Organization for Security and Co-operation in Europe (OSCE) · guide-manual-handbook

Практикум за законско собирање на докази - Анализа на случаи

OSCE
View original document

The full text is hosted by the publishing organisation. lawenc.com indexes the metadata and links to the official source.

Full text

1 ПРАКТИКУМ АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ ЗА ЗАКОНСКО СОБИРАЊЕ НА ДОКАЗИ

Издавач: Мисија на ОБСЕ во Скопје Консултанти: Трајче Пеливанов, јавен обвинител, Вишо јавно обвинителство - Скопје д-р Кире Бабаноски, доцент, Факултет за безбедност – Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола Лектура: Еуролингва Графички дизајн: Агенција Рејтинг Материјалите во оваа публикација се наменети исклучиво за информативни цели. Иако ОБСЕ вложи значителни напори во нејзината изработка, не презема одговорност за точноста и целосноста на содржините, упатствата и препораките, ниту за евентуални печатни грешки. Ставовите, мислењата, наодите, толкувањата и заклучоците изнесени во публикацијата не ја претставуваат нужно официјалната политика или позицијата на ОБСЕ. Со оглед на тоа, ОБСЕ не може да биде предмет на никакви барања или побарувања во врска со можните последици произлезени од употребата на информациите или заклучоците содржани во оваа публикација. Каталогизација во публикација ISBN 978-92-9271-552-6 Практикум за законско собирање на докази - Анализа на случаи

ПРЕДГОВОР 7 ВОВЕД И МЕТОДОЛОГИЈА 8 1. УБИСТВО 11 1.1. Опис на настанот 11 1.2. Кривично-правна квалификација 11 1.3. Дознавање за настанот 14 1.4. Првични полициски мерки и дејствија 15 1.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 16 1.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 23 1.7. Заклучни согледувања од случајот 24 2. ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА 25 2.1. Опис на настанот 25 2.2. Кривично-правна квалификација 25 2.3. Дознавање за настанот 29 2.4. Првични полициски мерки и дејствија 30 2.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 32 2.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 38 2.7. Заклучни согледувања од случајот 38 3. ДЕМНЕЊЕ 40 3.1. Опис на настанот 40 СОДРЖИНА

3.2. Кривично-правна квалификација 41 3.3. Дознавање за настанот 44 3.4. Првични полициски мерки и дејствија 45 3.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 45 3.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 47 3.7. Заклучни согледувања од случајот 47 4. СИЛУВАЊЕ НА ДЕТЕ КОЕ НЕ НАПОЛНИЛО 15 ГОДИНИ 49 4.1. Опис на настанот 49 4.2. Кривично-правна квалификација 50 4.3. Дознавање на настанот 51 4.4. Првични мерки и дејствија 52 4.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 55 4.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 58 4.7. Заклучни согледувања од случајот 61 5. НЕОВЛАСТЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА НАРКОТИЧНИ ДРОГИ, ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИИ И ПРЕКУРСОРИ 62 5.1. Опис на настанот 62 5.2. Кривично-правна квалификација 63 5.3. Дознавање за настанот 66 5.4. Првични полициски мерки и дејствија 66 5.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 68 5.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 70 5.7. Заклучни согледувања од случајот 72 6. ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА СО ОТПАД 74

6.1. Опис на настанот 74 6.2. Кривично-правна квалификација 75 6.3. Дознавање за настанот 78 6.4. Првични полициски мерки и дејствија 78 6.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 80 6.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 81 6.7. Заклучни согледувања од случајот 82 7. ТЕШКА КРАЖБА 83 7.1. Опис на настанот 83 7.2. Кривично-правна квалификација 83 7.3. Дознавање за настанот 86 7.4. Првични полициски мерки и дејствија 86 7.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 88 7.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 93 7.7. Заклучни согледувања од случајот 94 8. ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ 95 8.1. Опис на настанот 95 8.2. Кривично-правна квалификација 96 8.4. Првични полициски мерки и дејствија 99 8.5. Обезбедување и собирање доказен материјал за откривање, разјаснување и докажување 100 8.6. Улога на институциите и меѓусебна координација 102 8.7. Заклучни согледувања од случајот 102 ЗАКЛУЧОК 104 БИБЛИОГРАФИЈА 106

6Практикум за законско собирање на докази Табела бр. 1. Преглед на формите на убиство според Кривичниот законик 13 Табела бр. 2. Преглед на кривични дела поврзани со семејно и родово-базирано насилство 28 Табела бр. 3. Преглед на кривични дела поврзани со кривичното дело „Демнење“ 44 Табела бр. 4. Преглед на формите на силување на дете кое не наполнило 15 години 51 Табела бр. 5. Улога и меѓусебна координација на институциите во случај на силување на дете кое не наполнило 15 години 60 Табела бр. 6. Преглед на кривични дела поврзани со кривичното дело од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик 65 Табела бр. 7. Преглед на кривични дела поврзани со кривичното дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ 77 Табела бр. 8. Преглед на формите на тешка кражба 84 Табела бр. 9. Преглед на кривични дела поврзани со кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ 98 ЛИСТА НА ТАБЕЛИ

7 Ефикасното откривање, разјаснување и докажување на кривичните дела претставува клучна компонента на функционален систем на кривична правда и предуслов за ефикасна институционална и судска постапка, како и за зајакнување на владеењето на правото. Навременото и законито собирање на докази, спроведено во согласност со утврдените процесни стандарди, е од суштинско значење за обезбедување одговорност, спречување на неказнивост и гарантирање на правично судење. Квалитетот на истражната постапка, јасно дефинираните институционални улоги и одговорности, како и ефективната меѓуинституционална координација, директно влијаат врз ефикасноста на кривичната постапка и довербата на јавноста во институциите. Во тој контекст, овој прирачник е подготвен со цел да придонесе кон унапредување на практичните знаења и вештини на професионалците вклучени во кривично-правниот систем, преку систематска и практично ориентирана анализа на истражните постапки кај различни типови кривични дела. Публикацијата има за цел да послужи како алатка за учење, рефлексија и практична примена, особено во делот на правилното планирање и спроведување на истражните дејствија, обезбедувањето и вреднувањето на доказите, како и јакнењето на институционалната соработка. Прирачникот обработува осум хипотетички, но реалистично конципирани случаи кои опфаќаат широк спектар на криминалитет, од тешки насилни и сексуални кривични дела, преку дела поврзани со семејно и родово-базирано насилство, до имотен, еколошки и коруптивен криминал. Изборот на опфатените кривични дела е направен намерно и врз основа на јасно утврдени критериуми, вклучувајќи ја нивната застапеност во практиката и потребата од примена на различни истражни мерки, техники и институционални механизми. Со тоа, прирачникот обезбедува балансиран и практично ориентиран преглед на истражната постапка кај различни форми на криминал, почнувајќи од имотен, преку насилен и сексуален, до еколошки и посложени облици на организиран и економски криминал. Посебна вредност на публикацијата е унифицираниот пристап во обработката на секој поединечен случај, кој овозможува јасна структура, логичен тек и практична споредливост. Преку детално прикажување на фазите од дознавање за настанот, преку првичните полициски мерки, до обезбедувањето и анализата на доказниот материјал и меѓуинституционалната координација, прирачникот нуди практичен водич за професионално и законито постапување. Оваа публикација е подготвена во рамките на континуираните напори на ОБСЕ Мисијата во Скопје за јакнење на капацитетите на институциите во областа на кривичната правда, унапредување на истражната практика и зајакнување на меѓу институционалната соработка. Прирачникот е наменет пред сѐ за полициски службеници, јавни обвинители, истражители и судии, но и за сите други професионалци и обучувачи кои работат во областа на кривичното право и криминалистиката. Скопје, јануари 2026 Мисија на ОБСЕ во Скопје ПРЕДГОВОР

8Практикум за законско собирање на докази Овој прирачник опфаќа анализа на осум хипотетички случаи кои се однесуваат на следните кривични дела: убиство, тешка телесна повреда, демнење, силување на дете кое не наполнило 15 години, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, загрозување на животната средина и природата со отпад, тешка кражба и злоупотреба на службената положба и овластување. Изборот на овие кривични дела не е случаен, туку е направен врз основа на повеќе критериуми, меѓу кои: разновидноста на инкриминираните однесувања, нивната застапеност во практиката, сложеноста на истражните постапки, како и потребата од примена на различни мерки, дејствија, техники и институционални механизми. На тој начин, прирачникот овозможува сеопфатен преглед на истражната практика кај различни типови криминал - од класичен имотен криминал, преку насилен и сексуален криминал, еколошки, до сложени форми на организиран и економски криминал. Методолошки, секој случај е обработен според унифицирана и јасно структурирана рамка, со цел да се овозможи систематско следење на текот на постапувањето и лесна споредливост меѓу различните кривични дела. Анализата започнува со опис на настанот, при што се дава краток и јасен приказ на фактичката состојба: што се случило, во кој временски период, на кое место и под кои околности. Посебно внимание се посветува на клучните дејствија на сторителот, неговото однесување и настанатите последици, како и на идентификацијата и улогата на релевантните субјекти ̶ жртвите, осомничените и сведоците. Во продолжение следи кривично-правната квалификација , со наведување на применливите одредби од Кривичниот законик, анализирање на основните и квалификаторните елементи на делото, како и укажување на евентуална сличност и разграничување од други кривични дела. Понатаму, се укажува начинот на дознавање за настанот, без разлика дали станува збор за пријава од граѓанин или оштетен, оперативни сознанија, пријава од друга институција и сл. Посебен сегмент е посветен на првичните полициски мерки и дејствија , кои се преземаат непосредно по дознавањето за настанот, вклучително и обезбедувањето на лицето и местото на настан, примената на полициски овластувања и прибирањето првични известувања. Централно место во методологијата зазема обезбедувањето и собирањето доказен материјал, преку спроведување на увид на место на настан, претреси, привремено ВОВЕД И МЕТОДОЛОГИЈА

9 одземање предмети, сослушувања, реконструкции и вештачења, со цел откривање, разјаснување и докажување на кривичното дело. Во случаите каде што е оправдано, се анализира и примената на посебни истражни мерки, нивниот правен основ, траење и пропорционалност. Посебно внимание притоа е посветено на разјаснувањето на настанот и откривањето на сторителот, при што се прикажува како, врз основа на целокупниот собран доказен материјал, преземените оперативно-тактички мерки и истражни дејствија, како и нивната меѓусебна поврзаност, се реконструира текот на настанот и се утврдува идентитетот на сторителот. Понатаму, се разработува улогата на институциите и нивната меѓусебна координација, со акцент на соработката меѓу криминалистичката полиција, јавното обвинителство, одделот за форензички испитувања, како и други релевантни институции и субјекти. Секој случај завршува со резиме за практична примена, во кое се издвојуваат клучните докази, се укажува на најчестите ризици и можни пропусти во истражната постапка, и се даваат препораки за унапредување на истражната практика, обуките, процедурите и техничката опременост. Во рамките на овој прирачник, осумте студии на случај се развиени преку заеднички и координиран експертски пристап. Случаите кои се однесуваат на демнење, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, загрозување на животната средина и природата со отпад и злоупотреба на службена положба и овластување , се авторски разработени од јавниот обвинител Трајче Пеливанов, а додека, пак, останатите четири случаи кои се однесуваат на убиство, тешка телесна повреда, силување на дете кое не наполнило 15 години и тешка кражба се подготвени од д-р Кире Бабаноски. Иако постои јасна поделба на авторството, процесот на развивање на случаите се одвиваше во тесна меѓусебна соработка и континуирана размена на стручни мислења помеѓу двајцата консултанти. Дополнително, во сите фази од подготовката на случаите беше обезбедена активна координација и поддршка од проектниот тим на ОБСЕ, со цел да се обезбеди методолошка усогласеност, практична применливост и квалитет на содржината. Редоследот на случаите обработени во овој прирачник е усогласен со редоследот на кривичните дела утврден во Кривичниот законик, со цел да се обезбеди систематичност, правна логика и полесна ориентација на читателот при користењето на прирачникот. На крај, важно е да се нагласи дека сите случаи прикажани во овој практикум се измислени и креирани исклучиво за едукативни и практични цели. Иако се фиктивни, нивната концепција и сценарија се инспирирани од практичното професионално искуство, аналитичката работа и релевантните истражувања на авторите. Тие служат за илустрација на мерките и дејствијата што се преземаат во процесот на обезбедување и собирање доказен материјал. Сите имиња на личности, градови, улици и други идентификациски податоци се фиктивни, не се поврзани со реални настани или лица, и секоја сличност со стварноста е целосно случајна. Во текстот на прирачникот, со црвена боја се потенцираат клучните и релевантни законски одредби, со цел полесно, побрзо и поефикасно нивно препознавање и практична примена во секојдневното постапување, додека со сина боја се означени службените акти, записници, службени белешки и друга формална документација што се составува и користи во текот на истражувањето и постапувањето по конкретните настани, како практичен водич за правилно и законско документирање на преземените мерки и дејствија.

106Е6Ф6Х6Ж6

Key facts
Document type guide-manual-handbook
Adoption date
Source OSCE