика која промовира и поттикнува насилство против група врз основа на нивната политичка припадност - припадниците на така наречената Шарена револуција чиј припадник бил и оштетениот З.З (...), поради неговата политичка припадност на начин што на социјалната мрежа „Facebook“ на неговиот профил (...), објавил слики од оружје со заканувачки коментари со кои се повикува на неговата физичка ликвидација, со зборовите „све е спремно, се чека моментот!!! Ќе ве шарам од глава до пети!!! Ќе ви дадам и шарена револуција и протестирам“, со што ја загрозил сигурноста на оштетениот З.З. (...) Според судот неприфатливо е рестриктивното јазично толкување на зборови содржани во чл.394-г од КЗ од страна на бранителот, со оглед да битието на делото и дејствијата на извршување на ова кривично дело се детално опишани и наброени во самиот член од кривичниот законик. Говорот и сликите кои ги употребил обвинетиот може да се сметаат за основа со кое се исполнува битието на кривичното дело кое му се става на товар на обвинетиот. Според ЕКЧП и праксата на ЕСЧП секој поединец, кој се вклучува во политичка дебата од општ интерес, вклучително и обвинетиот, не треба да премине одредени граници, особено поради почит на угледот и правата на другиот, односно во конкретниот случај на оштетениот како припадник на шарената револуција и самата Шарена револуција како општествено здружување која изразувала определени политички ставови и мислење кои обвинетиот ги доживувал вознемирувачки. Според судот за обвинетиот било дозволено да употреби одредена доза на претерување па дури и провокација, односно да биде неумерен во неговите изјави, но при тоа не е дозволено да постира слики на социјалната мрежа Facebook на кои се гледа оружје, како и заканувачки коментари (...). Исто така не може да се прифати тврдењето на одбраната дека јавниот обвинител не докажал дека оштетениот

| 15 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

З.З не се легитимирал како оштетен во оваа постапка, бидејќи според судот иако во постот не се споменува името на оштетениот З.З, сепак истиот претставува потенцијално оштетена личност кој бил припадник на шарената револуција како форма на граѓанско здружување. Ова дотолку повеќе што во кривичната постапка како оштетен се дефинира лице чие лично или имотно право е повредено или загрозено со кривично дело, па во конкретниот случај сликите од оружје кои ги постирал обвинетиот Н.П. со заканувачки коментари (...) го довеле во позиција оштетениот (...) да преземе мерки за да ги спречи овие навредливи изјави и слики да се реализираат од страна на обвинетиот, со што ја поднел предметната кривична пријава, кое нешто впрочем и произлезе од исказот на оштетениот З.З. Од сето погоре анализирано, судот е на став дека правото на пристап кон интернет во функција на информирање и уживање на слободата на говорот не треба да се потцени и истовремено не треба да се заборават обврските предвидени со меѓународните човекови права кои овозможуваат ограничување во однос на интернетот кога се користи како инструмент за поттикнување на омраза, насилство, непријателство, дискриминација или вршење на геноцид. Државите имаат позитивна обврска да ја сузбијат и превенираат употребата на интернетот како средство за дистрибуција на ксенофобични и расистички изјави или за славење на тероризмот. Правото на пристап кон интернет мора да биде избалансирано со другите човекови права, првенствено, со правото на приватност. И треба да се внимава дискусијата, коментарите и постовите на интернет да не прераснат во нешто што предизвикува последици кои влијаат врз личната сигурност кај читателот за кого дискусијата, коментарите или постовите се наменети.

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.682/19 од 21.1.2020г. : „(...)Советот на овој суд го прифаќа ставот на првостепениот суд дeка правото на пристап кон интернет во функција на информирање и уживање на слободата на говорот не треба да се потцени и истовремено не треба да се заборават обврските предвидени со меѓународните акти кои овозможуваат ограничување во однос на интернетот кога се користи како инструмент за поттикнување на омраза, насилство, непријателство, дискриминација или вршење на геноцид, бидејќи државите имаат позитивна обврска да ја сузбијат и превенираат употребата на интернетот како средство за дистрибуција на ксенофобични и расистички изјави или за славење на тероризмот. Правото на пристап кон интернет мора да биде избалансирано со другите човекови права, првенствено со правото на приватност (...). Во Европската конвенција за човекови права во членот 10 став 1 и 2 е наведено дека секој има право на слобода на изразување, ова право ја вклучува слободата на сопствено мислење и примање и пренесување на информации или идеи без било какво мешање на јавната власт и без оглед на државните граници, а во став 2 во истиот член од Конвенцијата е пропишано дека остварувањето на овие слободи, бидејќи со себе носи и одговорност, може да се подложи на формалности, услови, рестрикции или казни определени со закон, неопходпи во едно демократско опиштество, во интерес на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавната сигурност, за заштита од немири или

16 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

кривнчно дело, на здравјето или моралот,репутацијата или правата на друтите, за заштита од откривање на доверливи информации или за одржувањена авторитетот и непристрасноста на правосудството. Според Европскиот суд за човекови права, прашање на принцип е во демократско плурално општество да се санкционираат или спречат сите форми на говор кои поттикнуваат, шират, промовираат или оправдуваат омраза или загрозување на личната сигурност, заснована врз нетолеранција, при што рестрикциите, формалностите и казните мора да се пропорционални на легитимната цел која сака да се постигне со нив. ЕСЧП бара да се избалансираат разните интереси кои се заштитени во демократското општсство, односно да се заштити и слободата на говорот, па во таа насока Европскиот суд во многу предмети сторени преку социјалните мрежи со употребување на заканувачки коментари и ксенофобичен пишан материјал и слика која промовира и поттикнува насилство утврдува дека националните власти имаат позитивна обврска да преземат заштитни мерки за да го спречат сајбер криминалот, поточно употребата на говорот на омраза преку социјалните мрежи, односно преку интернет воопшто и со тоа загрозување на фундаменталните човекови права. Во однос на слободата на интернетот, (...) се подржува заложбата на 47-те членки да не нанесуваат зло на интернет, како и различните стандарди за филтрирање и блокирање, неутралност на мрежата и аспектите на човековите права на различните учесници на интернет. Во преамбулата на Конвенцијата за компјутерски криминал 2001 на Советот на Европа сајбер криминалот е дефиниран како –активности кои се директно насочени прогив доверливоста, интегритетот и достапноста до компјутерските системи и мрежи на податоци, како евентуална злоупотреба на овие системски мрежи и компјутерски податоци. Имајќи го предвид погоре наведеното, анализирано во контекст како на предметната инкриминација со која во целост се акцептираат препораките за адекватно санкционирање или спречување на сите форми на говор кои поттикнуваат, шират, промовираат или оправдуваат омраза или загрозување на личната сигурност, заснована врз нетолеранција, така и на фактичкиот супстрат на обвинението и во тие рамки временската и просторна димензија на одвивање на кривично - правниот настан и содржината на преземените противправни дејствија на обвинетиот, правилно првостепениот суд оценил дека таквите дсјствија на обвинетиот претставуваат дејствие на извршување на кривичното дело од член 394-г став 1 од КЗ и правилно постапил кога за истото го огласил виновен.“

¾ Практика на ЕСЧП: За да е во можност да поднесе жалба согласно членот 34 од ЕКЧП, едно лице мора да може да покаже дека тој или таа бил/а „директно погоден/а“ од мерката на која се жали. (види Centre for Legal Resources on behalf of Valentin Câmpeanu против Романија [GC], по жалба бр.47848/08, § 96, пресуда од 17 јули 2014 година)

| 17 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Едно лице мора да може да покаже дека тој или таа бил/а „директно погоден/а“ од мерката на која се жали и ова е незаменливо за покренување на заштитните механизми на ЕКЧП, иако овој критериум не треба да се применува на ригиден, механички и нефлексибилен начин во текот на постапките. Согласно праксата на ЕСЧП, жалбите можат да бидат поднесени само во име на лица кои биле живи, па во низа случаи каде директната жртва починала пред поднесувањето на жалбата, Судот не прифаќал дека директната жртва, дури и кога имала застапник, имала позиција на жалител. Во одредени случаи во кои на наследниците на жалителот им било дозволено да ја преземат жалбата која веќе била поднесена, ЕСЧП прави разлика меѓу жалбите во кои директната жртва починала откако жалбата била поднесена до ЕСЧП и оние кај кои жртвата веќе била почината. Кога жалителот ќе почине по поднесувањето на жалбата, ЕСЧП, во принцип, прифаќа близок роднина или наследникот да ја преземе жалбата под услов тој или таа да има доволен интерес во случајот. Состојбата варира кога директната жртва ќе почине пред да биде поднесена жалбата. Во такви случаи ЕСЧП, упатувајќи на автономно толкување на концептот „жртва“, покажал подготвеност да ја препознае позицијата на еден роднина, или кога жалбите покренуваат прашање од општ интерес поврзан со „почитувањето на човековите права“, а жалителите како наследници имале легитимен интерес да ја продолжат постапката со жалбата, или врз основа на директните последици по правата на самиот жалител. ЕСЧП ја препознал позицијата роднината на жртвата да може да поднесе жалба кога жртвата починала или исчезнала во услови кои наводно се поврзани со одговорност на државата. (види Varnava and others против Турција, по жалби бр.16064/90, 16065/90 и 16066/90, пресуда од 18 септември 2009 година)

Решение на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1342/18 од 11.3.2020г. ПРЕЗЕМАЊЕ НА КРИВИЧНОТО ГОНЕЊЕ ОД СТРАНА НА ПРИВАТНИОТ ТУЖИТЕЛ член 57 став 1 точка 10 од ЗКП Решението е станато правосилно, жалба не е поднесена

ƒ Сентенца Кога јавниот обвинител ќе даде изјава дека го повлекува обвинението бидејќи се работи за дело кое се гони по приватна тужба, оштетениот има право да го преземе гонењето како приватен тужител.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје К.бр.1342/18 од 11.3.2020г.: „Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог КО бр. 974/16 од 26.06.2018 година на ОЈО Скопје транформиран во приватната кривична тужба на приватниот тужител Б.К од Скопје (...) против обвинетите М.З

18 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

од С. и И.К. од С. за кривично дело Кражба од чл. 235 став 2 в.в. став 1 в.в. чл. 22 од Кривичниот законик, (...) донесе Решение за запирање на кривичната постапка К.бр.1342/18 (...), поради откажување на приватниот тужител од приватната тужба. ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог КО бр. 974/16 од 26.06.2018 година против обвинетиот М.З. од Скопје за кривично дело Кражба од чл. 235 став 1 од Кривичниот законик и И.К. од Скопје за кривично дело Кражба од чл. 235 став 1 в.в. чл. 24 од Кривичниот законик. По изведените докази, во завршен збор даден на записник за главна расправа од 25.12.2019 година, јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот предлог во делот на видот и вредноста на противправно присвоените туѓи предмети, по што направи преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите од кривично дело Кражба од чл. 235 став 1 од Кривичниот законик во кривично дело Кражба од чл. 235 став 2 в.в. став 1 в.в. чл. 22 од Кривичниот законик. Го повлече обвинителниот предлог бидејќи се работи за кривично дело кое се гони по приватна тужба. После дадена изјава од јавниот обвинител за повлекување на обвинителниот предлог , полномошникот на оштетениот изјави дека го презема кривичното гонење против обвинетите за кривичното дело Кражба од чл. 235 став 2 в.в. став 1 в.в чл. 22 од Кривичниот законик и предложи одлагање на рочиштето заради мирење на странките. При ваква состојба, обвинителниот предлог КО бр. 974/16 од 26.06.2018 година на ОЈО Скопје доби третман на приватна кривична тужба на оштетениот Б.К од Скопје (...). На рочиштето закажано за 11.03.2020 година, пред започнување на главната расправа, полномошникот на приватниот тужител ја повлече приватната кривична тужба бидејќи обвинетите ја исплатиле штетата за украдените камења на оштетениот во износ од 5.000,00 денари. Трошоци не побара.“

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.649/19 од 11.6.2019г. ПРАВО НА ОДБРАНА4 И СУДЕЊЕ БЕЗ ПРИСУСТВО член 70 в.в со член 479 став 2 од ЗКП Потврдена во делот на одлуката, преиначена во делот за кривичната санкција со Пресуда на Апелационен суд Скопје, KЖ.бр.748/19 од 28.1.2020г.

ƒ Сентенца Нема повреда на правото на одбрана на обвинетиот кога во текот на постапката што се води според правилата на скратената постапка, обвинетиот не се јавил иако уредно примил покана со примерок од обвинителниот предлог.

4 Во контекст на правото на одбрана, вреди да се посочи дека повредено е правото на одбрана на обвинетиот кој во текот на постапката станал недостапен на органите на прогон, а судот определил бранител по службена должност наместо да го обезбеди присуството на бранителот ангажиран по избор на обвинетиот. Ова произлегува од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.180/18 од 2.5.2018г., која иако е донесена согласно одредбите на стариот ЗКП, применлива е и во сегашни услови, со оглед на тоа што во ЗКП од 2010г. нема измени во одредбите кои се однесуваат на ова правно прашање.

| 19 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.649/19 од 11.6.2019г.: „Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО С. (...), против обвинетиот Д.К. од С., за кривично дело – Кражба од чл.235 ст.1 од КЗ, (...), во присуство на јо (...), а без присуство на обвинетиот Д.К - уредно повикан, согласно чл.479 ст.2 од ЗКП, донел пресуда со која обвинетиот Д.К. од С. го огласил виновен и го осудил на казна затвор од 10- десет месеци. Образложил дека постапувајќи по поднесениот обвинителниот предлог, (...) обвинетиот Д.К - уредно поканет, кој видно од вратената повратница во судот, здружена во списите на предметот, лично на ден 15.05.2019 година, ја примил поканата за закажаната главна расправа на 11.06.2019 година, а како обвинетиот не се јавил на расправата, ниту го оправдал своето недоаѓање, бидејќи станува збор за скратена постапка и за кривично дело за кое е пропишана парична казна или казна затвор до три години, а неговото присуство не е неопходно, со оглед дека истиот уредно ги има примено поканата за закажаната главна расправа, како и обвинителниот предлог, така што е запознает со постапката, судот согласно чл.479 ст.2 од ЗКП, одлучил на обвинетиот да му се суди без негово присуство.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.748/19 од 28.1.2020г.: „Апелациониот суд Скопје делумно ја уважил жалбата на обвинетиот Д.К. од С. и ја преиначил пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.649/19 од 11.06.2019 година во делот на одлуката за кривичната санкција така што обвинетиот Д.К. од С. кој со првостепената пресуда е огласен за виновен за кривично дело Кражба од чл.235 ст.1 од Кривичниот законик, го осудил на казна затвор во траење од три месеци. Во останатиот дел ја потврдил првостепената пресуда. Во образложението ги оценил како неосновани жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка истакнати во насока дека обвинетиот за закажаната главна расправа не бил уредно повикан, па поради тоа не можел да се јави па расправата пред судот одржана на 11.06.2019 година и дека со тоа му е ускратено правото да ја изнесе својата одбрана. Судот изразил став дека, имајќи ја предвид содржината на списите на кривичниот предмет, ваквите жалбени наводи се без фактичка основа бидејќи видно од вратената повратница во судот обвинетиот Д.К уредно примил покана за главна расправа и примерок од поднесениот обвинителен предлог од 15.05.2019 година, што значи дека се запознал со сите фактички и правни основи на обвинувањето против него, па оттука правилно првостепениот суд постапил кога главната расправа ја одржал без присуство на обвинеиот, а согласно со одредбата од член 479 сгав 2 од ЗКП. Со оглед дека обвинетиот не се јавил на закажаната расправа за која бил уредно известен, а своето отсуство не го оправдал, нашол дека со таквого постапување обвинетиот легитимно и по своја волја се соочил со сите правни консеквенци од недоаѓањето на главната расправа вклучително и од можноста преку вкрстеното испитување на сведоците на обвинението да ги дискредитира нивните искази, а воедно да предлага докази во прилог на својата одбрана и да презема други процесни дејствија во функција на обезбедување квалитетна и делотворна одбрана.“

20 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Практика на ЕСЧП: Повторно давање на време дозволено за поднесување на жалба против осудувањето во отсуство, кога обвинетиот имал право да присуствува на расправата во апелациониот суд и да побара прифаќање на нови докази, дава нова шанса за свежо фактичко и законско утврдување на кривично обвинение, така што постапката како целина може да се каже дека била правична. (види Jones против Обединетото кралство (одлука), по жалба бр.30900/02, одлучена на 9 септември 2003 година). Целта на правото на правично судење во целина покажува дека едно лице кое е „обвинето за кривично дело“ има право да земе учество во расправата. Исто така, му се гарантираат на “секој обвинет за кривично дело“ право „да се брани себе лично“, „самиот да ги сослуша или да бидат сослушани сведоците“ и „ да користи бесплатна помош од толкувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето“ и тешко е да се види како може да ги искористи овие права без да биде присутен. Иако постапките кои се случуваат во отсуство на обвинетиот сами по себе не се некомпатибилни со членот 6 од ЕКЧП, сепак несомнено дека доаѓа до лишување од правда кога едно лице осудено во отсуство не може последователно да добие од судот кој го сослушал ново утврдување на основаноста на обвинението, како во однос на правото така и на фактите, каде што не е утврдено дека тој се откажал од своето право да се појави и да се брани себе си. Конвенцијата им остава на државите договорнички широка маргина на уважување што се однесува до изборот на средствата со кои ќе се смета дека ќе се обезбеди нивните правни системи да се во согласност со условите од ЕКЧП. Задача на судот е да утврди дали резултатот кој го бара ЕКЧП бил остварен. Особено, мора да се покаже дека процедуралните средства понудени од страна на домашното право и практиката се делотворни кога едно лице обвинето за кривично дело ниту се има откажано од неговото право да се појави и да се одбрани, ниту се обидело да го избегне судењето. (види Belziuk против Полска, пресуда од 25 март 1998, § 37, Reports 1998-II; Einhorn против Франција (одлука), по жалба бр.71555/01, § 33, ECHR 2001-XI; Krombach против Франција, по жалба бр.29731/96, § 85, ECHR 2001-II; Somogyi против Италија, по жалба бр.67972/01, §66, ECHR 2004-IV).

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.501/16 од 23.9.2016г. ПРАВО НА БРАНИТЕЛ член 71 в.в со член 74 став 3 од ЗКП Потврдено со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.1029/16 од 1.3.2017г.

ƒ Сентенца: Не е повредено правото на одбрана кога обвинетиот кој бил поучен за правото на бранител по свој избор изјавил дека одбраната ќе ја даде сам, во случај кога одбраната по закон не е задолжителна.

| 21 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје К.бр.501/16 од 23.9.2016г.: „(...) Основниот суд Скопје 1 Скопје, како првостепен кривичен суд, (...) постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО С. КО1.бр.33/15 од 24.02.2016 година против обвинетиот Б.В од К., за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од чл.383 ст.2 вв со ст.1 од Кривичниот законик, по одржанaта главна, јавна и усмена расправа на ден 23.09.2016 година во присуство на ЈО од ОЈО С. З.П и обвинетиот Б.В, (...) донесе (...) Пресуда (...). Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 4-четири години. Судот ја ценеше одбраната дадена од страна на обвинетиот Б.В., каде го негира извршувањето на кривичното дело кое му се става на товар со обвинението, дека физички го нападнал сега оштетениот Г. односно дека тој бил нападнат од страна на оштетениот и се здобил со повреди, меѓутоа до судот од негова страна за таквото тврдење не беше доставен никаков доказ. Судот вака конструираната одбрана дадена од страна на обвинетиот ја одби како неоснована од причина што истата не кореспондира со вербалните и материјални докази изведени во текот на главната расправа. Одбраната на обвинетиот е паушална и контрадикторна на јасниот и недвосмислен исказ даден од страна на оштетениот Г. на кој судот во целост му поклони верба и од кој исказ доведен во корелација со извештај на специјалист-субспецијалист за оштетениот Г.С., наредба распоред на припадниците на секторот за обезбедување од втори вод за ден (...), судот ги утврди релевантните околности во врска со кривично правниот настан. Имено, ваквата одбрана на обвиентиот Б.В не се поткрепи со ниеден доказ, па судот е на мислење дека истата е дадена со цел обвинетиот да ја избегне кривичната одговорност во врска со овој кривично правен настан.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.1029/16 од 1.3.2017г. : „ (...) Видно од (...) записник за главна расправа од 23.9.2016 година, осудениот од страна на судот бил поучен согласно чл.71 од ЗКП, за правото на бранител по сопствен избор, но истиот изјавил дека одбраната ќе ја даде сам. Со оглед на природата на кривичното дело и запретената казна затвор за истото, во скратена постапка, не е задолжителна одбраната, поради што првостепениот суд не сторил повреда на одредбите од чл.71 и чл.74 ст.3 од ЗКП, ниту повреда на правото на избор на бранител по сопствен избор, ниту повреда на правото на одбрана на осудениот, а соглансо чл.6 ст.3 точка в од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Ова дотолку повеќе што во текот на постапката пред првостепениот суд осудениот на главна расправа не дал инкриминирачка изјава, ниту пак признание на вина за негативно да влијае на одбраната во понатамошниоот тек на постапката и на кривичната постапка во целина. На осудениот во текот на постапката пред првостепениот суд му е дадена соодветна можност да ја презентира својата одбрана. Одбивањето на судот да се повикаат сведоци кои што ги назначил осудениот не го ограничило неговото право на одбрана до тој обем за да се заклучи дека тој немал фер судење во смисла на значењето на чл.6 ст.1 и 3 точка г од Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.“

22 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Практика на ЕСЧП: Важно е да се има предвид дека од почетните фази од постапките едно лице кое е обвинето за кривично дело, а не сака да се брани само, задолжително да има можност да добие правна помош по сопствен избор. (види Dvorski против Хрватска, по жалба бр.25703/11, пресуда на Големиот судски совет од 20 октомври 2015 година [ГСС]; Martin против Естонија, по жалба бр.35985/09, §§ 90 и 93, пресуда од 30 мај 2013 година)

ЕСЧП утврдува дека со цел да го оствари своето право на одбрана, на обвинетиот треба да му се дозволи да има делотворна корист од помош од адвокат уште во почетните фази од постапките. Ова произлегува од тоа дека националните закони можат да предизвикаат последици во односот кон обвинетиот во почетните фази од испитувањето на полицијата кои се од одлучувачка природа за одбраната во сите последователни кривични постапки. Обвинетиот често се наоѓа во особено ранлива позиција во таа фаза од постапките и во повеќето случаи ова само може соодветно да биде надоместено со помош од адвокат, чија задача е, меѓу другите работи, да помогне да се обезбеди почитување на правото на обвинетиот да не се инкриминира самиот себе. Без разлика на важноста на односот на доверба меѓу адвокатот и неговиот клиент ова право не е апсолутно. Неопходно, тоа подложи на одредени ограничувања кога се работи за бесплатна правна помош, како и кога судот треба да одлучи дали интересите на правдата бараат обвинетиот да биде бранет од адвокат назначен од судот. ЕСЧП нагласува дека националните власти мора да ги земат предвид желбите на обвинетиот во однос на изборот на сопственото правно застапување, но може да ги надмине тие желби кога постојат релевантни и доволни основи за да се одлучи дека ова е неопходно во интерес на правдата. (види Pavlenko против Русија, по жалба бр.42371/02, § 101, 1 април 2010 година; Dayanan против Турција, по жалба бр.7377/03, § 32, пресуда од 13 октомври 2009 година, § 110; Croissant против Германија, пресуда од 25 септември 1992 година, § 29, Series A no.237-B; Meftah and Others против Франција [GC], по жалби бр.32911/96, 35237/97 и 34595/97, § 45, ECHR 2002‑VII)

| 23 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

3. ПРОЦЕСНИ ДЕЈСТВИЈА

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1605/17 од 11.3.2019г. ТРОШОЦИ НА ПОСТАПКАТА член 102 став 2 точка 8 в.в со член 104 од ЗКП Потврдена во делот на одлуката, укината во делот на трошоците со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.452/17 од 10.12.2019г.

ƒ Сентенца Кога обвинетиот е огласен за виновен, судот ќе го задолжи да ги надомести трошоците на оштетениот, за одложените рочишта, само доколку истите се одложени по вина на обвинетиот.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје К.бр.1449/18 од 14.1.2019г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје постапувајќи по прецизираната приватна кривична тужба на приватниот тужител А.Н од С., поднесена преку полномошник С.К адвокат од С., по одржаната главна, јавна и усна расправа, донел пресуда К.бр. 1605/17 од 11.03.2019 година со која обвинетиот Г.А од С. го огласил виновен за кривично дело - Tелесна повреда (...). Согласно член 102 и член 105 став 1 од ЗКП, го задолжил обвинетиот Г.А да плати кривичен судски паушал (...) како и трошоци на оштетениот во износ од 77.660,00 денари, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување. По однос на трошоци на оштетениот во износ од 77.660,00 денари образложил дека се однесуваат за застапување на 4 – четири одржани рочишта по (...) денари за секое рочиште на ден 06.07.2018 година, 17.09.2018 година, 12.12.2018 година и 11.03.2019 година, како и износ од (...) денари за застапување на 7-седум одложени рочишта на ден 05.02.2018 година, 28.03.2018 година, 16.05.2018 година, 05.09.2018 година, 29.10.2018 година, 10.12.2018 година и 01.02.2019 година за секое рочиште по (...) денари, за состав на тужба износ од (...) денари, за трошоци за лекарско уверение (...) денари и за судски такси за тужба и одлука износ од (...) денари, во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.452/17 од 10.12.2019г.: „Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбата на обвинетиот Г.А. од Скопје. (...) донел пресуда со која (...) Пресудата на Основсн суд Скопје 1 Скопје К.бр. 1605/17 од 11.03.2019 година освен во делот на одлуката за трошоците се потврдува. Со решение, го укинал Решението за трошоците во постапката содржано во пресудата К.бр.1605/17 од 11.03.2019 година и во тој дел предметот го вратил на повторно одлучување пред првостепениот суд. Апелациониот суд Скопје ги ценел наводите во жалбата за трошоците во текот на постапката со која првостепениот суд го задолжил обвинетиот да ги надомести трошоците на оштетениот во вкупен износ од 77.670.00 денари и истите ги прифатил со оглед дека првостепениот суд не ги одмерил правилно. Имено првостепениот 24 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

суд определил трошоци за одложени рочишта без да образложи дали истите биле одложени поради вина на обвинетиот, како и материјални трошоци за лекарското уверение за што не постои доказ во списите на предметот од кои причини советот ја укинал одлуката во делот за трошоците и предметот го вратил на повторно одлучување пред првостепениот суд.“

¾ Практика на ЕСЧП: ЕСЧП утврдил дека одлуките за правото на жалителите на надомест на трошоци и надомест на штета биле „последица и нужно дополнување на“ или „директно следеле“ после завршувањето на кривичната постапка. (види Lutz против Германија, пресуда од 25 август 1987 година, § 56, Серија А бр.123)

ЕСЧП одлучувал за примената на член 6, став 2 од ЕКЧП врз судски одлуки донесени после завршувањето на кривичната постапка кое било или со запирање на постапката или после ослободување од обвинение и тоа во постапки кои се однесувале, меѓу другото, на: (a) обврска на лицето кое порано било обвинето да ги надомести судските трошоци и трошоците на обвинителството (види Minelli против Швајцарија, пресуда од 25 март 1983 година, § 30-32, Серија A бр.62; McHugo против Швајцарија (одлука), бр.55705/00, 12 мај 2005 година); (б) барање на лицето кое порано било обвинето за надомест на штета за притвор пред судење или за други непогодности предизвикани со кривичната постапка (види Nölkenbockhoff против Германија, пресуда од 25 август 1987 година, § 35, Серија A бр.123); (в) барање на лицето кое порано било обвинето за надомест на трошоците на одбраната (види Lutz против Германија, пресуда од 25 август 1987 година, § 56-57, Серија А бр.123); (г) барање на лицето кое порано било обвинето за надомест на штета предизвикана со незаконита или неправилна истрага или обвинение (види Panteleyenko против Украина, по жалба бр.11901/02, § 67, 29 јуни 2006 година; Grabchuk против Украина, по жалба бр.8599/02, § 42, 21 септември 2006 година); (д) утврдување граѓанска одговорност за исплата на надомест на штета на жртвата (види Ringvold против Норвешка, бр.34964/97, § 36, ECHR 2003‑II); (ѓ) одбивање граѓански тужби поднесени од страна на жалителот против осигурителна компанија (види Lundkvist против Шведска (одлука), по жалба бр.48518/99, ECHR 2003-XI); (е) одржување во сила на одлука за доверување на дете на чување, откако обвинителството одлучило да не подигне обвинение против родителот за злоупотреба на дете (види O.L. против Финска (одлука), по жалба бр.61110/00, од 5 јули 2005 година); | 25 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

(ж) дисциплински прашања или прашања поврзани со отпуштање од работа (види Moullet против Франција (одлука), по жалба бр.27521/04, 13 септември 2007 година); и (з) отповикување на правото на жалителот на социјален стан (види Vassilios Stavropoulos против Грција, по жалба бр.35522/04, § 28-32, 27 септември 2007 година). ЕСЧП заклучил дека „ги поврзувало двете прашања – кривичната одговорност на обвинетото лице и правото на надомест на штета – до таков степен да одлуката по второто прашање можела да се смета за последица и, во определен степен, дополнување на одлуката во врска со првото прашање“, што довело до примена на член 6, став 2 од ЕКЧП во однос на постапката за надомест на штета. (види Sekanina, цитиран погоре, § 22; Rushiti, цитиран погоре, § 27; и Weixelbraun, цитиран погоре, § 24). Разработувајќи ја оваа идеја во следни случаи, ЕСЧП одлучил дека барањето за надомест на штета на жалителите „не само што временски следело после кривичната постапка, туку исто така било поврзано со таа постапка во законот и во праксата, и во однос на надлежност и во однос на прашањата кои требало да бидат одлучени“, на тој начин создавајќи врска помеѓу двете постапки како последица на што член 6, став 2 од ЕКЧП бил применлив. (види O., цитиран погоре, § 38; и Hammern, цитиран погоре, § 46).

Решение на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.777/19 од 20.5.2019г. ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА ТРОШОЦИ НА ПОСТАПКАТА ПРИ ЗАПИРАЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА член 106 став 1 од ЗКП Потврдено со Решение на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.1075/19 од 22.1.2020 г.

ƒ Сентенца Судот нема законска обврска и можност веднаш да одлучи за трошоците на кривичната постапка туку ќе одлучи со посебно решение во случај кога на закажаното рочиште донел решение за запирање на кривичната постапка поради откажување на јавниот обвинител од обвинение пред започнување на главната расправа, при што бранителот на обвинетиот предјавил трошоци за застапување без да го прецизира основот и висината на трошоците.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје, К.бр.777/19 од 20.5.2019г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО С.(...) против обвинетитe Ф. Д. и М. М. двајцата од С. за кривично дело - Кражба од чл.235 ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, согласно чл.352 од ЗКП на ден 20.05.2019 година, донесе Решение со кое се запира кривичната постапка против обвинетите (...) бидејќи јавниот обвинител од ОЈО С. пред започнување на главната расправа

26 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

се откажа од обвинението. Согласно чл.114 ст.3 од ЗКП се упатува оштетениот Г. К. од С., евентуалното имотно правно побарување да го остварува во спор. Согласно чл.106 ст.1 од ЗКП, трошоците на кривичната постапка, паѓаат на товар на Буџетот на РСМ.“

ƒ Од Решението на АС Скопје, Кж бр.1075/19 од 22.1.2020г.: „Апелациониот суд Скопје (...)во кривичниот предмет против обвинетите Ф.Д и М.М. двајцата од Скопје за кривично дело Кражба од чл.235 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот Законик постапувајќи по жалбата на обвинетиот Ф.Д. изјавена преку бранителот В.Д. против решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.777/19 од 20.05.2019 година, на нејавната седница одржана па 22.01.2020 година, согласно чл.443 ст.З од Законот за кривичната постапка, донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот Ф.Д (...) се одбива како неоснована. Решението за трошоци содржано во решението на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.777/19 од 20.05.2019 година се потврдува. (...) Советот на овој суд го разгледа жалбениот навод (...) и видно од списите на предметот на рочиштето за главна расправа од 20.05.2019 г., првотепениот суд согласно чл.352 од ЗКП донел решение со кое ја запрел постапката против обвинетите Ф.Д. и М.М. бидејќи јавниот обвинител пред започнување на главната расправа се откажал од обвинението. Притоа, правилно првостепениот суд согласно чл.106 ст.1 од ЗКП одлучил трошоците на кривичната постапка да паднат на товар па буџетот на РСМ. Имено, согласно наведената законска одредба е предвидено дека кога ќе се запре кривичната постапка или кога ќе се донесе пресуда со која обвинетиот се ослободува од обвинението или со која се одбива обвинението, во решението односно во пресудата ќе се изрече дека трошоците на кривичната постапка од чл.102 ст.2 т.1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој закон, нужните издатоци на обвинетиот, како и нужните издатоци и наградата на неговиот бранител паѓаат на товар на буџетот на РСМ, освен во случаите определени во ставовите 2, 3, 4 и 5 на овој член. Имајќи ја предвид цитираната законска одредба, а со оглед дека кривичната постапка спрема обвинетите е запрена, правилно првостепениот суд одлучил дека трошоците на постапката паѓаат на товар на буџетот на РСМ, што впочем не е спорно за одбраната. Меѓутоа, при донесувањето на Решението со кое е запрена постапката на рочиштето на 20.05.2019 година бранителот на обвинетиот предјавил трошоци за застапување без притоа да го прецизира основот и висината на трошоците што ги предјавува при шго судот одлучувајќи согласно чл.106 ст.1 од ЗКП, дека трошоците паѓаат на товар на буџетот на РСМ немал законска обврска, а ниту можност и податоци веднаш да ги определи и пресмета трошоците на кривичнага постапка. Ова дотолку повеќе што бранителот дополнително доставил трошковник со барање за надомест на трошоците по кое судот постапувал и донел решение К.бр.777/19 од 10.06.2019 година со кое одлучил по однос на трошоците на постапката, а кое решение е потврдено и со решението на кривичниот совет на првостепениот суд КС-КР.бр.1051/19 од 17.12.2019 година.“

| 27 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Практика на ЕСЧП: Во случаи кои се однесувале на правото на жртвата да бара надомест на штета од жалителот за којшто претходно било одлучено дека не е виновен за делото за кој бил обвинет, ЕСЧП одлучил дека кога одлуката за надомест на штета во граѓанска постапка содржела реченица со која се посочува на кривична одговорност, со тоа би се создала таква врска помеѓу двете постапки, што член 6, став 2 од ЕКЧП го направиле применлив во однос на пресудата по барањето за надомест на штета. (види Ringvold против Норвешка, по жалба бр.34964/97, пресуда од 11 февруари 2003 година). ЕСЧП го искажа ставот дека после запирањето на кривичната постапка, пресумпцијата на невиност налага да се почитува фактот дека немало кривична осуда на лицето во секоја друга постапка од каков било карактер. Судот, исто така, има посочено дека оперативниот дел на ослободителната пресуда мора да биде почитуван од страна на секој орган кој директно или индиректно се повикува на кривична одговорност на засегнатото лице. (види Vassilios Stavropoulos против Грција, по жалба бр. 35522/04, § 28-32, 27 септември 2007 година).

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1536/19 од 7.10.2019г. ПРАВО НА НАГРАДА ИМА САМО ПОЛНОМОШНИКОТ КОЈ Е АДВОКАТ член 107 став 2 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.1073/19 од 22.1.2020г.

ƒ Сентенца Полномошник кој е стручен соработник во адвокатска канцеларија нема право на награда за застапување.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1536/19 од 7.10.2019г.: „(...) Судот на оштетената Р.Т. не и досуди трошоци на име награда и нужни издатоци за застапување од страна на нејзиниот полномошник И.М. адвокат од С., од причина што на главната расправа беше присутен стручен соработник од адвокатската канцеларија на адвокатот. Па имајќи го предвид членот 107 од ЗКП дека полномошникот кој не е адвокат нема право на награда, следуваше судот да не и досуди трошоци на кривичната постапка на оштетената Р.Т.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.1073/19 од 22.1.2020г.: „Апелациониот суд (...) ги оцени како неосновани жалбените наводи на оштетената дека согласно одредбите од чл.67 од ЗКП, полномошникот не е задолжително да биде адвокат како што е тоа случај (...) за бранител во постапката во смисла на чл. 71 од ЗКП (...) Неспорно е дека полномошник во постапката не е задолжително да биде адвокат, поради што и првостепениот суд прифатил оштетената да ја застапува стручен соработник вработен кај полномошникот, меѓутоа согласно чл.107 од ЗКП полномошникот кој не е адвокат нема право на награда.“

28 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Практика на ЕСЧП: Во предметот на Correia de Matos против Португалија жалителот, адвокат, бил гонет за навреда на судија. Во својата жалба до ЕСЧП жалителот тврдел дека одлуките на домашните судови не му дозволиле самостојно да ја спроведе својата одбрана во кривичната постапка против него и барале да биде застапуван од адвокат, со што го повредиле правото на правично судење. Овој случај го разгледувал опфатот на правото на обвинетите кои имаат правно образование лично да се бранат себеси. Но, жалителот бил суспендиран од Советот на адвокатската комора во времето на оспорената постапка пред националните судови и според тоа не можел да делува како бранител во сопствениот случај. (види Correia de Matos против Португалија, по жалба бр.56402/12, пресуда на Големиот судски совет од 4 април 2018 година; Ibrahim и други против Обединетото Кралство, по жалба бр.50541/08, пресуда од 13 септември 2016 година).

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1193/16 од 10.1.2019г. ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА ИМОТНОПРАВНО ПОБАРУВАЊЕ член 114 став 2 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.513/19 од 27.9.2019г.

ƒ Сентенца Задолжувањето на обвинетиот да ја надомести штетата од кривичното дело и условното одлагање на извршувањето на казната не претставуваат двојно задолжување на обвинетиот со иста штета.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1193/16 од 10.1.2019г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје (...) постапувајќи по прецизираниот обвинителен акт на ОЈО Скопје против обвинетата В.С од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 вв ст.1 од КЗ, (...) согласно чл.381 од Законот за кривична постапка (...) на 10.01.2019 година, донесе Пресуда врз основа на признание на вина со која (...) судот на обвинетата и изрекува алтернативна мерка Условна осуда (...). Согласно чл.114 од Законот за кривична постапка се задолжува обвинетата В.С на оштетената Н.М-Ф. од С., Р.Б. да и го надомести имотноправното побарување во износ од 68.000 евра, во денарска противвредност од 4.216.000,00 денари, во рок од 2-две години по правосилноста на пресудата, под страв на присилно извршување. (...) Имајќи ја во вид тежината на стореното кривично дело и прибавената имотна корист од истото, судот, согласно чл.49 ст.2 од КЗ како посебен услов на обвинетата и наложи во рок од 2-две години по правосилноста на пресудата да ја надомести штетата што ја предизвикала со кривичното дело на оштетената –Н.М.Ф во износ од 68.000 евра, во денарска противвредност од 4.216.000,00 денари, односно определи дека утврдената казна затвор за обвинетата ќе се изврши, ако истата не ја исполни ваквата обврска во определениот рок.“

| 29 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.513/19 од 27.9.2019г.: „Апелациониот суд Скопје (...) во кривичниот предмет против обвинетата В.С од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот законик, (...) согласно чл.434 од Законот за кривичната постапка, донесе Пресуда со која се потврдува Пресудата на Основниот суд Скопје I Скопје К.бр.1193/16 од 10.01.2019г. (...) Советот на овој суд го ценеше, но не го прифати жалбениот навод истакнат во жалбата на обвинетата, во насока дека постои противречност помеѓу став 2 и став 3 од изречената условна осуда на недозволеност на двојно задолжување на обвинетата бидејќи ваквиот жалбен навод е спротивен на законските одредби од чл.114 од ЗКП и чл.49 ст.2 од Кривичниот законик(...). Погоре наведените законски одредби првостепениот суд правилно ги применил со оглед дека оштетената предјавила имотноправпо побарување спрема обвинетата па во таа смисла покрај одредбата од чл.114 од ЗКП со која ја задолжил обвинетата да го надомести имотноправното побарување на оштетената, правилно ја применил и одредбата од чл.49 ст.2 од Кривичниот законик која предвидува можност судот покрај основниот услов според кој казната нема да се изврши ако обвинетата за времето што ќе го определи судот не стори ново кривично дело, да може да определи и дополнителни услови децидно наведени во одредбата од чл.49 ст.2 меѓу кои и условот што го применил првостепениот суд, а тоа е обвинетата да ја надомести штетата што ја предизвикала со кривичното дело чиј рок за исполнување го определува во рамките на определеното време за проверување, а кој дополнителен услов секогаш има можност да го определи како во конкретниот случај со оглед на тежината на стореното кривично дело и прибавената имотна корист, а воедно имајќи го предвид и временскиот период од извршувањето на кривичното дело во кој очигледно дека обвинетата не ја надоместила штетата од стореното кривично дело и несомнено дека е потребно и правилно определувањето на двоен услов за надомест на штетата сторена со кривичното дело. “

¾ Практика на ЕСЧП: Не може да се бара од жалителот, после четири години од предјавувањето на своето оштетно побарување и после повеќе од десет години од настанот, да поведе нова постапка пред граѓанскиот суд со барање за обештетување поради претрпените повреди. (Stojanovski против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.41916/04, пресуда од 6 мај 2010 година). Во овој предмет, владата тврдеше дека судечкиот суд донел одлука по барањето на жалителот за надомест на штета во согласност со членот 101 став 2 од Законот за кривичната постапка, бидејќи тоа не било поднесено во согласност со член 98 став 3 од Законот за кривичната постапка, не било прецизирано ниту пак поткрепено со некакви докази. Владата понатаму, тврдеше дека жалителот не се впуштил во посебна граѓанска постапка по завршувањето на кривичната постапка со правосилна одлука и покрај тоа што бил советуван од страна на судечкиот суд. ЕСЧП забележува дека жалителот се жалел на недостаток на одлука за основаноста на неговото барање за надомест на штета и оцени

30 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

дека тоа ќе биде разгледувано како жалба за пристап до суд. Жалителот бил советуван од судечкиот суд да го поднесе, истовремено со кривичната постапка, своето барање за надомест на штета како посебна граѓанска тужба. Меѓутоа тоа што тој не повел таква постапка не може да се стави на негова штета, дотолку повеќе што граѓанските судови, според тврдењата на Владата, се обврзани да го чекаат исходот од кривичната постапка. ЕСЧП оценил дека има повреда на правото на пристап до суд како дел од правото на правично судење. (исто види Atanasova против Бугарија, по жалба бр.72001/01, § 34, пресуда од 2 октомври 2008 година).

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1193/16 од 10.1.2019г. ГРАЃАНСКАТА ПОСТАПКА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД КРИВИЧНО ДЕЛО НЕ ПРЕТСТАВУВА ПРЕЧКА ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИОТ ЗА ИМОТНОПРАВНОТО ПОБАРУВАЊЕ член 114 став 2 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.513/19 од 27.9.2019г.

ƒ Сентенца Постапката за присилно извршување на долг во кој е опфатена и штетата предизвикана со кривичното дело не претставува пречка за задолжување на обвинетиот да го надомести имотно-правното побарување.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1193/16 од 10.1.2019г.: „ (...) Судот не го прифати предлогот на бранителот за изведување на доказ кој би бил од влијание за утврдување на видот и одмерување на висината на кривичната санкција - Судско порамнување Х ГС-637/13 од 21.02.2014 година на Основен суд Скопје 2 Скопје, склучен на Записник за подготвително рочиште помеѓу тужителите правното лице А.НБ К. ЕООД С. и оштетената Н.М.Ф. и второ тужената, сега обвинетата В.С., бидејќи оцени дека одбраната имала доволно време до сега да го прибави овој писмен доказ во оригинал, уште повеќе што содржината на ова судско порамнување не е од релевантно значење за задолжувањето на обвинетата да го надомести имотно правното побарување на оштетената од стореното кривично дело, особено што и полномошникот на оштетената и обвинетата се согласија дека по ова судско порамнување не се наплатени воопшто пари од обвинетата кон оштетената, а уште помалку е релевантно за одлуката за утврдување на видот и одмерување на висината на кривичната санкција спрема истата.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.513/19 од 27.9.2019г.: (...) Правилно првостепениот суд не го прифатил предлогот на бранителот за одлагање на рочиштето за главна расправа заради изведување иа доказ - судско порамнување X ГС.637/13 од 21.02.2014 година, кој според одбраната би бил од влијание за утврдување на видот и одмерување на висината на кривичната | 31 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

санкција бидејќи одбраната имала доволно време, а воедно и обврска да го прибави овој доказ доколку ценела дека е потребно да го предложи како доказ на главната расправа, а од друга страна содржината на судското порамнување, не е од релевантно значење за задолжување на обвинетата да го надомести имотно-правното побарување на оштетената од стореното кривично дело, дотолку повеќе што и полномошникот на оштетената и обвинетата се согласиле дека по судското порамнување не се наплатени воопшто пари од обвинетата кон оштетената, како и дека обвинетата воопшто не го платила износот од 68.000 евра кои што и биле дадени од страна на оштетената. Впрочем, обвинетата го признала извршувањето на кривичното дело, при што била поучена и опомената за последиците од признанието на вината, вклучително и за последиците поврзани за имотноправното побарување, при што обвинетата се согласила со сите правни последици од признанието на вината, поради што жалбените наводи со кои се настојува да се прикаже дека неправилно првостепениот суд не прифатил да се изведе како доказ судското порамнување X ГС.637/13 од 21.02.2014 година, кој доказ според одбраната судот бил должен да дозволи да се изведе, се неосновани, неприфатливи и ирелевантни по однос на задолжувањето на обвинетата да го надомести имотно-правното побарување за кое судот бил обврзан согласно одредбите од чл.114 ст. 1 и ст.2 од ЗКП да одлучи со пресудата со која обвинетата е огласена виновна за предметното кривично дело, дотолку повеќе што имотноправното побарување, воопшто не е надоместено на оштетената, која околност е неспорно утврдена во текот на постапката.“

¾ Практика на ЕСЧП: Својството во коешто оштетениот учествува во кривичната постапка (како непосреден или супсидијарен жалител или претежно како оштетена страна) нема никаков удел во применливоста на членот 6 во однос на имотно-правното барање. (Popovski против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.12316/07, пресуда од 31 октомври 2013 година) Согласно членот 98(2) од Законот за кривичната постапка, кој бил во сила во тоа време, имотно-правното барање може да биде истакнато сè до завршувањето на кривичната постапка пред првостепениот суд. Не бил истакнат ниту еден аргумент дека тоа правило не се однесува на барањето имотно-правното барање да биде определено до крајот на постапката. Треба да се напомене дека судењето во овој случај не довело до донесување на мериторна одлука, но било завршено поради истек на апсолутниот рок за застареност. Дотолку повеќе, произлегува дека судечкиот суд не преземал ниту едно дејствие во однос на жалителот за надомест на штета, како што е тоа предвидено според важечкото право. Владата укажала дека кривичната постапка не била соодветно средство за остварување на имотно-правните барања со оглед дека кривичните судови во пракса се воздржувале од (мериторно) одлучување за основаноста на таквите барања и наместо тоа, ги упатувале оштетените да ги остварат истите во

32 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

граѓанските судови. ЕСЧП оценил дека статистичките информации обезбедени во оваа смисла се недоволни да го поддржат таквиот аргумент. Останува нејасно во колку случаи на клевета поднесени пред судовите во референтниот период тужителите барале надомест на штета. Барањето за надомест на штета истакнато од страна на жалителот било засновано врз важечкото право кое според наоѓањето на ЕСЧП јасно утврдува дека (кривичните) судови можат да досудат надомест на штета. Соодветно на тоа, не било неразумно за жалителот да очекува дека кривичните судови би го разгледале неговото барање за надомест на штета. Законот за кривичната постапка од 2010 година исто така предвидува можност оштетените од кривичното дело да бараат обештетување во кривичните судови. Врз основа на овие согледувања, ЕСЧП оценил дека членот 6 од ЕКЧП станал применлив во однос на спорните постапки кога жалителот се придружил како странка во постапката, имено од моментот кога тој го истакнал неговото барање за паричен надомест на штета. Слично и во предметот на Стојановски (види Stojanovski против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.41916/04, § 36-40, пресуда од 6 мај 2010 година), ЕСЧП отфрли идентичен приговор од државата во однос на барањето за надомест на штета кој жалителот, како оштетена страна, го беше истакнал во кривичната постапка поведена ex officio против трето лице. [види пресуди Sadak и други против Турција (no.1), по жалби бр.29900/96, 29901/96, 29902/96 и 29903/96, § 67, ECHR 2001-VIII); Atanasova против Бугарија, по жалба бр.72001/01, § 52, пресуда од 2 октомври 2008 година).

¾ Укинати и преиначени одлуки на ОКС Скопје

СУДОТ ОДЛУЧУВА ЗА ИМОТНОПРАВНОТО ПОБАРУВАЊЕ ВО ГРАНИЦИТЕ НА ПРЕДЛОГОТ НА ОВЛАСТЕНИТЕ ЛИЦА член 110 став 2 в.в со член 116 од ЗКП

ƒ Сентенца Судот нема законска можност да го задолжи обвинетиот да ја надомести (не)материјалната штета кога оштетениот истакнал предлог да се поништи правната работа која настанала со извршување на кривичното дело, а за имотноправното барање за (не)материјална штета предложил да биде упатен на спор.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1815/17 од 21.2.2019г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по поднесениот обвинителен акт на ОЈО С. (...), против обвинетиот А.Р. од С. за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 од КЗ, прецизирано во квалификацијата во кривично дело Измама од чл. 247 ст.4 в.в со ст.1 од КЗ, обвинетиот го огласил виновен и му изрекол соодветна кривична санкција. Согласно чл.114 од ЗКП обвинетиот А.Р. го задолжил на законските застапници – оштетени М.П.В. и С.П., да им го надомести износот

| 33 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

на нанесена, а ненадоместена материјална штета на нивниот татко оштетениот С.П. од вкупно 30.703.730,00 денари, во рок од 6 месеци по правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување. Согласно чл.116 в.в со чл.110 ст.2 од ЗКП, со оглед дека имотно правното побарување се однесува на поништување на определена правна работа, судот нашол дека барањето е основано и ја поништил правната работа која настанала со извршување на кривичното дело и е спротивна на закон, како и последователните договори врз основа на таа правна работа и тоа: Нотарски акт - полномошно (...); Нотарски акт договор за продажба на недвижен имот (...) со прилог и имотен лист препис бр.(...); Потврда на приватна исправа (...) со прилог договор за купопродажба (...) и имотен лист - препис бр.(...); Нотарски акт договор за купопродажба на недвижност (...) со прилог имотен лист - препис (...). Во образложението навел дека полномошникот на оштетените предложил да биде прифатен посебниот предлог на ОЈО С., од обвинителниот акт, и согласно чл.110 ст.2 в.в со чл.116 од ЗКП, во својата одлука пресуди во полза на оштетените со што ќе ги поништи сите акти кои се предмет на оваа постапка. Побарал судот оштетените да ги упати во парница за оштетно правно побарување за нематеријална штета.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, Кж.бр.442/19 од 20.11.2019г.: „Апелациониот суд Скопје со пресуда (...) ја потврдил пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.1815/17 од 21.02.2019 година освен во делот на одлуката за имотно-правното барање – надомест на материјална штета и поништување на правната работа која настанала со извршување на кривичното дело. Со решение, по повод жалбата, а по службена должност ја укинал одлуката за имотно-правното барање – надомест на материјална штета и поништување на правната работа која настанала со извршување на кривичното дело. Образложил дека првостепениот суд донел одлука надвор од рамките на поставеното имотноправно барање од оштетените М.П.В и С.П и од ОЈО С. кои предлагаат судот согласно чл.110 став 2 и чл.116 од ЗКП да ја поништи правната работа нотарски акт – полномошно ОДУ бр.(...) која настанала со извршување на кривичното дело и е спротивна на закон како и последователните договори врз основа на таа правна работа како и да ги упати оштетените за остварување на своето оштетно правно побарување за нематеријална штета на спор. Образложил дека од членовите 110 став 2 и 116 од ЗКП анализирани во контекст на предметот на обвинението и во таа насока фактичкиот опис на кривично- правниот настан како и целината на утврдените факти, произлегува дека првостепениот суд немал законска можност да го задолжи обвинетиот да им го надомести износот на нанесена, а ненадоместена материјална штета на нивниот татко – оштетениот С.П. од вкупно 30.703.730,00 денари во рок од шест месеци по правосилноста на пресудата, со оглед дека согласно одредбите на ЗКП, за имотно-правно барање што настанало поради извршување на кривично дело ќе се расправа по предлог од овластените лица во кривичната постапка, а во конкретниот случај во предлогот на овластените лица не е содржано барање за надомест на материјална штета туку за поништување на правната работа.

34 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Дал напатствија, при повторно постапување првостепениот суд да ги има предвид наведените укажувања и да донесе одлука во рамките на поставеното имотноправно барање од овластените лица во кривичната постапка, а доколку утврди со сигурност дека паричните средства од продажбата на имотот, лицата С.Т, О.С и Р.К му ги дале на рака на обвинетиот во тој случај да утврди дали се исполнети условите за конфискација на имотната корист стекната со извршување на кривичното дело од страна на обвинетиот.“

4. ПРОЦЕСНИ МЕРКИ И ДЕЈСТВИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИЦА И ДОКАЗИ

Решение на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1315/18 од 6.7.2018г. РЕЛЕВАНТНИ ОКОЛНОСТИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МЕРКАТА ПРИТВОР ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД БЕГСТВО член 165 став 1 точка 1 од ЗКП Потврдено со Решение на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.623/18 од 25.7.2018г.

ƒ Сентенца: Не е оправдано определување на мерка притвор поради опасност од бегство, во околности кога обвинетиот е со постојано место на живеење, самиот ја доставил адресата на престојувалиштето, изјавил дека се кае за стореното и против него не се води постапка за друго кривично дело.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје, К.бр.1315/18 од 6.7.2018г.: „(...) Спрема обвинетиот се определени мерки на претпазливост, односно му се забранува напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето на подрачјето на Град Скопје, како и му се наложува на обвинетиот Ж.В. секој работен понделеник во месецот, најдоцна до 12,00 часот, сметано од правосилноста на решението да се јавува во Основен суд Скопје 1 Скопје, кај надлежен службеник на шалтер бр.11. (...) Испитувајќи ги причините за опстојување на мерката притвор против обвинетиот Ж.В. од Скопје, судот најде дека не постојат причините предвидени во член 470 став 1 точка 1 од ЗКП, за определување на мерката притвор спрема истиот. Имено, судот при испитување на причините за определување на мерката притвор по однос на постоење на опасност од бегство и криење на обвинетиот ги ценеше пред се личните својства и околности на обвинетиот, кој е лице со познат и утврден идентитет. Судот наоѓа дека во конкретниот случај не се присутни причините поради кои што притворот против обвинетиот Ж.В. би бил оправдан и единствена рационална мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот. Обвинетиот е со познато место на живеење и престојување, со оглед да и самиот ја има доставено адресата

| 35 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

на престојување на јавниот обвинител, како и дека станува збор за релативно млада личност. Во поткрепа на околноста дека обвинетиот нема намера да се даде во бегство е фактот што истиот пред јавниот обвинител изјавил дека се кае за стореното, не размислил за последиците и посетува психијатар, околноста дека против обвинетиот не се водат постапки за други кривични дела, како и имајќи ја во предвид запретената казна за квалификацијата на кривичните дела кои му се ставаат на товар. Судот цени дека неосовани се наводите на застапникот на обвинението во предлогот за определување на мерка притвор затоа што постоела опасност од бегство, бидејќи видно од списите на предметот е дека при неговото сослушување истиот покрај неговата адреса на живеење според лична карта ја пријавил и адресата на неговото престојувалиште. Воедно, за судот е неприфатливо од кои причини јавниот обвинител предлага определување мерка притвор, по изминат временски период повеќе од месец време од настанот, а во ситуација кога видно од списите на предметот, обвинетиот бил приведен од страна на Министерство за внатрешни работи и по напатствија на дежурен јавен обвинител бил задржан на натамошна постапка, па во таа смисла мерката притвор доколку била неопходна можела уште во тој стадиум на постапката да биде предложена.“

ƒ Од Решението на АС Скопје, КЖ.бр.623/18 од 25.7.2018г.: „(...) Имено, по оценка на советот на овој суд правилно првостепениот суд при испитувањето на причините за определување на мерката притвор против обвинетиот Ж.В (...) утврдил дека обвинетиот е со познат и утврден идентитет, истиот е со познато место на живеење и престојување, со оглед дека самиот ја доставил адресата на престојување на јавниот обвинител, а воедно судот ја имал предвид и изјавата на обвинетиот пред јавниот обвинител, како и наводите дека посетува психијатар, околноста во врска со возраста на обвинетиот, кој е млад човек, против обвинетиот не се водат постапки за други кривични дела, како и дека во конкретниот случај не постојат особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека обвинетиот ќе ги повтори кривичните дела кои што му се ставаат на товар, при што правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај не постојат причини поради кои притворот против обвинетиот би бил единствена прифатлива мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот и дека не се исполнети условите за определување мерка притвор од чл.470 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП. (...) Притоа, имајќи ги предвид околностите по однос на кривично-правниот настан, личните прилики на обвинетиот, ценети во корелација со видот и карактерот на кривичните дела кои што му се ставаат на товар, предвидената казна за истите, како и околноста дека при одлучувањето за притворот судот треба да води посебна сметка за сразмерноста помеѓу тежината на стореното кривично дело, казната која може да се очекува според податоците со кои располага судот и потребите за определување и траење на притворот, како и обврската на судот по службена должност, согласно чл.144 од ЗКП да внимава да не се примени потешка мерка ако може истата да се постигне со поблага мерка, по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд оценил дека присуството на обвинетиот во текот на постапката може да се обезбеди

36 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

со мерките на претпазливост определени како во изреката на обжаленото решение, кои доколку обвинетиот не се придржува кон истите, можат да бидат заменети со построга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот.“

¾ Практика на ЕСЧП: Продолжениот притвор во одреден случај може да биде оправдан само ако постојат конкретни индикации за вистинската потреба на јавниот интерес која без разлика на пресумпцијата на невиност, надвладува над правилото за почитување на личната слобода утврдена во ЕКЧП. (види Labita против Италија [GC], по жалба бр.26772/95, § 119, ECHR 2000-IV) Притворот пред судење на обвинето лице не смее да го надмине разумниот рок. За оваа цел националните власти мора да обрнат соодветно внимание на принципот на пресумпција на невиност, да ги проверат сите факти за или против постоењето на условот за јавен интерес. Затоа, истрајноста на основан сомнеж дека лицето што е уапсено сторило дело, е услов sine qua non за законитоста на континуираниот притвор, но после одреден временски период повеќе не е доволен. Во такви случаи мора да се утврди дали другите основи посочени од судските власти и понатаму го оправдуваат лишувањето од слобода. Кога таквиот основ е „релевантен“ и „доволен“ ЕСЧП мора исто така да биде задоволен дека националните власти покажале „посебна трудољубивост“ во спроведувањето на постапката. Во случајот на Кудла против Полска, се оспорува дека главната причина зошто властите наредиле да се издаде „потерница“ и жалителот повторно да биде притворен бил фактот дека тој не се придржувал на роковите за поднесување на медицинското уверение и дека постоел ризик дека би избегал, ризик кој го оправдувал неговиот притвор за да се обезбеди соодветно спроведување на постапката. Судовите го повторувале тоа мислење речиси во сите свои одлуки со кои се отфрлале бројните барања за ослободување кој ги поднел во годините што следеле по неговото апсење. Ризикот од негово бегство бил еден од главните фактори што Регионалниот суд го зел во предвид кога го утврдувал износот на кауцијата што се барала од г-динот Кудла. Овој ризик наложил негов притвор покрај основаниот сомнеж дека жалителот сторил дела на измама и фалсификување, навистина бил главната причина зошто бил држен во притвор во периодот во прашање. ЕСЧП утврдил дека причините на кои се потпираат судовите во своите одлуки не биле доволни за да се оправда жалителот да биде држен во притвор во текот на периодот што е во прашање. (види Muller против Франција, пресуда од 17 март 1997 година, Reports 1997-II, p. 388, § 35; Kudla против Полска, по жалба бр.30210/96, пресуда од 26 октомври 2000 година).

| 37 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1450/18 од 16.5.2019г. ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА И/ИЛИ ИСКАЗ НА ДРУГ ОСУДЕН СЕ СМЕТААТ ЗА ДОКАЗ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА член 212 од ЗКП Пресудата на ОКС Скопје е преиначена од Апелациониот суд Скопје, со Пресуда КЖ.бр.701/19 од 26.11.2019г. само во делот на висината на кривичната санкција, а во останатиот дел е потврдена.

ƒ Сентенца: Во кривичната постапка како доказ може да се изведат правосилни пресуди за други сообвинети – осудени лица, а воедно истите осудени лица можат да се испитаат на главна расправа во својство на сведоци.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1450/18 од 16.5.2019г.: „ (...) Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе пресуда (...) со која обвинетата Т.Б. ја огласил за виновна и изрекол алтернативна мерка условна осуда за кривично дело - Примање поткуп по чл.357 ст.1 од КЗ, затоа што (...) како службено лице – соработник за правно катастарски работи за ажурирање на податоци во катастарот на недвижности и воспоставување на катастар на инфраструктурни објекти во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје индиректно од сега осудениот А. Н. преку сега осудениот М.К. примила ветување за парична корист за себе, а износот на паричната корист требал дополнително да биде определен и зависел од сложеноста и ризикот во потфатот што требала да го превземе обвинетата Т. за да изврши службено дејствие што не би смеела да го изврши (...). Судот го ценеше исказот на сведокот А.Н. и истиот го прифати во делот каде наведува дека било донесено решение за времена мерка на имотот (...), како и дека разговарал со осудениот М.К во врска со делбата на имотот затоа што на шалтерите во катастарот не можел да ја заврши работата, а со него телефонски контактирал, но и се видел во кафеана во Кисела вода. Исто така судот поклони верба во делот каде наведува дека е правосилно осуден за кривично дело - Давање поткуп од член 358 ст. 1 од КЗ со пресуда 4 КПП бр.111/2016 од 12.02.2016 година, како и дека знае дека му било судено бидејќи на обвинетата Т.Б и дал ветување за подарок, за да истата изврши службено дејствие, што не би требало да го изврши, а ветувањето за подарок го дал преку М.К. Судот не поклони верба на исказот на сведокот во делот каде што тој кажува дека преку осудениот М.К. не дал ветување - износи за обвинетата Т.Б за да се изврши конкретната поделба во имотниот лист (...) од причина што е спротивен на признанието кое го дал во постапката 4 КПП бр. 111/2016 од 12.02.2016 година за кое нешто како што погоре е наведено е осуден со правосилна пресуда. (...) Судот го ценеше и го

38 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

прифати исказот на сведокот М.К. во делот каде наведува дека имал контакти со осудениот А.Н кој му побарал да му погне околу предметот во катастар. Судот исто така го прифати исказот на сведокот во делот каде наведува дека бил осуден за настан за поткуп кој се однесувал за индиректно ветување (...). Судот не поклони верба на исказот на сведокот каде наведува дека не се сеќава на осудениот А. Н., туку само знае дека имал контакт со истиот, како и во делот каде наведува дека од страна на осудениот А.Н не му било кажано дека предметниот имот бил забранет за отуѓување со времена мерка. Судот исто така не поклони верба во делот каде наведува дека за имотот за која била направена средбата со осудениот А.Н. не се исконсултирал со никого, како и дека поткуп од осудениот А.Н. наменет за обвинетата Т.Б не примил, ниту пак осудениот А.Н. ветил дека ќе и плати на обвинетата по завршената работа. Судот не поклони верба на погоренаведеното, од причина што е спротивен на признанието кое сведокот-осудениот М.К. го даде на расправата одржана на ден 10.06.2016 година, предупреден за правните последици од давање на истата, па судот донесе пресуда врз основа на признание на вина К.бр.995/16 (...).“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.701/19 од 26.11.2019г.: „(…) Советот на овој суд ги ценеше жалбените наводи содржани во жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, а на околности дека првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности, односно дека истите не се вреднувани и оценети на рамниште како што заслужуваат, особено околноста по однос на последиците кои ги предизвикала обвинетата со своето дејствување и кои настанале или можеле да настанат, помеѓу другото и по судбината на нејзините колеги, па оттука изречената алтернативна мерка – условна осуда како се наведува во жалбата на обвинителството претставува антипод на заложбата за владеењето на правото и санкционирање на коруптивни поведенија на државните службеници и со истата нема да се постигнат целите на казнувањето, па истите ги прифати за основани.“

| 39 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

5. ПРЕТХОДНА ПОСТАПКА И ОБВИНУВАЊЕ

Решение на Основен кривичен суд Скопје, КОК-ООА.бр.12/20 од 14.4.2020г. ИЗЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ВИНАТА ПРИ ОЦЕНА НА ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ член 329 в.в до член 334 став 6 од ЗКП

ƒ Сентенца Судијата за оцена на обвинителен акт ќе ги издвои сите списи од предметот кои упатуваат дека осомничениот дал изјава за признавање на вината и во посебна обвивка со писмо ќе ги достави до судијата на претходна постапка на чување, доколку во фаза на оцена на обвинителен акт осомничениот даде изјава за признавање на вината, a спогодувањето помеѓу јавниот обвинител и осомничениот остане безуспешно.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје, КОК-ООА.бр12/20 од 14.4.2020г.: „(...) Советот за оцена на обвинителниот акт, одлучувајќи по поднесениот приговор, на седницата одржана на 17.10.2017 година, донесе Решение КОК-ООА.бр12/20 од 14.04.2020 .година, со кое приговорот од осомничениот И.Р. (...), го одби како неоснован и го одобри обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство С., против осомничениот И.Р. за кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.4 вв ст.1 од КЗ. (...) Советот за оцена на обвинителниот акт, без да се впушти во оцена на доказите прибавени во текот на истрагата, а кои се поименично наведени во листата на докази доставена во прилог на обвинителниот акт, смета дека во оваа фаза на постапката не може да се исклучи основаноста на сомнението за сторување на кривичното дело, кое со предметниот обвинителен акт му се става на товар на осомничениот И.Р (...), така што сите факти и околности во врска со кривично-правниот настан, ќе бидат предмет на оценка на судот во контрадикторна постапка на главна расправа.“

ƒ Од Дописот до судијата на претходна постапка при ОКС Скопје: „(...) Осомничениот И.Р. (...) преку неговите бранители (...) во законски предвидениот рок од чл.327 од ЗКП, доставија поднесок со наслов „Изјава за признавање на вината по повод покренатиот обвинителен акт со барање за спроведување на постапка за спогодување заради донесување на пресуда врз основа на спогодба. (...) Согласно чл.334 ст.6 од ЗКП, поднесената изјава за признавање на вината, односно записникот во кој е содржана изјавата за признавање на вината која судијата или советот за оцена на обвинителниот акт не ја прифатил не може да се користат како доказ во натамошната кривична постапка. Судијата или советот за оцена на обвинителниот акт ќе обезбеди поднесокот, односно записникот со изјавата за признавање на вината да се затвори во посебна обвивка и да се издвои од списите на предметот.“ 40 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Практика на ЕСЧП: ЕСЧП утврдува дека, иако примарната цел на правото на правично судење во однос на кривичните постапки е да обезбеди правично судење пред суд кој е надлежен да одлучи за кривичните обвиненија, тоа не значи дека членот 6 од ЕКЧП е неприменлив во однос на пред-расправната постапка. Така, членот 6 може да биде релевантен пред предметот да се најде во фаза на судење, во онаа мера во која е извесно дека правичноста на судењето може сериозно да биде доведено во прашање поради иницијалниот пропуст да се постапува согласно одребите од истиот. (види Salduz против Турција [GC], по жалба бр.36391/02, § 50, ECHR 2008; Lisica против Република Хрватска, по жалба бр.20100/06, § 47, пресуда од 25 февруари 2010 година).

6. ГЛАВНА РАСПРАВА И ПРЕСУДА

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1449/18 од 14.1.2019г. ПОУКА ЗА ПРАВАТА И ИЗЈАСНУВАЊЕ ЗА ВИНА НА ОБВИНЕТИОТ член 380 ставови 1 и 2 од ЗКП Преиначена само во делот на висината на кривичната санкција, а потврдена во останатиот дел со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.975/19 од 12.12.2019г.

ƒ Сентенца Признанието на вина дадено од обвинетиот кој е писмен, со делумно завршено образование, со ништо не е доведено под сомнение кога на главната расправа обвинетиот бил запознаен со содржината на обвинителниот предлог и поучен за неговите права во текот на главната расправа во смисла на чл.380 ст.1 и 2 од ЗКП, а на главната расправа биле присутни и неговите бранители.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје К.бр.1449/18 од 14.1.2019г.: „(...) Основниот суд Скопје 1 Скопје (...) постапувајќи по обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје (...) за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообрќајот (...) донесе Пресуда врз основа на признание на вина. Обвинетиот С.М (...) го огласи виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообрќајот (...) и му изрекол казна затвор во траење од 9-девет месеци. Постапувајќи по обвинителниот предлог судот на ден 14.01.2019 година, одржа главна, јавна и усна расправа на која по изнесување на содржината на обвинителниот предлог од страна на јавниот обвинител, обвинетиот С. М. даде изјава за признавање на вината за кривичното дело кое му се става на товар поради што судот откако се увери дека ваквото признание на обвинетиот е дадено доброволно, како и

| 41 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

дека обвинетиот е свесен за правните последици од истото и за последиците сврзани за трошоците на постапката и имотно – правното барање, ги изведе само доказите кои се однесуваат на одлуката за кривичната санкција и имотно – правното барање (...).

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.975/19 од 12.12.2019г.: „Апелациониот суд Скопје (...) ги ценеше жалбените наводи истакнати во жалбата изјавена лично од обвинетиот во која покрај одлуката за казната се содржани наводи и во однос на даденото признание на вина и се истакнува дека истото се доведува под сомнение со оглед да обвинетиот е неписмен човек со завршено четврто одделение. Воедно се наведува дека првостепениот суд не го имал предвид спроведеното вештачење и доприносот на оштетеното и на покојното дете како и фактот дека кај обвинетиот не постои вина за стореного кривично дело, но истите не ги прифати за основани. Ова од причина што, видно од списите на предметот на главната расправа одржана па ден 14.01.2019 година покрај обвинетиот биле присутни и неговите бранители-Љ.С адвокат од Скопје и В.С адвокат од Скопје, во чие присуство обвинетиот откако бил запозпаен со содржината на обвинителниот предлог, поучен во смисла на чл.381 ст.1 и 2 од ЗКП, доброволно и свесен за последиците за делото дал признание на вина која ги опфаќа сите битни обележја на кривичното дело за имотно правното побарување и трошоците на постапката поради што правилно првостепениот суд оценил дека се исполнети условите од член 381 од ЗКП за да донесе пресуда врз основа на признание на вина. (...) Врз основа на утврдената фактичка состојба во предметот првостенениот суд правилно го применил КЗ со оглед да во дејствијата на обвинетиот прецизно опишани во изреката на обжалената пресуда се содржани сите битни слементи на кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.4 в.в со чл.297 ст.З в.в со ст.1 од Кривичниот законик.“

¾ Практика на ЕСЧП: Во интерес на правична и праведна кривична постапка од суштинско значење е обвинетиот да се појави на своето судење, а обврската да му се гарантира правото да биде присутен во судницата на обвинетиот во кривични предмети, било во текот на првичната постапка или при повторното судење, претставува едно од најосновните услови од членот 6. (Stoichkov против Бугарија, по жалба бр.9808/02, § 56, пресуда од 24 март 2005 година). Дополнително, правото на правично судење подразбира и гаранции на „секое обвинето лице“ правото „да се брани самиот“, „самиот да ги сослуша сведоците или да бара сослушување на сведоците“ и „да користи бесплатно помош од толкувач ако не го разбира или зборува јазикот на кој се одвива судењето“. Сепак, личното присуство на обвинетиот го нема истото суштинско значење за жалбеното рочиште како кај првостепеното судење. Начинот на примена

42 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

на членот 6 во постапката пред апелациониот суд зависи од конкретните особености на засегнатата постапка; мора да се земе предвид целокупноста на постапката во националниот правен поредок и улогата на апелациониот суд во истиот. Постапките за жалба и постапките што исклучиво вклучуваат правни прашања наспроти фактички прашања може да ги почитуваат условите од членот 6 од ЕКЧП, иако жалителот не добил можност да биде сослушан лично од апелациониот или касациониот суд, под услов да било одржано јавно рочиште во прва инстанца. Секое лице обвинето за кривично дело има право „веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и причините на обвинението поведено против него“. Иако оваа одредба не прецизира дека релевантните информации треба да бидат дадени по писмен пат или да бидат преведени во писмена форма за странско обвинето лице, сепак таа укажува на посебното внимание што треба да се посвети за да се извести обвинетиот за „обвинението“ и тоа подразбира да се обезбеди и толкувач. Водењето на одбраната во суштина е работа на обвинетиот и неговиот бранител, без оглед дали бранителот е именуван согласно шема за бесплатна правна помош или е приватно финансиран. ЕКЧП не спречува лицето да се откаже по сопствена слободна волја, изречно или премолчено, од правото на гаранциите на правично судење. Меѓутоа сепак, таквото откажување за да биде ефективно за целите на ЕКЧП, мора да биде утврдено на недвосмислен начин и да биде придружено од минималните гаранции што ќе соодветствуваат со неговата важност и не смее да оди во спротивната насока од друг важен јавен интерес. ЕСЧП утврдил дека во случаи кога обвинетиот не е лично известен, не може да се заклучи дека тој се откажал од правото да присуствува на судењето и самиот да се брани само поради фактот дека тој бил прогласен за latitante (односно, намерно ја избегнувал доставата на налог издаден од суд) потпирајќи се врз претпоставка со недоволна фактичка основа. Лицето што е „обвинето за кривично дело“ не смее да биде оставено со товарот на докажувањето дека не барало да ја избегне правдата или дека неговото отсуство се должело на виша сила, па се остава на домашните власти да оценат дали обвинетиот покажал добра причина за неговото отсуство или дали постои нешто во неговото досие што ќе го потврди наодот дека бил отсутен поради причини надвор од неговата контрола. (види Ekbatani против Шведска, пресуда од 26 мај 1988 година, § 27, Серија А бр.134; Monnell и Morris против Обединетото Кралство, пресуда од 2 март 1987 година, § 56, Серија А бр.115; Sutter против Швајцарија, пресуда од 22 февруари 1984 година, § 30, Серија А бр.74; Tabaï против Франција (одлука), по жалба бр.73805/01, пресуда од 17 февруари 2004 година; Vakili Rad против Франција, по жалба бр.31222/96, одлука на Комисијата од 10 септември 1997 година).

| 43 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1821/19 од 1.11.2019г. ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ И ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА член 381 став 3 в.в. со член 385 став 3 од ЗКП Потврдена во делот на одлуката, преиначена во делот за кривичната санкција со Пресуда на Апелационен суд Скопје, Кж.бр.81/20 од 5.2.2020г.

ƒ Сентенца После валидно даденото признание на вина на главната расправа, непотребен и без значење е предлогот на одбраната да се изготви невропсихијатриско вештачење за пресметливоста (непресметливоста) на обвинетиот во времето на сторувањето на кривичното дело.

ƒ Од Пресудaтa на ОКС Скопје, К.бр.1821/19 од 1.11.2019г.: „Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по поднесениот обвинителен акт на ОЈО Скопје КО (...), против обвинетиот О.А од С., за кривично дело – Тешка кражба од чл.236 ст.2 од КЗ и кривично дело Напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста од чл.383 ст.2 вв со ст.1 вв со чл.45 од КЗ, (...) донел пресуда врз основа на признание на вина, го огласил виновен обвинетиот О.А од С. и го осудил на вкупна единствена казна затвор во траење од 2 – две години и 4 – четири месеци, (...). Образложил дека по даденото признание за вината, судот испитал дали признанието дадено од обвинетиот е доброволно, дали обвинетиот е свесен за правните последици од признавањето на вината, за последиците сврзани за трошоците на кривичната постапка и имотно правното побарување. Судот утврдил дека обвинетиот признанието го дава свесно и доброволно, врз него не е употребена сила, ниту закана и не му е ветена никаква корист. Не боледува од никаква психичка болест, дека е релативно здрав и свесен е за значењето на своите дејствија и нивните последици. Признанието го дава свесно и јасни му се последиците, односно дека ќе му биде изречена казна и дека ќе му се изречат и трошоци по кривичната постапка.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, Кж.бр.81/20 од 5.2.2020г.: „Апелациониот суд Скопје (...), донел пресуда со која ја уважил жалбата на ОЈО С., а делумно ја уважил жалбата на обвинетиот О.А. од С. (...) и ја преиначил пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1821/19 од 01.11.2019 година заради правилна примена на Кривичниот законик и во делот на одлуката за кривичната санкција. (...) Образложил дека во конкретниот случај фактичкага состојба е утврдена врз основа на признанието на вина од страна на обвинетиот О.А кое е целосно доброволно, свесно и со целосно разбирање на последиците од признанието на вината. Жалбениот навод истакнат во жалбата на обвинетиот дека првостепениот суд на главната расправа извел доказ - вештачење за здравствената состојба на обвинетиот кое воопшто не е наведено во пресудата, оценил дека е неоснован и не наоѓа поткрепа во списите на предметот и во

44 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

изведените докази бидејќи од списите на предметот утврдил дека вештачење за здравствената состојба на обвинетиот воопшто не било приложено, ниту изведено како доказ, а по даденото признание на вина од страна на обвинетиот судот како докази кои се однесуваат за одлуката за кривичната санкција ја извел потврдата на одделението за казнена и кривична евиденција на име на обвинетиот О.А. Советот го разгледал и жалбениот навод дека постојат околности што ја исклучуваат кривичната одговорност на обвинетиот бидејќи во времето на сторување на кривичните дела бил непресметлив поради привремена душевна болест предизвикана од употреба на наркотични дроги, поради што одбраната предложила вештачење на таа околност кое судот не го прифатил, но ваквиот жалбен навод го оценил како неоснован бидејќи видно од записникот за главната расправа од 01.11.2019 година првостепениот суд констатирал дека предлогот на одбраната да изготви невропсихијатриско вештачење за обвинетиот не претставува процесна пречка за одржување на главната расправа бидејќи не постоело никакво сомневање дека обвинетиот не е во состојба да присуствува или да го следи текот на главната расправа. Дотолку повеќе што и судот се уверил дека истиот комуницира уредно и свесно одговара, јасно и целосно на прашањата на судот и не покажува со ништо било какво сомневање дека го следи текот на рочиштето. Воедно, на прашање на судот по однос на здравствената состојба обвинетиот се произнел по однос на здравствените проблеми и неговите наводи се содржани во записникот за главната расправа, па од тие причини судот констатирал дека невропсихијатриското вештачење на одбраната како доказ треба да се достави доколку се изготви во текот на изведувањето на доказите, а потоа на главната расправа обвинетиот согласно чл.380 ст.З од ЗКП ја признал вината за кривичните дела коишто му се ставаат на товар при што судот со сигурност се уверил дека обвинетиот признанието го дал доброволно свесно и со целосно разбирање за последиците од признанието на вината, а воедно и по однос на здравстената состојба изјавил дска е во релативно добра здравствена состојба и тоа физички и психички сосема е свесен за своите дејствија и нивното значење. Заклучил дека жалбените наводи истакнати во жалбата на обвинетиот со кои се настојува да се прикаже дека обвинетиот не бил во состојба да признае вина, се неосновани и дадени со цел за избегнување на кривичната одговорност на страна на обвинетиот.“

¾ Практика на ЕСЧП: Додека членот 6 го гарантира правото на правично судење, тој не ја регулира во исто време допуштеноста на доказите како такви, материја која е пред се во надлежност на домашното право. (види Teixeira de Castro против Португалија, пресуда од 9 јуни 1998 година, § 34, Збирка 1998-IV). Правото на молчење и правото да не се биде присилен на самоинкриминирање претставуваат меѓународно признаени стандарди кои се во срцето на поимот на правично судење. Причината за постоењето на овие стандарди се должи, меѓу

| 45 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

другото, на заштитата на обвинетиот од користење на прекумерна присила од страна на властите, а со тоа се избегнуваат судските грешки и се постигнуваат целите на правичното судење. Особено, правото да не се самоинкриминира претполага дека, во кривична постапка, обвинението се обидува да ја поткрепи својата аргументација без да користи докази за вина кои биле добиени по пат на присила или притисок, против волјата на обвинетиот. За да испита дали одредена постапка ја уништила самата суштина на правото да не се самоинкриминира, судот треба посебно да ги разгледа следните елементи: видот и степенот на присила, постоењето на соодветни гаранции во постапката и како се употребени доказните елементи добиени на ваков начин. (види Tirado Ortiz et Lozano Martin против Шпанија (одлука), по жалба бр.43486/98, ЕСЧП 1999-V).

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1625/17 од 24.1.2018г. ДОКАЗНА ИНИЦИЈАТИВА НА СУДОТ член 382 и член 394 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.308/18 од 24.4.2018г.

ƒ Сентенца Во кривичната постапка странките ги предлагаат и изведуваат доказите, а судот нема овластување да бара исказ од оштетениот доколку не е предложен од странките.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1625/17 од 24,1,2018г.: „(...) ОЈО од С., (...) поднесе обвинителен предлог за издавање казнен налог со пресуда КО4.бр.641/17 од 27.10.2017 година, против обвинетата В.Г.П (...), за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од чл.297 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. (...) Постапувајќи по обвинителниот предлог, судот ги изведе предложените докази од страна на застапникот на обвинението и тоа: Записник за извршен увид на местото на настанот бр.(...) од МВР, (...) Скици од увид број (...), Фотодокументација во електронска форма на ЦД Бр.903, Известување од Јавна установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје (...)на име на оштетената С.С., Известување од Јавна установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје (...) на име на оштетената Џ.Б. и Потврда од казнена евиденција од Основен суд Скопје I Скопје, (...) на име на обвинетиот, а во дополнение на доказна постапка, по барање на обвинетата и бранителот ја сослуша и обвинетата. (...) Судот најде дека во дејствијата на обвинетата В.Г.П (...), се содржани сите битни елементи на кривичното дело (...) односно дека истата го сторила кривичното дело за кое се товари.“

46 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.308/18 од 24.4.2018г.: „(...) Утврдената фактичка состојба се оспорува со изјавената жалба и се истакнува дека првостепениот суд својата пресуда ја темели исклучиво на Записникот бр.28.8.1/9-903 со прилог скица од страна на увидната екипа при МВР, при што оштетените не се повикани за да дадат исказ во постапката пред обвинителството или пак да дадат исказ пред првостспениот суд, а воедно судот при одлучувањето ги занемарил неспорните факти дека лицето С. управувал нерегистриран мопед без притоа да има важечка возачка дозвола за управување на мопедот и воедно ниту тој, ниту совозачот Џ. Б. носеле заштитен шлем кацига иако за тоа имале законска обврска, па од овие причини, како се наведува во жалбата, оштетените се здобиле со телесни повреди како резултат на нивното непочитување на законските обврски при управување на мопедот, а не како последица на некакво противправно постапување од обвинетата. (...) Имајќи ја предвид целината на утврденитс факти, а спротивно на наводите во жалбата, по мислење и на овој суд здобиените телесни повреди се во причинско- последична поврзаност со преземените дејствија од обвинетата како учесник во јавните патишта, а кое постапување неспорно е оквалификувано како пропуст од сообраќајно-технички аспект. Во овој контекст, советот на овој суд го ценеше жалбениот навод дека оштетените не дале исказ ниту во претходна постапка пред ОЈО Скопје, ниту пак биле повикани да дадат исказ пред судот, меѓутоа за ваквите жалбени наводи овој суд цени дека не е од влијание за поинакво одлучување во предметот, а наведеното не само поради фактот што судот согласно ЗКП има лимитирана доказна иницијатива, при што доказите ги предлагаат и изведуваат странките, туку и од причина што постоењето на фактите по однос на начинот и околностите под кои е случена сообраќајната незгода јасно и недвосмислено произлегуваат од изведените писмени докази, (...) Резимирано, по мислење на овој суд, изведените и позитивно ценети докази кои детално се елаборирани во фактичкото утврдување на образложението на првостепената пресуда, се со доволен доказен капацитет и релевантна доказна вредност за да во целост го потврдат постоењето на решителните факти кои што првостепениот суд ги прифатил за утврдени и врз основа на кои ја засновал фактичката состојба изложена во обжалената пресуда.“

¾ Практика на ЕСЧП: Допуштеноста на доказите првенствено е прашање што е уредено со националното законодавство и, како општо правило, националните судови се тие што треба да ги ценат доказите пред нив. Задачата на ЕСЧП според ЕКЧП е да утврди дали постапката во целина, вклучувајќи го и начинот на кој се земени доказите, била правична. Покрај тоа, сите докази мора по правило да бидат изведени на јавен претрес, во присуство на обвинетиот, со цел да се обезбеди контрадикторност на расправата. Постојат исклучоци од овој принцип, но тие не смеат да задираат во правата на одбраната. Како општо правило, на обвинетиот мора да му се даде соодветна и вистинска можност да го оспори и испраша сведокот на обвинението, или кога тој ќе ја дава изјавата или

| 47 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

во подоцнежната фаза. (види Van Mechelen и други против Холандија, пресуда од 23 април 1997 година, § 50 и 51, Извештаи на пресуди и одлуки 1997-III).

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.154/18 од 24.9.2018г. ИСКАЗ НА ОБВИНЕТ ДАДЕН ВО ПРАВОСИЛНО ЗАВРШЕНА КРИВИЧНА ПОСТАПКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ВО ДРУГА ПОСТАПКА КАДЕ ТОА ЛИЦЕ СЕ ЈАВУВА ВО СВОЈСТВО НА СВЕДОК член 388 став 2 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.1047/18 од 22.10.2019 г.

ƒ Сентенца Кога лице против кое е донесена правосилна пресуда ќе биде сослушано како сведок во постапката против другите сообвинети, неговиот исказ даден во својство на обвинет пред јавниот обвинител не може се користи при негово вкрстено испитување во својство на сведок или при побивање на неговите наводи како сведок.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.154/18 од 24.9.2018г: „Основниот суд Скопје 1 Скопје како првостепен кривичен суд (...) постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО С. против обвинетиот М.К од С., за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 од КЗ, (...) на ден 24.09.2018 година, донесе Пресуда со која обвинетиот М.К (...) се ослободува од обвинение (согласно чл.403 ст.1 т.3 од ЗКП). (...) Во конкретниот случај судот цени дека неосновани се наводите на јавниот обвинител дека сведокот Н.А. ги менувал исказите во текот на постапката од причина што се солидаризирал со обвинетиот М.К, поради нивното потекло од ист регион. Судот смета дека и покрај потеклото на обвинетиот и сведокот од ист регион не постои судир на интереси помеѓу помладиот надзорник - обвинетиот и таткото на притворено лице при нивната средба на 03.08.2016 година, во ситуација кога Н.А единствено пред овој суд даде исказ во својство на сведок опоменат за последиците од лажното сведочење. Сведокот Н.А во постапката К.бр.1911/16 дал исказ во својство на обвинет, па оттука не држи констатацијата на јавниот обвинител дека сведокот Н.А ги менувал исказите во текот на постапката.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.1047/18 од 22.10.2019г.: „Апелациониот суд Скопје (...) на нејавната седница одржана на ден 22.10.2019 година согласно чл.434 од Законот за кривичната постапка, донесе Пресуда (...) со која ја потврди Пресудата на Основен суд Скопје I Скопје К.бр.154/18 од 24.09.2018 г. (...) Јавниот обвинител во жалбата наведува дека на страна 8 од обжалената пресуда судот го констатира исказот на Н.А даден на Записник во претходна постапка пред јавниот обвинител со кој се инкриминира и обвинетиот М.К, а сепак не го прифаќа овој доказ заради тоа што не бил даден под заклетва, за разлика од исказот што бил даден на јавна расправа по две

48 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

години подоцна, што е спротивно на чл.16 од ЗКП. Овој жалбен навод советот на овој суд не го прифаќа од причини што видно од увидот во списите од предметот, Н.А е испитан во својство на сведок во текот на главната расправа од кој исказ ги утврдил решителните факти кои се однесуваат на кривично-правниот настан. (...) Првостепениот суд во образложението на пресудата на страна 10 објаснува дека не стоела констатацијата на јавниот обвинител во текот на постапката дека Н.А ги менувал исказите во текот на постапката бидејќи во постапката К.бр. 1911/16 Н.А пред јавниот обвинител дал исказ во својство на обвинет бидејќи против него се водела кривична постапка за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.З в.в. чл.23 од КЗ за што од страна на првостепениот суд е ослободен од обвинението и во овој дел пресудата е потврдена со пресуда на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.172/17 од 06.12.2017 година. Во повторената постапка, Н.А е испитан во својство на сведок кој исказ првостепениот суд правилно го оценил и анализирал така што во овој случај не може да најде примена одредбата од чл.388 ст.2 од ЗКП.“

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.154/18 од 24.9.2018г. ПРЕДЛАГАЊЕ ДОКАЗИ ВО ФАЗА НА ЗАВРШЕН ЗБОР член 394 став 1 в.в. со член 395 став 1 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.1047/18 од 22.10.2019г.

ƒ Сентенца Судот нема да го прифати предлогот за изведување на доказ предложен во фаза на завршни зборови, со оглед дека странките имаат право да предлагаат докази до завршување на доказна постапка.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.154/18 од 24.9.2018г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје како првостепен кривичен суд (...) постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО С. против обвинетиот М.К од С., за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.1 од КЗ, (...) на ден 24.09.2018 година, донесе Пресуда со која обвинетиот М.К (...) се ослободува од обвинение (согласно чл.403 ст.1 т.3 од ЗКП). (...) На ден 11.09.2018 година, јавниот обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје достави поднесок со кој предложи на наредната главна расправа закажана за 24.09.2018 година да биде изведен како доказ – Своерачна изјава одобвинетиот М.К. Судот не го прифати предлогот на јавниот обвинител во доказна постапка да биде изведен како доказ – своерачна изјава од обвинетиот М.К., од причина што видно од записник за главна расправа од 10.09.2018 година, судот ги изведе доказите на обвинението и одбраната по редослед утврден по чл.382 од ЗКП, а согласно чл.391 од ЗКП од страна на странките на предлог на одбраната беше испитан и обвинетиот М.К. Во записникот е наведено дека странките не предлагаат други докази, по што судот констатираше дека доказната постапка е завршена, а расправата ја одложил за 24.09.2018 година, бидејќи

| 49 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

странките побараа одлагање за да се подготват за завршни зборови. Согласно чл.394 ст.1 од ЗКП по завршената доказна постапка странките и оштетениот може да стават предлози за дополнение на доказна постапка за нови околности што се јавиле во текот на главната расправа. Во чл.395 ст.1 од ЗКП е предвидено дека по завршување на доказната постапка, судот ќе ги повика тужителот, оштетениот, бранителот и обвинетиот да го дадат својот завршен збор. Јавниот обвинител имаше доволно време кое му беше ставено на располагање за да го прибави предложениот доказ, како би дал и шанса на одбраната да ја оспорува веродостојноста на ваквиот доказ против обвинетиот М.К., но тоа не го стори особено во ситуација кога обвинетиот беше и непосредно испитан пред судот согласно чл.391 од ЗКП. Судот исто така потсетува дека принципот на еднаквост на оружјата е дел од еден поширок концепт на правично судење во смисла на членот 6 став 1 од Европската конвенција за човекови права. Член 6 од ЕКЧП подразбира “фербаланс“ помеѓу страните;односно тоа значи дека секоја страна мора да добие разумна можност да го презентира својот случај под услови кои не ја ставаат во понеповолна положба од спротивната страна.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.1047/18 од 22.10.2019г.: „(...) Советот на овој суд не го прифати жалбениот навод дека првостепениот суд сторил повреда на одредбите на кривичната постапка кога на главната расправа го одбил доказот на јавниот обвинител - своерачна изјава од обвинетиот во која давал целосно самопризнание, а друга страна оваа изјава ја споменува при анализа на изјавата на сведокот М.Ј и дека не било точно дека предложениот доказ бил ненавремен, по завршување на доказното рочиште. Ова, што од увидот во списите на предметот не произлегуваат овие околности, а од друга страна обвинетиот дал свој исказ во текот на главната расправа во кој го негирал сторувањето на кривичното дело.“

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.31/17 од 6.3.2019г. ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ИЛИ ТУЖИТЕЛОТ Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОКАЖЕ ВИНАТА НА ОБВИНЕТИОТ НАДВОР ОД РАЗУМНО СОМНЕВАЊЕ член 403 став 1 точка 3 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.438/19 од 21.6.2019г.

ƒ Сентенца: Судот ќе донесе ослободителна пресуда ако тужителот не докаже надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил кривичното дело за кое се обвинува.

50 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.31/17 од 6.3.2019г.: “(...) Судот уште еднаш повторува дека при оценување на доказите предложени од странките во постапката, го има прифатено стандардот за докажување „надвор од секакво разумно сомневање”, меѓутоа во конкретниот случај јавниот обвинител не го достигна бараниот стандард и не докажа вон разумно сомневање дека обвинетиот М.С. критичниот период користел непријавена мерна опрема, односно електрично броило кое не било одобрено при што неовластено користел електрична енергија со намера да прибави противправна имотна корист за Т. АД Битола. Доказите изведени на главната расправа, предложени од страна на јавниот обвинител, (...) според судот не го поткрепија обвинението во ниту еден битен сегмент од неговата содржина. (...) Не се докажа дека обвинетиот имал намера противправно да одзема електрична енергија од оштетеното ЕВН АД Скопје, туку истиот само барал начин повторно да го приклучи објектот на струја, при ситуација кога објектот уште од 2005 година не функционирал, односно немало протек на електрична енергија. Фактот дека од изведените докази не произлегува дека обвинетиот сакал противправно да одземе електрична енергија од оштетениот, произлегува и од дополнителниот вешт наод и мислење, како и од исказот на вештото лице М.С. По оценка на изведените докази, а при непостоење на други вербални и материјални докази кои би ги поткрепиле наводите од обвинението дека обвинетиот М.С го преземал дејствието на извршување на предметното кривично дело, судот најде дека јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека обвинетиот го сторил кривичното дело за кое се обвинува, па донесе ослободителна пресуда, согласно член 403 став 1 точка 3 од ЗКП.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КЖ.бр.438/19 од 21.6.2019г.: „(…)имајќи предвид дека од сите овие докази изведени на главната расправа не се потврдуваат наводите во обвинението за постоење подружница Д.Д. Т. АД Битола, ниту од изведените докази може да се утврди точното време на сторување на кривичното дело, а со тоа ниту причинетата штета од страна на Т. АД Битола, како и фактот што на обвинетиот му се става на товар дека користел непријавена мерна опрема како еден од облиците на извршување на предметното кривично дело, (...) од изведените докази и од исказот на вештото лице произлегува дека обвинетиот и правното лице каде бил директор, имале прибавено електроенергетска согласност за предметното електрично броило, видно од временото решение бр.79 за електроенергетска согласност со реден број (...) на кое со ракопис и потпис е констатирано дека броилото е пријавено на 26.06.2003 година и потврдено со печат, а по истекот на важноста на временото решение за електроенергетска согласност во траење од 18 месеци од приемот на истото, односно во предметниот период наведен во обвинителниот предлог, од ниту еден предложен и изведен доказ не се докажува дека обвинетиот го користел предметното броило како непријавена мерна опрема, правилно првостепениот суд утврдил дека понудените докази од страна на јавниот обвинител не докажуваат надвор од секакво разумно сомневање дека обвинетиот го сторил кривичното дело за кое се обвинува.“ | 51 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Практика на ЕСЧП: Кога предметните настани им се познати исклучиво на властите, како во случајот со лица под нивна контрола во притвор, ќе се појават силни фактички претпоставки во поглед на повредите и смртта за време на тој притвор. Во таков случај товарот на докажување паѓа на органите кои треба да дадат задоволително и убедливо образложение. (Çakıcı против Турција [GC], по жалба бр.23657/94, § 85, ECHR 1999-IV). Во случаи во кои има спротивставени прикази на настани, во оценувањето на доказите, ЕСЧП го има прифатено стандардот за докажување „надвор од секакво разумно сомневање”. Неговата улога не е да донесе одлука за кривичната вина или граѓанската одговорност, туку за одговорноста на договорните држави согласно ЕКЧП. Целта е согласно член 19 од ЕКЧП, да се осигура договорните држави да ја почитуваат обврската за осигурување на основните права како и прашањата за доказите и докажувањето. Според востановената судска практика на ЕСЧП, докажувањето може да резултира од постоењето на доволни цврсти, јасни и согласни заклучоци или од слични неспорни претпоставки за факти. Покрај тоа, степенот на сигурност што е неопходен за да се дојде до конкретен заклучок и во таа смисла, определувањето на товарот на докажување, се суштински поврзани со специфичноста на фактите, природата на искажаните наводи и засегнатото право од ЕКЧП. ЕСЧП, исто така, обрнува внимание на сериозноста што се придава на одлуката дека договорната држава има повредено основни права. При тоа, не на сите постапки според ЕКЧП може строго да се примени принципот affirmanti incumbit probatio. (види Creangă против Романија [GC], по жалба бр.29226/03, § 88, пресуда од 23 февруари 2012 година; Salman против Турција [GC], по жалба бр.21986/93, § 100, ECHR 2000-VII)

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1086/18 од 29.5.2019 г. ПРИМЕНА НА СТАНДАРДОТ „НАДВОР ОД РАЗУМНО СОМНЕВАЊЕ“ член 403 став 3 од ЗКП Потврдена со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.752/19 од 13.11.2019г.

ƒ Сентенца: При оценување на доказите предложени од странките во постапката, судот го прифаќа стандардот за докажување „надвор од разумно сомневање”.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје К.бр.1086/18 од 29.5.2019г.: „(...) Судот ги ослободил обвинетите М. П. и И. К. од обвинение затоа што (...) заедно во вршење на службата го малтретирале оштетениот З.А. со кого постапувале со понижување на човечкото достоинство и човековата личност (...) и би сториле кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од чл.143 вв со чл.22

52 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

од КЗ. (...) како заклучок на анализираните докази, а со оглед на фактот што доказите не дозволија да се утврдат основани сомневања дека оштетениот З.А. бил предмет на физичко и психичко малтретирање (...), Судот смета дека не постои повреда на одредбите содржани во Кривичниот Законик, а со тоа и на членот 3 од Конвенцијата во врска со наводното нечовечко и деградирачко однесување. Судот го прифати Извештајот за употреба на средства за присилба – физичка сила изготвен од (...), во кој е дадена оценка за оправданоста за употребата на средството за присилба, со оглед да е во корелација со исказите на сведоците Д. Ј. и Б. Б., а воедно јавното обвинителство не изнесе други докази со кои би се побиле ваквите тврдења. (...) оштетениот и неговите пријатели, односно сведоците М. Ц. и К. Г. во конкретниот случај не биле пасивни набљудувачи, туку активни учесници во расправијата (...). Обвинетите во конкретниот случај биле обврзани да употребат дозволена сила за да спречат понатамошен неред и да воспостават ред. (...) Нема докази за наводна употреба на сила или друго понижување на човечката чест и достоинството од страна на обвинетите спрема оштетениот како би го исполниле законското битие на кривичното дело кое што им се става на товар. (...) судот смета дека „спорното изнесување на оштетениот З.А. од клубот“ било во службата на легитимната цел, а „заштитата на репутацијата, достоинството и телесниот интегритет“ е во рамките на важечките прописи. Според судот описот на релевантните околности дадени од страна на сведоците Д. Ј. и Б. Б. во врска со тоа што се случувало критичната вечер се многу детални, специфични и кохерентни и се во корелација со Извештајот (...). Покрај ова, нема други релевантни докази кои ги поткрепуваат наводите на оштетениот. Друг важен фактор што ја зголемува важноста на изјавите на сведоците Д. Ј. и Б. Б. е лекарската документација на име на обвинетите, како и ЦД со снимка од (...), што упатува на заклучок дека јавното обвинителство не обезбеди prima facie докази кои ќе го поткрепат понуденото обвинение.(...) Во Извештајот исто така е дадена оценка за оправданоста за употребата на средството за присилба – физичка сила (...). Средствата за физичка присилба – физичка сила, е применета во моментот кога на друг начин не можеле да го совладаат отпорот и да го одбијат непосредниот противправен напад насочени кон нив. (...) исто така е констатирано дека работниците за обезбедување, односно обвинетите И.К. и М.П. постапиле согласно одредбите од Законот за приватно обезбедување, правилно ги примениле овластувањата, а при превземање на мерките и дејствијата се воделе од начелото на постапност, применувајќи ја на почетокот најблагата мерка, па поради тоа употребата на физичка сила – зафат и полуга на раце во извештајот се оценети како основани, поради што не е најден основ за покренување постапка за утврдување на одговорност. Судот смета дека од употребените јазични изрази и употребените докази јасно е дека (...) понудил релеватни докази и утврдил факти кои во текот на судската постапка беа надополнети и поткрепени со изведените докази и исказите на сведоците Д.Ј. и Б.Б. Важечките законски прописи одобруваат употреба на сила само онаму каде што истата цел не можела да се постигне со ниедни други средства, земајќи го во предвид начелото на сразмерност во ваквиот извештај, па во

| 53 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

конкретниот случај дадено е доволно објаснување и оправдување за примената на физичката сила од страна на обвинетите критичната вечер. (...) Судот уште еднаш повторува дека при оценување на доказите предложени од странките во постапката, го има прифатено стандардот за докажување „надвор од секакво разумно сомневање”, меѓутоа во конкретниот случај јавното обвинителство не го достигна бараниот стандард и не докажа вон разумно сомневање дека обвинетите И. К. и М. П. критичниот ден ги превзеле дејствијата на кривичното дело - Малтретирање во вршење служба во чл.143 од КЗ, на начин опишан како во обвинението, па донесе ослободителна пресуда, согласно член 403 став 1 точка 3 од ЗКП.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.752/19 од 13.11.2019г.: „(...)Имајќи го предвид текот на настанот презентиран на ЦД-то со снимки од камера, кој во целост кореспондира со исказите на сведоците Д.Ј. и Б.Б. во однос на случувањето на настанот, дејствијата кои ги презеле обвинетите, изнесувајќи го оштетениот З.А. надвор од клубот, како и содржината на Извештајот за употреба на средства за присилба – физичка сила изготвен од (...), од кој се утврдува дека во конкретниот случај обвинетите основано употребиле физичка сила-зафат и полуга на раце спрема оштетениот, правилен е заклучокот на првостепениот суд дека од изведените докази не се утврдува дека оштетениот З.А. бил предмет на физичко и психичко малтретирање од страна на обвинетите и дека не постои повреда на одредбите содржани во Кривичниот законик и на членот 3 од Европската Конвенција за човечките права во врска со наводното нечовечко и деградирачкко однесување. Имајќи го предвид вака утврденото, по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај предложените докази од страна на Основното јавно обвинителство не го достигнале бараниот стандард за докажување надвор од разумно сомневање дека обвинетите И.К. и М.П. критичниот ден ги презеле дејствијата на кривичното дело Малтретирање во вршење на службата од чл.143 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик, на начин опишан како во обвинението, па од тие причини правилно постапил кога донел ослободителна пресуда согласно чл. 403 ст.1 т.3 од ЗКП.“

¾ Практика на ЕСЧП: За утврдување на фактите, ЕСЧП ги применува стандардите на доказ „надвор од разумно сомневање“. (види Ireland против Обединетото Кралство, пресуда од 18 јануари 1978 година, § 161, Серија A бр.25) Во случаи во кои има спротивставени прикази на настани или недостасуваат факти при утврдувањето на фактите, ЕСЧП го има прифатено стандардот за докажување „над разумно сомневање”. Овој стандард се однесува на случаи кога предметните настани им се познати исклучиво на властите, како во случајот со лица под нивна контрола во притвор, кога ќе се појават силни фактички претпоставки во поглед на повредите и смртта за време на тој притвор, како

54 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

и кога иако не е докажано дека лице е лишено од слобода од властите, може да се утврди дека тоа било официјално повикано од властите, влегло во место под нивна контрола и оттогаш не е видено. Во такви околности, товарот на докажување е на Владата и таа треба да даде уверливо и задоволително објаснение во однос на тоа што се случило во просториите и да докаже дека засегнатото лице не било лишено од слобода од властите, туку заминало од просториите без подоцна да биде лишено од слобода. Во случајот на Ел Масри, ЕСЧП забележал дека описот на жалителот на околностите во врска со неговото наводно страдање е многу детален, специфичен и доследен во текот на целиот период по неговото враќање во Германија. Неговиот исказ останал доследен во текот и на меѓународните и на други странски истраги и содржи конзистентни информации за местото, периодот и времетраењето на неговиот наводен притвор, како и за постапувањето на кое бил наводно подложен додека бил во хотелот, при неговиот трансфер на аеродромот во Скопје и во „Салт Пит” во Авганистан. Покрај тоа, има други аспекти на случајот што ја зголемуваат веродостојноста на исказите на жалителот над разумно сомневање на широко образложени во пресудата во овој предмет. ЕСЧП бил убеден дека постојат prima facie докази во прилог на верзијата за настаните на жалителот и дека товарот на докажување треба да се префрли на тужената држава, но дека Владата не успеала да докаже ефективно и да даде задоволително и убедливо образложение за тоа како се случиле настаните во прашање. Владата не дала убедливо објаснение во однос на тоа што се случило со жалителот откако нејзините органи ја преземале контролата над него и не дала веродостојно и поткрепено образложение за да ја оспори пресумпцијата на одговорност кај нејзините органи за судбината на жалителот по неговото притворање. Дополнително, Владата не дала коментар, ниту пак вложила приговор на наодот од вештачењето, ниту пак презентирала документи во врска со случајот на жалителот што биле на располагање на Министерството за внатрешни работи на кои упатува г-дин Х.К. во својата изјава. До ЕСЧП не бил доставен каков било пишан материјал во тој контекст. На крај, истрагата што завршила со отфрлање на пријавата на жалителот била без заклучок и ЕСЧП не можел да извлече никаков бенефит од нејзиниот исход. Во такви околности, ЕСЧП оценил дека може да извлече заклучоци од расположливиот материјал и однесувањето на органите и утврдил дека наводите на жалителот биле доволно убедливи и утврдени вон разумно сомнение. (види El-Masri против поранешната југословенска Република Македонија, по жалба бр.39630/09 пресуда на Големиот судски совет од 13 декември 2012 година, види и Kadirova и други против Русија, по жалба бр.5432/07, § 87 и 88, од 27 март 2012 година; Salman против Турција [GC], по жалба бр.21986/93, § 100, ECHR 2000-VII; Rupa против Романија (бр.1), по жалба бр.58478/00, § 97, пресуда од 16 декември 2008 година).

| 55 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

¾ Укинати и преиначени одлуки на ОКС Скопје

ПРЕТПОСТАВКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ГЛАВНА РАСПРАВА КОГА ОБВИНЕТИОТ Е ЛИЦЕ КОЕ НЕ Е СПОСОБНО САМО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СЕБЕ член 348 в.в со член 523 став 2 од ЗКП

ƒ Сентенца Ако на главната расправа не присуствува поставениот старател на обвинетиот, ќе се смета дека главната расправа е одржана без лице чие присуство е задолжително по закон.

ƒ Од Одлуките на ОКС К.бр.18/16 од 6.10.2016г. и АС Скопје КЖ.бр.1121/16 од 25.1.2017г.: Со пресуда К.бр.18/16 од 6.10.2016г., Основниот суд Скопје 1 Скопје во отсуство на неговиот законски поставен старател го огласил присутниот обвинет З.К. од С., за виновен за кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст.5 в.в. со ст.1 т.1 од Кривичниот законик, го осудил на казна затвор во траење од 6-шест месеци. Обвинетиот е задолжен да плати судски паушал и да му плати на на оштетениот дел од штетата, а за останатиот дел судот го упатил оштетениот на спор. Апелациониот суд со решение КЖ.бр.1121/16 од 25.1.2017г., ја укинал погоре наведената пресуда поради суштествени повреди на кривичната постапка, од причина што сторена е суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од чл.415 ст.1 т.3 од ЗКП, од причина што првостепениот суд главната расправа ја одржал без лице чие присуство е задолжително според закон. Имено на главната расправа не присуствувала Б.Р. од С. која со решение на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град С. е назначена за посебен старател на обвинетиот З. К. од С., бидејќи истиот е лице кое е неспособно само да се грижи за себе, за своите права и правни интереси, а поради болест, а за кои околности кон жалбата е приложено решение на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град С. од 2.11.2016 година, како и медицинска документација- извештај од специјалист од 16.9.2016 година. Советот на Апелациониот суд оценил дека дека наведените жалбени наводи се основани и дека во конкретниот случај првостепениот суд постапката ја водел без лице чие присуство е задолжително според Закон.

56 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

СУДЕЊЕ ВО ОТСУСТВО НА ОБВИНЕТ КОЈ СЕ НАОЃА ВО ЕКСТРАДИЦИОНЕН ПРИТВОР 5 член 365 став 3 од ЗКП

ƒ Сентенца Во случај кога за обвинетиот се води екстрадициона постапка и се наоѓа во екстрадиционен притвор не се смета дека е недостапен на државните органи.

ƒ Од Пресудите на ОКС Скопје, К.бр.1905/16 од 8.11.2017г. и АС Скопје, КЖ.бр. 66/18 од 10.4.2018г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (...), поднесен против обвинетите Г.Г. и други, (...) за кривично дело – Фалсификување на службена исправа член 361 став 2 вв со став 1 вв со член 22 од Кривичниот Законик по одржаната главна, јавна, делумно нејавна и усна расправа, во присуство на јавните обвинители (...), обвинетите А.В, В.С, Д.С, М.К.С, С.Б. и Д.З и бранителите (...), а во отсуство на обвинетиот Г.Г., недостапен на органите на прогон, согласно чл. 365 ст. 3 од ЗКП, донел пресуда со која обвинетите Г.Г во моментот недостапен на органите на прогон, А.В, 3. В.С, Д.С, М.К.С, С.Б и Д.З. ги огласил виновни и ги осудил на казна затвор во траење од 1 – една година и 6 – шест месеци. Образложил дека на предлог на јавниот обвинител донел решение на обвинетиот Г.Г да му се суди во отсуство со оглед дека истиот не е достапен на органите на прогон, видно од известување на МВР (...), а ценејќи дека постојат особено важни причини да му се суди иако е отсутен, имајќи го предвид фактот што не е извесно кога истиот ќе стане достапен на органите на прогон и на судот, во контекст на целисходно водење на кривичната постапка со оглед дека постапката е поведена против повеќе лица, а во насока на судење во разумен рок. Бранители на обвинетиот по избор на член на семејството беа адвокатите Љ.Ш., М.П. и П. В.“

5 Исто види Пресуда на АС Скопје КЖ.бр.761/19 од 29.10.2019г. донесена согласно стариот ЗКП чии одредби за ова правно прашање се идентични со одредбите во ЗКП од 2010г. Согласно оваа Пресуда, АС Скопје по службена должност ја укинал пресудата на ОС Скопје 1 и предметот го вратил на повторно судење. Образложил дека првостпениот суд ја донел пресудата согласно чл.316 ст.3 од ЗКП (стар) односно во отсуство на обвинетиот, меѓутоа погрешно постапил со оглед дека не се исполнети законските претпоставки од чл.316 ст.3 и 4 од ЗКП (стар). Навел дека од писмениот обвинителен акт на ОЈО Скопје во генералиите на обвинетиот Л.А е наведено дека обвинетиот живее во Австрија, дека има патна исправа издадена од Австрија и дека има двојно државјанство, кои податоци ги прифатил и првостепениот суд во изреката на првостепената пресуда. Дал напатствија првостепениот суд да се обрати до Министерството за правда да добие точни информации до која фаза е екстрадиционата постапка, за кое кривично дело се екстрадира и дали постапката е извесна и со оглед на добиениот одговор да оцени дали ќе бидат исполнети условите од чл. 316 ст.3 и 4 од ЗКП (стар) во суштинска и формална смисла

| 57 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по жалбите на обвинетиот Г.Г. од С., (...) и на обвинетата В.С од С., (...) двете против пресудата на Основниот суд Скопје I Скопје К.бр.1905/16 од 08.11.2017 година, ја одбил како неоснована жалбата на обвинетата В.С од С., (...) и ја потврдил пресудата на Основниот суд Скопје I С. К.бр.1905/16 од 08.11.2017 година, по однос на обвинетите А.В, ВС, ДС, СБ, МКС и ДЗ. Со решение ја уважил жалбата на обвинетиот Г.Г. од С., (...). По жалбата и по службена должност ја укинал пресудата на Основниот суд Скопје I С. (...), по однос на обвинетиот Г. Г. од С и предметот во тој дел го вратил на првостепениот суд на повторно судење и одлучување. Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Г. Г., и по службена должност советот ја преиспитувал обжалената пресуда за сторени суштествени повреди на одредбите од кривичната постапка и утврдил дека првостепениот суд при донесување на обжалената пресуда по однос на овој обвинет сторил суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка од чл.415 ст.1 т.3 од ЗКП, од причина што судот по однос на обвинетиот Г.Г. прифатил дека истиот е недостапен на органите за кривичиот прогон, поради што одлучил на обвинетиот да му се суди во отсуство согласно чл.365 ст.3 од ЗКП, со образложение дека истиот во текот на постапката станал недостапен на органите за прогон, пренебрегнувајќи го при тоа фактот дека обвинетиот Г. Г. во времето на течење на главната расправа веќе бил во екстрадиционен притвор во Р. Г. и постапката за екстрадиција на обвинетиот. сеуште не е завршена, оттука, во ситуација кога екстрадицијата е можна, мора да се оди на екстрадиција на обвинетиот за конкретниот предмет, а судење во отсуство би можело да се спроведе само дококу екстрадицијата се одбие од страната на замолената држава, или доколку екстрадицијата не е можна. Имајќи ја предвид горенаведената суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка, одлучил согласно чл.436 ст.1 од ЗКП пресудата по однос на обвинетиот Г. Г. да се укине и во тој дел предметот да се врати на првостепениот суд на повторно судење и одлучување.“

ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА ИМОТНОПРАВНОТО ПОБАРУВАЊЕ ПРИ ПРИЗНАНИЕ НА ВИНА член 381 в.в со член 114 став 2 од ЗКП

ƒ Сентенца Кога обвинетиот дал целосно и валидно признание на вина со кое е опфатена и висината на штетата, судот не може да го упати на спор оштетениот кој поднел имотноправно барање во кривичната постапка.

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, К.бр.1350/17 од 15.9.2017г.: „Основниот суд Скопје 1 Скопје, донел пресуда врз основа на признание К.бр. 1350/17 од 15.09.2017 година и го огласил обвинетиот Д.Н. од С. виновен, за едно кривично дело – Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.3 од КЗ и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по чл.383 ст.2 в.в

58 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

со ст.1 од КЗ и му изрекол соодветна кривична санкција. Согласно чл.114 од ЗКП, оштетените С.Д и Е.Л., ги упатил своите евентуални имотноправни побарувања да ги остваруваат преку спор.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, Кж.бр.384/18 од 23.5.2018г.: „Апелациониот суд Скопје, (...) донел пресуда со која (...) пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје К.бр.1350/17 од 15.09.2017 година, ја преиначил во делот на одлуката за кривичната санкпија, а по повод жалбата и по службена должност по однос на имотноправното побарување согласно чл.114 од ЗКП, го задолжил обвинетиот Д.Н од С. на оштетената С.Д од С., да и го надомести имотноправното побарување во износ од 30.000,00 денари, во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а под страв на присилно извршување. Во останатиот дел, првостепената пресуда, е потврдена. Образложил дека постапувајќи по повод жалбата, а по службена должност ја преиначил првостепената прссуда во делот на одлуката за имотноправното побарување по однос на оштетената С.Д од С., на начин што согласно чл.114 од ЗКП, го задолжил обвинетиот Д.Н на оштетенага С.Д да и плати 30.000,00 денари во рок од 15 дена по приемот на пресудата, а под страв па присилно извршување. (...) Видно од списите на предметот, првостепениот суд на главната расправа одржана на 15.09.2017 година, ги сослушал присутните оштетени С.Д и Ц.Р по однос на имотноправното побарување, при што оштетената С.Д изјавила дека предјавува оштетно побарување во износ од 500 евра во денарска противвредност, што претставува вредност на одземениот предмет, а оштетениот Ц.Р изјавил дека не предјавува имотноправно побарување. Со оглед на наведеното, имајќи предвид дека оштетената С.Д предјавила имотноправно побарување за вредноста на одземениот, а невратен предмет, првостепениот суд бил должен со пресудата со која обвинетиот го огласил виновен за сторените кривични дела да одлучи и за имотно правното барање на начин што обвинетиот ќе го задолжи на оштетената да и го надомести имотно правното барање што настанало поради извршување на кривичното дело. Притоа, првостепениот суд во конкретниот случај, кога оштетената предјавила имотно правно барање за одземениот, а невратен предмет немал законска можност оштетената да ја упати на спор, туку бил должен за имотноправното побарување да одлучи со пресудата со која обвинетиот го огласил виновен, согласно погоре наведената законска одредба, дотолку повеќе што за предметното кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.З од КЗ, вредноста на одземениот предмет е битен и квалификаторен елемент на истото и судот бил должен обвинетиот да го задолжи да и ја надомести на оштетената вредноста на противправно одземениот предмет, односно имотно правното барање да го досуди на оштетената.“

| 59 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

7. ПРАВНИ ЛЕКОВИ

Решение на Основен кривичен суд Скопје, КС-КР.бр.521/15 од 30.3.2016г. МОЖНОСТ ЗА ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ВО СЛУЧАЈ НА ЗАМЕНА НА СПОРЕДНАТА КАЗНА член 447 став 1 точка 1 од ЗКП Решението е станато правосилно

ƒ Сентенца Не може да се применат правилата за стек на кривични дела и да се изрече единствена казна, кога паричната казна е изречена како споредна казна заедно со казната затвор и дојде до нејзина замена со затвор поради неможност истата да се наплати во постапка за присилна наплата.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје КС-КР.бр.521/15 од 30.3.2016г.: „Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје (...) постапувајки по барањето за изрекување на единствена казна затвор, поднесено од осудениот М.М од С., (...) донесе (...) Решение, барањето за изрекување единствена казна по правосилните решенија на Одделението за извршување санкции на овој суд ИПК.бр.(...) се отфрла. Барањето за изрекување единствена казна по правосилните решенија на Одделението за извршување санкции на овој суд ИПК.(...) се одбива како неосновано. (...) Со пресудите врз основа на кои се донесени погорецитираните решенија, сега осудениот М.М од С., е осуден на парични казни, кои поради невозможност да се наплатат од осудениот со цитираните решенија на овој суд се заменети со затвор. Кога паричната казна е изречена како споредна казна заедно со казната затвор и дојде до нејзина замена со затвор поради неможност истата да се наплати во постапка за присилна наплата односно поради безуспешното нејзино присилно извршување, по оценка на советот не може да се применат правилата за стек на кривични дела и да се изрече единствена казна, туку се извршуваат и двете казни, најпрвин казната затвор, а потоа и заменската казна, која не е посебен вид на казна затвор, туку модалитет на извршувањето на паричната казна, односно вид на должнички затвор што трае додека осудениот не ја плати паричната казна. Од овие причини, во конкретниот случај не може да се примени законската одредба од чл.38-а ст.2 од ЗКП.“

60 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, КС–КР.бр.110/19 ИЗРЕКУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА КАЗНА ВО НЕПРАВО ПОВТОРУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА член 447 став 1 точка 2 од ЗКП

ƒ Сентенца: Исполнети се законските услови за изрекување на единствена парична казна како споредна казна во неправо повторување на постапка, со оглед на тоа што при изрекувањето не биле применети одредбите за стек на кривични дела во делот кој се однесува на парични казни, изречени како споредни.

ƒ Од правосилната Пресуда на ОКС Скопје, КС – КР. бр.110/19: „(...) Со пресуда КС–КР.бр.110/19 Кривичниот совет на ОСС1 во неправо повторување на постапка, (..) го осуди С.П на единствена споредна парична казна во износ од 615.000,00 денари, во која му е засметан и извршениот дел од казната. (...) Според советот во конкретниот случај исполнети се законските услови за изрекување на единствена парична казна како споредна казна спрема осудениот С.П од Скопје, изречени со погоре цитираните пресуди, со оглед на тоа што при изрекување не се применети одредбите за стек на кривични дела во делот кој се однесува на парични казни, изречени како споредни. Единствената парична казна во износ од 615.000,00 денари, Советот ја изрекол во смисла на член 44 ст.2 т.4 од КЗ кој важел во време на извршување на кривичните дела, при што имал предвид дека единствената казна мора да биде поголема од секоја одделно утврдена казна, но не смее да го достигне збирот на утврдените казни, ниту да премине 10 десет илјади евра, во денарска противвредност.“

8. ЗАБРЗАНИ ПОСТАПКИ ¾ Укинати и преиначени одлуки на ОКС Скопје

УСЛОВИ ЗА ОТФРЛАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ член 498 в.в со член 474 од ЗКП

ƒ Сентенца: Со закажување на главната расправа, обвинителниот предлог трансформиран од предлог за издавање казнен налог, стапува во правна сила и судот не може да го отфрли.

| 61 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје К.бр.1490/17 од 13.6.2018г.: Основниот суд Скопје 1 Скопје, како првостепен кривичен суд постапувајќи по предлогот за издавање казнен налог на ОЈО С. против обвинетиот Н.Р. за кривично дело – Криумчарење од чл.278 ст.1 од КЗ, согласно член 474 ст.1 в.в. со член 337 ст.1 т.1 од ЗКП, вон главна расправа, на ден 13.06.2018 година, донел решение со кое го отфрлил предлогот за издавање казнен налог на ОЈО С. затоа што делото што е предмет на обвинението не е кривично дело. Образложил дека ОЈО С. до овој суд доставил предлог за издавање казнен налог по што е оформен кривичниот предмет V К.бр.1490/17. Судот донел пресуда за издавање казнен налог V К.бр.1490/17 од 09.10.2017 година, со која обвинетиот Н.Р. го огласил виновен за кривично дело - Криумчарење од чл.278 ст.1 од КЗ и му изрекол алтернативна мерка – условна осуда (3 месеци за 1 година). Судот од обвинетиот одзел 22 златни монети со вкупна тежина од 308 грама и во вкупна вредност од 871.794,00 денари. Постапувајќи по навреме поднесениот приговор од страна на обвинетиот, судот закажал главна, јавна и усмена расправа, поради што согласно чл. 500 ст.6 од ЗКП се смета дека пресудата за издавање казнен налог воопшто не е донесена. Пред почетокот на главната расправа, бранителот на обвинетиот навел дека во дејствијата наведени во диспозитивот на казнениот налог не се содржани елементи на кривичното дело - Криумчарење од чл.278 ст.1 од КЗ, туку елементи на прекршок по Закон за девизно работење, по што предложил судот да се огласи стварно ненадлежен да постапува по овој предмет и по правосилноста на решението, надлежен управен орган да поведе прекршочна постапка. Јавниот обвинител навел дека не се противи на предлогот на одбраната. Повикувајќи се на чл.474 ст.1 од ЗКП, според кој судијата ќе го отфрли обвинителниот предлог или приватната тужба ако најде дека постои некоја од основите предвидени во чл.337 од овој закон, како и на чл.337 ст.1 т.1 од ЗКП во кој е регулирано дека судијата или советот за оцена на обвинителен акт со посебно решение ќе го одбие обвинителниот акт како неоснован во однос на сите или одделни кривични дела, ако утврди дека делото што е предмет на обвинителниот акт не е кривично дело, одлучил како во изреката. Образложил дека во смисла на чл.278 ст.1 од КЗ, чл.29 ст.2 од Законот за девизното работење и чл.56-а ст.1 т.22 од Законот за девизното работење во описот на дејствијата кои ги презел обвинетиот, односно делото што е предмет на обвинителниот предлог не е кривично дело.

ƒ Од Пресудата на АС Скопје КЖ.бр.848/18 од 7.11.2018г: Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбата на ОЈО Скопје, го укинал решението на Основниот суд Скопје I Скопје К.бр. 1490/17 од 13.06.2018 година и предметот го вратил на повторно судење пред првостепениот суд. Образложил дека првостспениот суд, со обжаленото решение го отфрлил предлогот за издавање казнен налог на ОЈО Скопје КОЗ бр.358/16 од 03.10.2017 година, согласно чл.474 ст.1 в.в. чл.337 ст.1 т.1 од ЗКП, без да има предвид дека наведените одредби се однесуваат за отфрлање на обвинителен предлог или приватна гужба, додека во конкретниот случај првостепениот суд согласно изреката на обжаленото

62 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

решение го отфрлил предлогот за издавање на казнен налог која постапка, односно условите под кои може да биде отфрлен предлогот за издавање казнен налог се регулирани во чл.498 од ЗКП. Навел дека од образложението на обжаленото решение на првостепениот суд произлегува дека обжаленото решение го донел вон главна расправа согласно чл.472 став 1 точка 1 од ЗКП, а го испитувал обвинителниот предлог по закажување на главната расправа, па од даденото образложение на првостепениот суд нејасно е во која фаза и од кои причини првостепениот суд го отфрлил предлогот за издавање казнен налог прифаќајки дека се исполнети условите за отфрлање на обвинителниот предлог. Констатирал дека во конкретниот случај од списите на предметот произлегува дека, по донесената пресуда за издавање казнен налог К.бр. 1490/17 од 09.10.2017 година, поднесен е приговор од обвинетиог Н.Р преку неговиот бранител по кој согласно чл.500 ст. 5 од ЗКП е закажана главна расправа согласно одредбите за скратена постапка и тоа на ден 26.12.2017 година, 08.05.2018 година и 22.05.2018 година. Обжаленото решение е донесено вон главна расправа на ден 13.06.2018 година. Имајќи го предвид наведеното, откако била закажана главна расправа првостепениот суд немал можност во оваа фаза да го испитува предлогот за издавање на казнен налог, кој по поднесениот приговор се трансформира во обвинителен предлог. При една ваква состојба на работите кога судот не го отфлил предлогот за издавање казнен налог согласно одредбите од чл.498 од ЗКП ниту пак по поднесениот приговор го испитувал обвинителниот предлог во смисла на чл.472 ст. 1 од ЗКП и донел решение согласно чл.474 од ЗКП, по закажувањето на главна расправа без оглед дали е одржана или не, немал законски основ да го испитува обвинителниот предлог бидејќи истиот е стапен во правна сила и е предмет на расправа по чие целосно спроведување судот ќе донесе соодветна одлука.

9. ПОСЕБНИ ПОСТАПКИ

Решение на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1355/17 од 7.9.2017г. ОПАСНОСТ ОД БЕГСТВО КАКО ОСНОВ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ ВО СКРАТЕНА ПОСТАПКА член 470 став 1 точка 1 од ЗКП Потврдено со Решение на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.844/17 од 4.10.2017г.

ƒ Сентенца: Околностите дека обвинетиот е млада личност, нема оформено потесно семејство, невработен, специјален повратник и во друга кривична постапка не ја почитувал мерката на претпазливост – редовно јавување пред суд, очигледно и основано укажуваат на опасноста дека обвинетиот ќе се даде во бегство.

| 63 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Решението на ОКС Скопје, К.бр.1355/17 од 7.9.2017г.: „(...) Судот утврди дека сеуште се присутни причините поради кои била определена мерката притвор против обвинетиот Б.А (...) предвидени во чл.470 ст.1 т.1 од ЗКП и дека во конкретниот случај присуството на обвинетиот не може да биде обезбедено со друга мерка за обезбедување присуство, која по својата природа е поблага од мерката притвор, бидејќи во овој стадиум на постапката не може да ги даде резултатите и очекувањата кои произлегуваат од примената на мерката притвор, како најстрог вид на мерка за обезбедување присуство, дотолку повеќе што видно од евиденцијата за јавувања на обвинетиот пред Основен суд Скопје 1 Скопје , прибавена и содржана во списите на предметот IV КПП бр.514/17 на овој суд, кој предмет е прибавен на увид со сите списи во оваа постапка, очигледно е дека истиот не ја почитувал редовно, особено во последниот период од 31.05.2017 до 11.08.2017 година определената мерка на претпазливост спрема него - редовно јавување пред суд во друга кривична постапка што се води пред истиот суд, поради што следуваше да го уважи предлогот на ОЈО С. и да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетиот, за уште 30 дена.“

ƒ Од Решението на АС Скопје КЖ.бр.844/17 од 4.10.2017г: „ (...) Основниот кривичен суд постапувајќи по предлогот за продолжување на мерката притвор против обвинетиот поднесен во обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство С., согласно чл.471 ст.2 од ЗКП, ги испитал причините за натамошно опстојување на мерката притвор спрема обвинетиот и утврдил дека во конкретниот случај сеуште постојат причините поради кои е определена мерката притвор спрема обвинетиот Б.А од С. предвидени во чл.470 ст.1 од ЗКП, односно дека постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот доколку биде пуштен да се брани од слобода во понатамошниот тек на постапката. Наведеното од причина што видно од образложението на обжаленото решение, првостепениот суд при одлучувањето ги имал предвид околностите дека обвинетиот е млада личност, невработен, нема оформено потесно семејство, истиот е специјален повторник, бидејќи во континуитет се јавува како сторител на истородни кривични дела, а воедно од евиденцијата за јавување на обвинетиот пред Основниот суд Скопје I Скопје прибавена и содржана во списите на предметот на првостепениот суд КПП бр.514/17, кој предмет бил прибавен на увид во оваа постапка, првостепениот суд утврдил дека обвинетиот не ја почитувал редовно определената мерка на претпазливост-редовно јавување пред суд во друга кривична постапка, поради што имајќи ги предвид наведените околности во корелација со кривичното дело кое што му се става на товар на обвинетиот, упатуваат на постоење на реална опасност од бегство на обвинетиот доколку биде пуштен да се брани од слобода и истовремено упатуваат на заклучокот дека во конкретниот случај присуството на обвинетиот не може да биде обезбедено со друга, поблага мерка за обезбедување присуство на обвинетиот за успешно водење на

64 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

постапката. Во конкретниот случај сеуште постои законскиот основ предвиден во чл.470 ст.1 т.1 од ЗКП, согласно кој е определена мерката притвор против обвинетиот, односно постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот, поради што го уважил предлогот на Основното јавно обвинителство С. и ја продолжил мерката притвор против обвинетиот, како во изреката на решението.“

Решение на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.1636/17 од 26.1.2018г. СУДОТ ЌЕ ЈА ОТФРЛИ ПРИВАТНАТА ТУЖБА ДОКОЛКУ НЕ ПОСТОИ ОВЛАСТЕН ТУЖИТЕЛ член 474 став 1 од ЗКП Потврдено со Решение на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.580/18 од 11.7. 2018г.

ƒ Сентенца: Оштетениот не може да го преземе гонењето како овластен тужител ако јавниот обвинител ја отфрлил неговата кривичната пријава за кривично дело кое се гони по службена должност.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје К.бр.1636/17 од 26.1.2018г.: „(...) Приватниот тужител А.Ѓ.од С., до овој суд на ден 06.11.2017 година, поднесе приватна тужба против обвинетото правно лице АД „П.“ С. – С. за кривично дело – Злоупотреба на овластвување во стопанството од чл.287 ст.3 вв со ст.1 и обвинетиот Х.Ј. за кривично дело - Несовесно работење во службата од чл.353 – в ст.3 вв со ст.1 од КЗ. По извршен увид во списите на предметот КО – 3.бр.553/17, судот констатираше дека Јавниот обвинител постапувајќи по кривичната пријава поднесена од А.Ѓ.од С. против правното лице АД „П.“ С. – С. (...) донел Решение КО-3.бр.553/17 од 13.10.2017 година со кое ја отфрлил кривичната пријава (...) бидејќи пријавените дела не се дела за кои се гони по службена должност. Вишото јавно обвинителство постапувајќи по жалбата на приватниот тужител А.Ѓ., донело Решение XI КОЖ./1 бр.548/17 од 27.11.2017 година со кое ја одбило жалбата (...), а Решението КО-3.бр.553/17 од 13.10.2017 година го потврдило. (...) Од содржината на приватната тужба и увид во списите на Предметот КО-3 бр. 553/17 на Основното јавно обвинителство С., јасно произлегува дека станува збор за ист кривично правен настан и за исти кривични дела кои им се ставаат на товар на обвинетите, а за кои веќе е донесена правосилна јавнообвинителска одлука. Имајќи предвид дека кривичните дела - Злоупотреба на овластување во стопанството од чл.287 ст.3 вв со ст.1 од КЗ и Несовесно работење во службата од чл.353 – в ст.3 вв со ст.1 од КЗ, се дела за кои се гони по службена должност, судот донесе одлука како во диспозитивот на решението со оглед да приватниот тужител А.Ѓ. не може да го продолжи гонењето, со оглед да истиот не е овластен тужител.“

| 65 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Решението на АС Скопје, КЖ.бр.580/18 од 11.7. 2018г: „(...) Поради фактот што во Законот за кривична постапка постои јасно разграничување на кривичните дела кои се гонат по службена должност каде овластен тужител е единствено јавниот обвинител и кривични дела кои се гонат по приватна тужба за кои кривичната постапка се поведува и се води единствено по барање на приватниот тужител, и не постои законска можност да доколку јавниот обвинител најде дека нема основа да го преземе гонењето за кривично дело за кое се гони по службена должност, самиот оштетен да го преземе гонењето. Оттука, (...) имајќи го предвид од една страна фактот дека решението на ОЈО за отфрлање на кривичната пријава било потврдено од страна на Вишото јавно обвинителство С., а од друга страна се работи за кривични дела за кои гонењето може да се преземе по службена должност, несомнено произлегува дека во конкретниот случај нема барање од овластен тужител. Ова од причина што во конкретниот случај постапката е започната и процесните дејствија се преземени согласно новиот Закон за кривична постапка, и во таков случај, кога кривичната пријава ќе ја отфрли јавниот обвинител, решението подлежи на проверка во жалбена постапка пред Виштото јавно обвинителство С., односно оштетениот согласно законот нема овластување да го преземе гонењето и да добие својство на супсидијарен тужител, како што постоеше решение во претходниот Закон за кривична постапка. Во таа смисла, правилно постапил првостепениот суд кога ја отфрлил приватната тужба на приватниот тужител А.Ѓ од С., против обвинетото правно лице АД. П.С.-С. за кривично дело Злоупотреба на овластување во стопанството од чл.287 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик и обвинетиот Х. Ј. за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, бидејќи нема барање од овластен тужител, а согласно чл.474 ст.1 в.в. со чл.337 ст.1 т.3 од ЗКП.“

Решение на Основен кривичен суд Скопје, К.бр.3251/15 од 24.12.2015г. ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПРИСУСТВО НА РОЧИШТЕ ЗА ПОМИРУВАЊЕ член 475 став 7 од ЗКП Потврдено со Решение на Апелационен суд Скопје, КЖ.бр.494/16 од 19.4.2016г.

ƒ Сентенца: Судот ќе ја запре кривичната постапка поради откажување на приватниот тужител од тужбата откако на рочиштето за помирување ги повикал приватниот тужител и обвинетиот, па приватниот тужител, уредно известен не се јавил, не го оправдал своето отсуство, ниту побарал одлагање.

ƒ Од Решението на ОКС Скопје К.бр.3251/15 од 24.12.2015г: „(...) Судот (...) закажа рочиште за мирење на кое ги повика обвинетиот и приватниот тужител во смисла на чл.475 од ЗКП, да се јават во судот, заради претходно разјаснување на работите. На закажаниот термин во судот не се

66 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

јави никој, односно не се јави приватниот тужител И.Ј., уредно известен, видно од повратницата во списите на предметот според која истиот поканата за рочиштето за мирење лично ја примил на 01.12.2015 година, а обвинетиот не беше уредно известен. (...) Во конкретниот случај приватниот тужител И.Ј., поканата за да се јави во судот за претходно разјаснување на работите согласно чл.475 ст.1 од ЗКП, ја примил на 01.12.2015 година и не се јави на закажаното рочиште ниту, пак, го оправда своето отсуство, па согласно погоре наведената законска одредба од чл.63 ст.1 од ЗКП, судот ја запре кривичната постапка, бидејќи се смета дека приватниот тужител се откажал од тужбата и донесе одлука како во диспозитивот на решението.“

ƒ Од Решението на АС Скопје КЖ.бр.494/16 од 19.4.2016г.: „(...) Со решение Основниот суд Скопје 1 Скопје ја запрел кривичната постапка К.бр.3251/15 од 24.12.2015 година, поведена по приватната кривична тужба на приватниот тужител И. Ј од С., согласно чл.475 ст.7 од ЗКП, во која е предвидено дека за нејавување на приватниот тужител на поканата од став 1 важи одредбата од чл.63 ст.1 од ЗКП, а согласно оваа одредба е предвидено дека ако приватниот тужител не дојде на главната расправа иако уредно е повикан или покана не можела да му се врачи поради непријвување на судот за промената на адресата на живеалиште, односно престојувалиште ќе се смета дека се откажал од тужбата. Во конкретниот случај, првостепениот суд закажал рочиште за мирење, на кое ги повикал само приватниот тужител и обвинетиот како што е предвидено согласно одредбата од чл.475 ст.1 од ЗКП, според која пред закажувањето на главната расправа за кривични дела од надлежност на судијата поединец за кои се гони по приватна тужба, судијата поединец може да го повика само приватниот тужител и обвинетиот во определен ден да дојдат во судот заради претходно разјаснување на работите, ако смета дека тоа би било целесообразно за побрзо завршување на постапката.“

Пресуда на Основен кривичен суд Скопје, КС-КР.бр.641/17 од 4.9.2018г. ОДЛУКА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ВО ПОСТАПКА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА УСЛОВНА ОСУДА член 542 в.в. со член 7 од ЗКП Потврдено со Пресуда на Апелационен суд Скопје, КСЖ.бр.872/18 од 5.2.2019г. Потврдено со Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Kвп2.бр.47/2019 од 23.4.2020г.

ƒ Сентенца Отповикувањето на условната осуда е законито и нема повреда на начелото ne bis in idem, кога осудениот не ја извршил задолжителната обврска по однос на плаќањето на штетата.

| 67 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ƒ Од Пресудата на ОКС Скопје, КС-КР.бр.641/17 од 4.9.2018г.: „(...) Оштетената В.М (...) на ден 07.06.2017 година, преку полномошник И.П, адвокат од С., доставила предлог за отповикување на условната осуда (...), изречена спрема осудениот П.И (...), бидејќи не ја исполнил обврската утврдена во пресудата на Основниот суд Скопје I – Скопје К.бр.1197/14 од 13.07.2015 година, односно не ја вратил имотната корист прибавена со извршување на кривичното дело (...), поради што предлага изречената условна осуда да се отповика и да се определи утврдената казна затвор да се изврши. (...) Во конкретниот случај, Советот утврди дека сега осудениот П.И не ја вратил целокупната имотна корист прибавена со извршување на кривичното дело, односно штетата не ја надоместил во износ од 5.920.160,00 денари, во доброволно оставениот рок од 6 – шест месеци по правосилноста на пресудата, ниту пак до денот на одржување на јавната седница, што укажува на фактот дека осудениот нема интерес за исполнување на обврската ни во иднина, бидејќи со оглед на висината на штетата согласно правосилната пресуда на овој суд К.бр.1197/14 од 13.07.2015 година јасно може да се утврди дека станува збор за избегнување на обврската и несакање истата да ја исполни. Имено, на јавната седница осудениот даде ветување дека ќе ја намири обврската, но истото не го стори. Осудениот, на јавната седница одржана на 29.05.2018 година побара дополнителен рок за да ја плати штетата, но истиот тоа не го стори и не се јави на следната јавна седница одржана на ден 04.09.2018 година, ниту го извести Советот за причините за негово отсуство, кое нешто јасно укажува на неговата намера да не ја исполни предметната обврска.“

ƒ Од Пресудата на АС Скопје, КСЖ.бр.872/18 од 5.2.2019г.: „(...) првостепениот суд правилно утврдил дека сега осудениот П.И не ја вратил целокупната имотна корист прибавена со извршување на кривичното дело, односно штетата не ја надоместил во износ од 5.920.160,00 денари, во доброволно оставениот рок (...) ниту пак до денот на одржување на јавната седница (...). Овој суд ги ценеше наводите во жалбата, поткрепени со приложениот доказ- уплатница, но ваквата околност не влијае на правилноста и законитоста на обжалената пресуда, со оглед дека (...) обвинетиот во целост не ја исполнил обврската определена со пресудата К.бр.119/14 од 13.07.2015 година.“

ƒ Од Пресудата на ВСРСМ, Kвп2.бр.47/2019 од 23.4.2020г.: „(...) Во конкретниот случај, правилно постапил првостепениот суд кога ги направил потребните извиди и врз основа на тоа извел правилен заклучок дека условната осуда не ги постигнува резултатите кои се очекувале и осудениот не ги извршил задолжителните обврски по однос на плаќањето на штетата на оштетената В.М. од С. Со оглед на наведеното, првостепениот суд правилно постапил кога со пресудата КС-КР.бр.641/17 од 04.09.2018 година ја отповикал условната осуда изречена со пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје К.бр.1197/14 од 13.07.2015 година, правосилна на ден 15.03.2016 година спрема осудениот П.И од С., за кривично дело - „Измама“ од член 247 став 4 во врска

68 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

со став 1 од Кривичниот законик, така што определил утврдената казна затвор во траење од 1-една година да се изврши. (...)овој Суд оценува дека неосновани се наводите во барањето за примена на начелото ne bis in idem од член 7 од Законот за кривичната постапка - Забрана за двојно судење или казнување, од причина што отповикувањето на условната осуда изречена со правосилна пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје К.бр.1197/14 од 13.07.2015 година е законито и предвидливо, а фактите кои биле утврдени во едната постапка се користеле и во другата постапка. Оттука, отповикувањето на условната осуда е не само оправдано и неопходно, туку и пропорционално на легитимната цел, а тоа е реализација на обештетување на оштетената. Во конкретниот случај нема показатели дека осудениот претрпел каква и да било несразмерна штета или неправда и постоела доволно блиска поврзаност помеѓу двете постапки како материјално така и временски. При одлучувањето, Врховниот суд на Република Северна Македонија ја ценеше и судската пракса на Европскиот суд за човекови права (...) во предметот Бјарни Армансон против Ирска (Bjarni Armannsson v. Iceland, no. 72098/14, § § 46 и 48, 16 April 2019) и А и Б против Норвешка [ГСС] (A аnd B v. Norway [GС], nos. 24130/11 and 29758/11, 15 November 2016), согласно кои овој Суд утврди дека отповикувањето на условната осуда било предвидливо за осудениот, кој морал да знае од самиот почеток дека утврдената казна затвор во трање од 1-една година е можно, или дури веројатно да се отповика и изврши. Овие две постапки се меѓусебно поврзани, при што фактите утврдени во првата постапка се земени во предвид при отповикување на условната осуда, така што постои доволно тесна поврзаност помеѓу нив суштински и временски за да се сметаат за дел од севкупниот процес на санкционирање според Кривичниот законик.“

| 69 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

АНЕКС 1

НЕДОСЛЕДНА СУДСКА ПРАКТИКА

ПРАШАЊЕ 1: Дали по завршување на истрагата, по прибавени докази и подигнато обвинение постојат причини за определување/ продолжување на мерката куќен притвор или притвор поради опасност обвинетиот да ја попречува кривичната постапка? Невоедначена е судската практика во однос на прашањето под 1. Имено, со Решение КСП-КОК бр.405/19 од 30.7.2019г., кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при ОКС Скопје, согласно чл.165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, ја продолжил мерката куќен притвор против обвинетиот В.А. Апелациониот суд со Решение КСЖ бр.470/19 од 16.8.2019 г., го преиначил обжаленото решение само во делот кој се однесува на причините за продолжување на мерката куќен притвор и определил дека истата е поради постоење на причините од чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП. Образложил дека во конкретниот случај не постои основот за продолжување на мерката притвор предвиден во чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП бидејќи видно од списите на предметот истражната постапка е завршена, од страна на обвинителството се прибавени материјалните докази во врска со кривично-правниот настан и веќе е подигнат обвинителен акт, поради што смета дека не постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот би ја попречувал понатамошната постапка доколку биде пуштен да се брани од слобода. Во друг предмет, ОКС Скопје со Решение КСП-КОК бр.404/19 од 30.7.2019г. и Апелациониот суд Скопје со Решение КСЖ бр.459/19 од 15.8.2019г. одлучиле на потполно истиот начин. За разлика од погоре цитираните одлуки во два различни предмети, во трет предмет, кривичниот совет на ОКС Скопје со Решение КСП бр.154/2019 од 23.5.2019г., согласно чл.165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП ја продолжил мерката притвор против обвинетиот В.К од С. Апелациониот суд со Решение КСЖ бр.336/19 од 18.6.2019г. ја одбил како неоснована жалбата на обвинетиот В.К од С. и ги оценил како неосновани жалбените наводи со кои се негира постоењето на основот за продолжување на мерката притвор определена во одредбата од чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП дека истрагата е веќе завршена и сите сведоци и вештаци имаат дадено исказ и мислење, а веќе е подигнат обвинителен акт. Образложил дека првостепениот суд ја имал предвид одредбата од чл.165 ст.1 т.2 од ЗКП, каде е наведено дека мерката притвор против лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка може да се определи меѓу другото и ако постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на

70 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, соучесниците и прикривачите, па во таа насока во конкретниот случај врз основа на спроведената истрага и прибавените докази јавниот обвинител подигнал обвинителен акт против обвинетиот, при што судот го имал предвид и моментот односно фазата во која се наоѓа целокупната постапка за овој кривично правен настан. Вербалните докази кои се предложени и изведени како доказ во конкретниот предмет се исказ на оштетениот како сведок и исказ на сведок на околности после кривично правниот настан. Имајќи ја предвид фазата на постапката како и околностите по однос на начинот на сторувањето на кривичното дело, обвинетиот може да влијае врз сведоците кои се блиски на оштетениот, а кои се сведоци на настанот кој му претходел на конкретниот кривично правен настан, правилно оценил првостепениот суд дека во оваа фаза на постапката сеуште постои реална опасност дека обвинетиот доколку биде пуштен да се брани од слобода може да ја попречува постапката со влијание на сведоци и прикривање на докази со оглед дека ќе следи постапка пред судечкиот совет кој ќе одлучува за вината на обвинетиот, па имајќи ја предвид манипулативната способност која ја искористил обвинетиот и кон второосомничениот на кој му кажал што може да каже во полиција, правилно оценил судот дека опстојува опасноста да влијае на сведоците и соучесниците, а се со цел се заштити и да ја избегне кривичната одговорност за сопствените потреби.

ПРАШАЊЕ 2: Дали судот ќе го отфрли обвинителниот предлог/приватна тужба како нејасен поднесок кога не е јасно и прецизно опишано кои противправни дејствија ги презел обвинетиот или ќе закаже рочиште за главна расправа и ќе донесе ослободителна пресуда или ќе донесе осудителна пресуда без или со измени во објективниот идентитет? Невоедначена е судската практика во однос на прашањето под 2. Со решение К.бр.1621/19 од 1.12.2019г. ОКС Скопје ја отфрлил приватната кривична тужба поднесена од приватната тужителка Б.К. од С. против обвинетата С.М од С. за кривично дело Нарушување на неповредливост на домот од чл.145 ст.1 од КЗ. Образложил дека приватната тужителка не постапила во целост по задолжението на судот и дополнителното барање за уредување на приватната тужба и дека од образложението на приватната тужба не може да се утврди точно кои противправни дејствија ги презела обвинетата, а кои и ги става на товар приватната тужителка. АС Скопје со Решение КЖ.бр.26/20 од 29.1.2020г. ја уважил жалбата на приватната тужителка и го укинал Решението на ОКС Скопје К.бр.1621/19 од 1.12.2019г. и предметот го вратил на натамошно постапување пред првостепениот суд. Образложил дека од содржината на приватната тужба произлегува дека во истата се содржани потребните податоци од чл. 471 ст.1 од ЗКП поради што истата не може да се смета за неуреден поднесок во смисла на чл.87 од ЗКП, по кој не може да се постапува. Во

| 71 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

поднесената приватна тужба и поднесоците за уредување на истата доставени по барање на судот во определените рокови, се содржани име и презиме на обвинетата, опис на настанот и кривичното дело кое што и се става на товар на обвинетата, судот пред кој е поднесена приватната тужба и пред кој треба да се држи главната расправа, предлог кои докази треба да се изведат на главната расправа, со наведување на име и презиме и адреса на живеење на сведоците, чие сослушување се предлага, како и предлог обвинетата да се огласи виновна за кривично дело Нарушување на неповредливост на домот од чл.145 ст.1 од КЗ и да се казни за истото согласно законот. Во друг предмет, судот закажал главна расправа иако во описот на противправните дејствија на обвинетиот не биле содржани последиците од дејствието. По заклучување на главната расправа, ОКС Скопје донел пресуда К.бр.188/17 од 25.10.2018г. со која го ослободил обвинетиот од обвинение за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.1 од КЗ бидејќи не се докажало дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува. Покрај другото, образложил дека од лекарското уверение и од медицинската документација на име на приватниот тужител, не се утврдува дека станува збор за телесна повреда од причина што медицинската документација е издадена без при тоа да се утврди видлива повреда на оштетениот поради што не може да стане збор за телесна повреда. АС Скопје донел Решение КЖ.бр.74/19 од 8.2.2019г. со кое ја уважил жалбата на приватниот тужител поднесена преку полномошник и ја укинал пресудата на ОС Скопје 1 Скопје, а предметот го вратил на повторно судење. Покрај другото образложил дека првостепениот суд бил должен по приемот на приватната тужба да го задолжи приватниот тужител преку неговиот полномошник да ја прецизира приватната тужба по однос на описот на телесната повреда со која се задобил приватниот тужител согласно приложената медицинска документација. Навел дека во конкретниот случај во поднесената приватна тужба, во описот на дејствијата не е содржан описот на нанесените повреди односно не е наведено кои и какви повреди му биле нанесени од приватниот тужител од страна на обвинетиот односно во што конкретно се состои нанесената повреда. Дал напатствија, првостепениот суд да има предвид дека описот на дејствијата на извршување треба да содржи опис на телесната повреда во смисла кои и какви повреди му се нанесени на приватниот тужител односно во што се состојат наведените повреди, имајќи ја предвид медицинската документација, лекарското уверение и вештиот наод и мислење, како докази од кои може да се утврди оваа околност, потоа дека е потребно првостепениот суд да ги изведе предложените докази, истите правилно да ги цени и анализира од аспект на постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, па зависно од утврденото со правилна примена на КЗ да се произнесе за постоењето на кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука. Во трет предмет, судот извршил измена на објективниот идентитет на приватната тужба и донел Пресуда К.бр. 590/17 од 28.3.2018г. со која го огласил

72 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

обвинетиот за виновен за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.1 од КЗ и му изрекол алтернативна мерка условна осуда затоа што физички го нападнал оштетениот приватен тужител Х.В. на начин што откако оштетениот претходно бил турнат на земја од страна на братот на обвинетиот, обвинетиот со секира замавнал кон приватниот тужител и со тапиот дел од секирата го удрил два пати во пределот на главата со што му нанел телесна повреда изразена во вид на набиеница на главата и посекотина во пределот на главата. Со Решение КЖ.бр.654/18 од 19.9.2018г. АС Скопје ја уважил жалбата на обвинетиот ја укинал пресудата на ОС Скопје 1 Скопје и предметот го вратил на повторно судење. Образложил дека диспозитивот на обжалената пресуда не е идентичен со диспозитивот на приватната тужба од која произлегува дека додека приватниот тужител со други лица стоел, обвинетиот со секира замавнал и со истата го удрил приватниот тужител во пределот на главата. Обвинетиот при повторен обид да замавне со секирата по приватниот тужител бил спречен од присутните лица. Од ударот тужителот паднал на земјата при што се нашол во полусвесна состојба, а од настанот задобил две рани во пределот на главата кои во критичниот момент обилно крвареле. Навел дека, видно од списите на предметот, од страна на приватниот тужител во текот на целата постапка, па и при давање на завршните зборови воопшто не е извршено прецизирање на изреката на приватната тужба за да судот го измени диспозитивот како во обжалената пресуда, со кое нешто судот сторил суштествена повреда од чл.415 ст.1 т.9 од ЗКП со оглед да извршил промена на објективниот идентитет на поднесената приватна тужба со кое го пречекорил обвинението во смисла на горенаведената законска одредба. Во четврт случај, дејствието на извршување од обвинетиот било наведено како законски поим без да е конкретизирано, а ОКС Скопје донел Пресуда К.бр.2169/16 од 26.2.2019г. со која го огласил обвинетиот виновен за кривично дело Тешки дела против здравјето на луѓето од чл.217 ст.3 в.в. чл.207 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ и му изрекол алтернативна мерка условна осуда. Образложил дека обвинетиот како лекар, при укажување лекарска помош на оштетената Л.П.С несовесно постапил со што предизвикал влошување на здравствената состојба на оштетената иако бил свесен дека поради тоа може да настапи штетна последица, но лекомислено сметал дека таа нема да настапи на начин што кога оштетената отишла на акупунктурен третман кај обвинетиот извршил терапија со внесување на игли во разни акупунктурни точки и тоа во пределот на лицето, вратот, градниот кош, грбот, покрај рбетниот столб и крстот, стомакот и нозете и по завршување на терапијата на градниот кош кај оштетената се јавила силна болка и со несовесно постапување предизвикал тешка телесна повреда со конкретна опасност по животот изразена во вид на трауматски хемопневмоторакс. АС Скопје донел Решение Кж.бр.500/19 од 19.11.2019г. со кое ја уважил жалбата на обвинетиот, ја укинал пресудата на ОС Скопје 1 Скопје и предметот го вратил на повторно судење пред првостепениот суд. Образложил дека е нејасно во што се состои несовесното постапување на обвинетиот бидејќи во изреката на обжалената пресуда е содржано дејствието

| 73 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

на извршување – несовесно постапување, но само како законски поим без наведување на други факти кои би го конкретизирале начинот на преземање на овој алтернативно даден облик на дејствието на извршување. Констатирал дека ваквиот недостаток несомнено можел да биде отстранет доколку јавниот обвинител извршел прецизирање на описот на кривично правниот настан согласно резултатите од спроведената доказна постапка, овозможувајќи му на судот потоа во изреката на пресудата да ги наведе фактите по однос на тоа во што се состои несовесното постапување на обвинетиот.

ПРАШАЊЕ 3: Дали вештиот наод и мислење изготвен по барање на одбраната или на оштетениот е незаконито прибавен доказ бидејќи недостасува наредба за вештачење од јавен обвинител или суд? Невоедначена е судската практика во однос на прашањето под 2. Со пресуда К.бр.1039/16 од 9.11.2018г. ОКС Скопје го огласил виновен обвинетиот Т.П. за кривично дело Измама при добивање кредит или друга погодност од чл.249 ст.1 од КЗ и му изрекол парична казна. Го задолжил да плати судски паушал и трошоци на кривичната постапка. Со истата пресуда го ослободил од обвинение обвинетиот Т.П. согласно чл.403 ст. 1 т.1 од ЗКП за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 в.в. ст.22 од КЗ. Во текот на доказната постапка, по предлог на ЈО, извел повеќе вербални и материјални докази вклучувајќи и наод и мислење СВ III 494/14 од декември 2014 година. Во анализата на докази образложил дека од наодот и мислењето се утврдува дека правното лице ЕС ДОО С. побарало од Националната групација за судски вештачења ДОО Скопје да биде извршено графолошко вештачење на потписи и тоа дали спорните потписи напишани во рубриката ,,ОСНОВАЧИ,, односно ,,И.Л,, на доставената Одлука за заложување бр.(...) односно Одлука за склучување анекс 1 на Договорот за соинвеститорство со својство на извршна исправа од септември 2011 заверен во правното лице ЕС ДОО С. во четири оригинални примероци, се идентични или не со доставените неспорни потписи од лицето И.Л. Судот го анализирал и прифатил наодот и мислењето. На околности утврдени во Наодот и мислењето СВ III 494/14 од декември 2014 година го испитал и вештото лице А.Ф кој го изготвил таквиот наод и мислење. АС Скопје со Решение КЖ.бр.152/19 од 26.3.2019г. ги уважил жалбите на ОЈО Скопје и на обвинетиот Т.П. од С. и ја укинал пресудата на ОС Скопје 1 Скопје К.бр.1039/16 од 9.11.2018г. и предметот го вратил на повторно судење пред првостепениот суд. Покрај другото, образложил дека, судот лажноста на спорната Одлука приложена кон документацијата за добивање на кредит ја заснива на изготвеното графолошко вештачење по барање на правното лице ЕС ДОО С. Навел, дека изготвувањето на графолошко вештачење по барање на правното лице и неговото ценење како релевантен доказ во постапката е спротивно со чл.236 ст.2 и ст.3 од ЗКП, бидејќи не е определено со писмена наредба во текот на претходната постапка од страна на јавниот обвинител ниту од страна на судот во текот на главната расправа во

74 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

рамките на разјаснување на одредени спорни факти. Вештачењето на спорниот потпис од Одлуката е вршено врз основа на фотокопија, а судот во списите од предметот го има оригиналниот документ што му налага обврска дури и при состојба кога изготвувањето на вештачењето е во законска форма и овој факт не се спори, да даде наредба за вршење ново графолошко вештачење, како своето тврдење би го засновал на релевантен доказ, без можност за сомневање на било која страна во постапката. За разлика од оваа одлука, во друг предмет, ОС Скопје 1 Скопје со пресуда К.бр.1494/15 од 2.2.2018 г. го огласил виновен обвинетиот С.К. за кривично дело Полов напад на малолетник кој не наполнил 14 години од чл.188 ст.1 в.в. чл.45 од КЗ и го осудил на казна затвор во траење од 4 – четири години. Го задолжил да плати судски паушал и трошоци на кривичната постапката. Оштетеното дете М.П. преку законскиот застапник В.П, го упатил на граѓански спор за предјавеното имотноправно барање. Во текот на доказната постапка , по предлог на одбраната извел доказ – невропсихијатриски и психолошки наод и мислење за обвинетиот С.К. изготвен од невропсихијатар од С. Истиот го анализирал и го прифатил во делот дека обвинетиот може да управува со својата волја и свесност во расудувањето, донесувањето на одлуките и постапките при однесувањето. АС Скопје со пресуда Кж.бр.415/18 од 2.7.2018г. ја одбил како неоснована жалбата на обвинетиот С.К од С., и ја потврдил пресудата на ОС Скопје 1 Скопје. Покрај другото образложил дека судот го ценел и делумно го прифатил наодот и мислењето на невропсихијатарот, дека обвинетиот може да управува со својата волја и свесност во расудувањето, донесувањето на одлуките и постапките при однесувањето. Навел дека останатиот дел од вештиот наод и мислење не доведува до поинаква фактичка состојба од утврдената бидејќи истите се однесуваат на актуелниот психички статус на обвинетиот, поради што не ги прифатил истакнатите жалбени наводи дадени во таа насока. Слично како во претходниот случај, во ОС Скопје 1 Скопје бил оформен предметот К.бр.249/18, по обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор на ОЈО Скопје КО 1 бр.413/16 од 17.8.2016г., против обвинетиот Ш.И од С. за кривично дело – Убиство по чл.123 ст.1 в.в со чл.19 од КЗ, изменет на 9.11.2016г., за едно кривично дело – Убиство по чл.123 став 1 вв со чл.19 од КЗ и едно кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.6 од КЗ. ОС Скопје 1 Скопје донел пресуда на 10.12.2018г. со која обвинетиот И.Ш го огласил виновен за кривично дело Убиство на миг по чл.125 в.в. со чл.19 од КЗ и го осудил на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци. Го задолжил да плати судски паушал и трошоци на кривичната постапката. Согласно чл.113 ст.1 од ЗКП, оштетениот М.М по однос на имотно – правно побарување на име материјална штета за лекување и нематеријалната штета, го упатил на спор. Со истата пресуда, судот согласно чл.403 ст.1 т.3 од ЗКП го ослободил од обвинение обвинетиот Ш.И за Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.6 од КЗ, бидејќи тужителот не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил делото за кое се обвинува. Во доказна постапка, судот извел повеќе докази вклучувајќи и вешт наод и

| 75 ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

мислење по предлог на одбраната, изготвен од д-р Д.Б, невропсихијатар и д-р А.Н., специјалист по медицинска психологија бр.04/04/17 од 5.4.2017г., во својство на технички советници, а биле испитани и вештите лица-технички советници кои го изготвиле наодот и мислењето. По наредба на судот било изготвено и супервештачење кое судот го ценел и прифатил во целост бидејќи било јасно и детално аргументирано, дадено врз основа на најдоброто стручно знаење и мислење на тимот од вешти лица. Судот прифатил и го земал за утврден фактот дека обвинетиот делото го сторил во силна афективна раздразеност, на која состојба всушност и претходеле повеќе предизвикани ситуации на афект и како резултат на тоа настанала кумулација на афектот. Судот образложил дека помеѓу супервештачењето изготвено преку Бирото за судски вештачења и вештиот наод и мислење на техничките советници д-р Д.Б и д-р А.Н не постои разлика во наодот за пресметливоста на обвинетиот и дека без своја вина бил доведен во состојба на силна раздразнетост со ненадејното појавување на оштетениот и со започнување расправија и физичка пресметка, поради што судот го прифатил и вештиот наод и мислење изработени од техничките советници на одбраната кој е потврден со супервештачењето. Поради наведеното судот направил измени како во диспозитивот под став I од пресудата, ценејќи дека останува запазен објективниот идентитет на обвинението иако застапникот на обвинението не дал критички осврт и анализа на изготвеното супервештачење. АС Скопје со пресуда Кж.бр.181/19 од 15.4.2019г. делумно ја уважил жалбата на ОЈО Скопје и ја преиначил одлуката во делот на кривичната санкција, а ја одбил како неоснована жалбата на обвинетиот Ш.И. и пресудата ја потврдил во останатиот дел. Во образложението го оценил како неоснован жалбениот навод на ОЈО Скопје за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од чл.415 ст.1 т.9 од ЗКП во кој се наведува дека обвинението е пречекорено, а судот интервенирал во веќе поднесеното обвинение и со тоа го изменил диспозитивот на обвинението. Ова од причина што правилно првостепениот суд постапувајќи по напатствијата на АС Скопје дадени во решението Кж.бр.988/17 од 29.1.2018г. издал наредба за супервештачење од кое произлегува дека обвинетиот делото го сторил во силна афективна раздразнетост на која состојба и претходеле повеќе предизвикани ситуации на афект и како резултат на тоа настанала кумулација на афект. Судот ја имал предвид и генезата на односите и конфликтот помеѓу обвинетиот и оштетениот во критичниот настан, па токму од тие причини судот направил измени во диспозитивот ценејќи дека останува запазен објективниот идентитет на обвинението. Во четврти случај, ОС Скопје 1 Скопје со пресуда К.бр.1127/14 од 3.5.2019г. ги огласил виновни обвинетите Ј.Н и С.Н за кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 в.в со чл.22 од КЗ. Ги задолжил обвинетите Ј.Н и С.Н на оштетениот Б.К солидарно да му ги надоместат трошоците на кривичната постапка (вклучувајќи и трошоци за вешт наод и мислење) во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата. Барањето на оштетениот Б.К за надомест на трошоци на кривичната постапка за разликата од досудениот износ до вкупно предјавениот износ го одбил како неосновано. Со истата пресуда судот, согласно чл.403 ст.1 т.3 од ЗКП

76 | ИЗБРАНИ СЕНТЕНЦИ ОД ПРАКТИКАТА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ 2013 - 2019

ги ослободил од обвинение обвинетите А.С и Ј.Г за кривично дело Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 в.в со чл.22 од КЗ, бидејќи тужителот не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат. Согласно чл.114 ст.1 од ЗКП, оштетениот Б.К за предјавеното имотноправно побарување го упатил на спор – парница. Во доказната постапка изведени се повеќе докази вклучувајќи и вешт наод и мислење од јули 2014 година изготвен по барање на оштетениот и платен од истиот, потоа дополнителен наод од јануари 2015 година и дополнителен наод и мислење од февруари 2015 година, како и вешт наод и мислење 0804-ВИ /2015 од 8.4.2015г. на вешто лице - технички советник И.В, изготвен по предлог на одбраната. Судот по службена должност, согласно чл.394 ст.2 од ЗКП определил супервештачење кое било доверено и изработено од Бирото за судски вештачења под I Св бр.151/18 од 14.11.2018г. и кое било изведено како доказ. Судот образложил дека при утврдување на поединечната вредност на деловите кои се предмет на обвинителниот предлог ги прифати вредностите понудени од застапникот на обвинението кој во овој дел ги прифати вредностите утврдени со супервештачењето без ДДВ. При тоа судот се раководел од фактот дека супервештачењето е јасно, без противречности и нејаснотии, поткрепено е со материјални докази, користени се истите понуди за вредноста на вратените делови кои се користени и од вештото лице анагжирано од оштетениот и од техникиот советник ангажиран од одбраната и изготвено е од тим од три вешти лица – сите дипломирани машински инжинери согласно правилата на струката. АС Скопје со пресуда Кж.бр.857/19 од 12.2.2020г. ја одбил како неоснована жалбата на обвинетите Ј.Н и С.Н и ја потврдил пресудата на ОС Скопје 1 Скопје К.бр.1127/14 од 3.5.2019г. во обжалениот дел. Покрај другото, образложил дека решителните факти по однос на поединечната и вкупната вредност на деловите предмет на обвинението, првостепениот суд правилно ги утврдил од изготвеното супервештачење Св.бр.151/18 од 14.11.2018г. на Бирото за судски вештачења Скопје имајќи предвид дека е изготвено од тим од три вешти лица – дипломирани машински инжинери, согласно правилата на струката и како такво е јасно, без противречности, поткрепено со материјални докази, а при тоа користени се понудите за вредности на вратени предмети кои се користени и од вештото лице на оштетениот како и од техничкиот советник на одбраната.

| 77

Informations clés
Type de document book
Date d'adoption
Source OSCE